Општи дискусии за игри

Абе не е во тоа работата, ама првата беше багована в крај. Не вреди да се спушта, играта е за нигде.
Ја поиграв сега едно саат време, не приметив багови...? Копија на Ејс Комбат - истото управување, нишанење, отклучување авиони и оружја со секоја наредна мисија....мисиите ми се каде-каде поинтересни/подобро направени у Ејс Комбат, овде на пр. првите 2 мисии браниш некој објект/возило, ќе испотепаш и тенкови авиони и пак ќе ти дојдат до објектот ќе го уништат, џабе што ти помага уште еден авион...а и ги нема оние брканици од Ејс Комбат со авионите, овде, многу лесно ги таманиш само си стојат така...и тоа... саат време и ја анинсталирав
 
Јас одамна ја спуштив, не памтам точно што, ама знам дека многу багови приметив. И играта беше многу лош порт од конзоли. Од графика до глупото маневрирање, се беше некако како мрзливо напраено.
 
(y)

Тешко да стани официјално игра на годината, ама за мене веќе е. Исто така една од најдобрите игри што ги имам играно.
Никаде не постои официјална игра на годината. Тоа се посебни награди од списанија, од сајтови, организации и сл.
Има неколку порелевантни организации, ама ништо не е конечно, дефинитивно и официјално.
 
Никаде не постои официјална игра на годината. Тоа се посебни награди од списанија, од сајтови, организации и сл.
Има неколку порелевантни организации, ама ништо не е конечно, дефинитивно и официјално.
Мислев на Spike наградите.

Сите списанија и сајтови можат да организираат гласање и да прогласат игра на годината, но Ѕрike наградите се најпочитувани и имаат најголем размер во споредба со сите други вакви церемонии.
 
Многу ми пречи кога за пиратерија ги обвинуваат директно ПЦ корисниците а на торенти гледам Far Cry 3 за PS3 и XBOX360 а играта суште не е ни излезена (најавена е за 4 Декември) и не е само овој случај.
И знам дека статистички итн. на ПЦ пиратеријата била најзастапена и слично ама пак.
Само сакав да си ја олеснам душава.
 
Каде каде полесно се "пиратира" со игрите за PC...
 
Мислев на Spike наградите.

Сите списанија и сајтови можат да организираат гласање и да прогласат игра на годината, но Ѕрike наградите се најпочитувани и имаат најголем размер во споредба со сите други вакви церемонии.
Наградите на Спајк се од понерелевантните. Ама добра работа е што одат на телевизија, па ете даваат публицитет на медиумот.
 
Ај сеа бибил кажи ни кои се најрелевантните.
 
Ај сеа бибил кажи ни кои се најрелевантните.
Jaс мислам дека наградите на Spike се најпочитувани и еве, најрелевантни да речам. Како што реков, тие секогаш одат на ТВ и како резултат, добиваат повече публицитет.

Исто така, според мене, тие се всушност...Гејминг Оскари. Имаат големи, формални церемонии на кои се присутни фаци од Холивуд и секоја година настапуваат познати музичари, како што ќе настапуваат Linkin Park годинава.
 
^
ГДЦА, Бафта.
GDCA? Really?

Колку што е важна самата GD Конференција, толку се важни и наградите што ги доделуваат.

BAFTA, да. Една од поважните церемонии, ама сепак не можи да ги достигни наградите на Spike.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom