Опасности од пирсингот

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
ај бе престанете.. карајте се по пп..
не за друго че ве бриша :)
 
Boogie напиша:
Ти маѓионичар да не имаш пилешки гради па мислиш дека ке одлеташ секогаш има два краја подобар или полош па пробај и ке видиме кој ке е твојот или ти позади мониторот не се секираш многу околу тоа
Се додека ти е дуќанчето у мое маало, не се секирам ич! А и на друго место да ти е, нема гајле, Скопје не е New York, па да е нешто многу големо:)
 
Нема врска јас се извињавам ако имам некоја грешка само мое мислење е дека нема некој кај нас што е по внимателен и по чист во оваа работа па сепак јас ова го работам долги години и проблем до сега не сум имал нели е тоа некој показател.
 
Буги, договорено за 6 месеци реклама. Не те сфатив претходно.

Кога да поминеме?
 
Boogie напиша:
Нема врска јас се извињавам ако имам некоја грешка само мое мислење е дека нема некој кај нас што е по внимателен и по чист во оваа работа па сепак јас ова го работам долги години и проблем до сега не сум имал нели е тоа некој показател.
Како можеш да помислиш дека немаш грешка? Си извел интервенција на тело на малолетник без да консултираш негов родител. Туку ај да не се повторувам, ке прочепкам во сферата на законите и ќе најдам како и зошто тоа не смееш да го правиш над малолетници без согласност од страна на родител. Си имал само огромна среќа што до сега ниеден родител не те подбрал. И не ми пуштај приватни пораки, нема да комуницирам по темава со тебе на тој начин, што имам да ти кажам јавно ќе ти кажам овде. Ако имаш прашања овде постави ги што не значи дека и овде ке добиеш одговор, може да се случи да ти одговорам и in real.
А за компликациите кои немора да се јават како последица на самиот пирсинг акт, туку подоцна, читајте овде
 
Кој кажа дека сум го правел тоа,јас за секој пирс барам дозвола од родител а тоа го имам и евидентирано во мојата лична евиденција,не за друго да не се појави некој магионичар со чудни мисли,иначе ти пуштив порака за да се видиме и направиме убав муабет :) но ти како сакаш.Но да се вратам на темата ЕВЕ ОВДЕ ке ги најдете одговорите за мојата работа околу пирсањето иначе член сум на асоцијацијата од нејзиното постоење а како еден од најстарите членови сум и во одборот на асоцијацијата.Нивните регулации се и мои а тука нема забушување :) :) :) :) :)
 
Boogie, Tha_Bich самата кажа дека имала проблеми дома 4 пати со пирсингот кога мајка и го видела! Што се праиш мутав кога е очигледно? Зарем мајка и би се бунела ако предходно се согласила ќерка и да носи пирсинг?
 
Вака...
Буги бара само лична карта од родители и твоја здравствена книшка, а не родител лично да отиде и да каже дека детето може да е испирсано.
Тоа можеби е грешка, но на нас малолетниците ни одговара пошо не е тешко да зеам копија од лична карта на моите и да ја однесам. На крај креава ќе речам дека ми треба да се зачленам во двдтека или во библиотека и ќе ми ја даат без проблем.
После тоа...
Буги океј за рекламата нека те снимаат, али претходно ти ќе газиш на тој под со кондури, па после ќе лижеш може?
Исто како што беше и со мене...
газевме таму, падна иглата на земја, ти ја крена и ми ја збрца во јазик.
Епа те молам прво они нека изгазат таму, па ти излижи.
Фала.
 
ThA-BiTcH напиша:
Вака...
Буги бара само лична карта од родители и твоја здравствена книшка, а не родител лично да отиде и да каже дека детето може да е испирсано.
Тоа можеби е грешка, но на нас малолетниците ни одговара пошо не е тешко да зеам копија од лична карта на моите и да ја однесам. На крај креава ќе речам дека ми треба да се зачленам во двдтека или во библиотека и ќе ми ја даат без проблем.
После тоа...
Буги океј за рекламата нека те снимаат, али претходно ти ќе газиш на тој под со кондури, па после ќе лижеш може?
Исто како што беше и со мене...
газевме таму, падна иглата на земја, ти ја крена и ми ја збрца во јазик.
Епа те молам прво они нека изгазат таму, па ти излижи.
Фала.
-Предходно, пред да гази па да лиже, да отиде во WC-то да моча, па да ја изгази ординацијата убаво па да излиже!:je:
Инаку, јасно е дека личен документ од родител секој може да донесе, но кога е малолетник во прашање за такви интервенции потребно е да се појави родителот и да биде запознаен со тоа што ќе биде сторено со неговото дете. Тоа е исто како да треба над детето да се изврши било каква здравствена (недај боже хируршка) интервенција а родителот да не е запознаен со тоа или да не се согласи. Што би било ако и лекарите на пример, дури и за една инекција која е банален начин на лекување не би му кажале на родителот? Ова за кое зборуваме овде воопшто не е така безопасно зашто не дај боже некоја комликација да се јави со лоши последици, се знае кој ќе го папа. А поарно да го папа сега, додека не дошло до таква последица одколку кога ќе дојде зашто после не вреди. Барем ќе се научи да почитува не само технички и хигиенски норми туку и маорални и законски.
 
Mandrak напиша:
-Предходно, пред да гази па да лиже, да отиде во WC-то да моча, па да ја изгази ординацијата убаво па да излиже!:je:

Абе остај...
Прво не бев љута али коа ми текна што се можело да ми се деси ми се крена притисокот!
Па јазик е тоа бе Буги!
Знаеш што се можеше да ми се деси?:icon_roll
 
Јасно. И еве овде уште нешто кое го најдов на сајтот на Boogie:


"Кога веќе сте се одлучиле за дизајн како и за цената или ќе започнете веднаш со тетовирањето или пак ќе се договорите за закажаниот термин кога ќе треба повторно да дојдете.При закажувањето од вас ќе се бара да носите лична карта или пасош,а ако се работи за малолетник здравствена книшка од малолетникот и лична карта од родител при што е потребно родителот да дојде во придружба..."

Ова не е моја измислица, значи Boogie знае каква е законската процедура НО НЕ ЈА ПОЧИТУВА, барем во случајот со Tha-BiCh(а за оние за кои не знаеме, којзнае уште колку ги има) - А за не почитување се одговара. Ако бевме држава каде законите функционираат, некој сега дебело ќе одговараше за нивно непочитување.
 
Буги ти може си ја сакаш работата и уживаш во тоа што работиш али до законот треба да си се држиш со малолетни лица пошто секоја твоја оттстапка од тоа ти е потенцијална казна и затварање на бизнисот.
Бидејќи пирсингот јас го гледам како нешто што стои меѓу медицински естетски зафат и козметика. јас сепак мислам дека си направил грешка кога си продолжил да ја пирсаш дабиче со игла која веќе паднала на под. Јас мислам дека кога еден стоматолог е приврзан кога ќе му падне некој инструмент на под одма да го стави кај другите за стерилизација, така и ти си обврзан веќе паднат инструмент (во овој случај игла) да ја ставиш во прљави инструменти за стреилизација. Подот да ти биде јасно никогаш нема да биде стерилен ов за стерилноста ти го кажувам како човек кој студира биологија и разбирам што е стерилност а што не. А инаку татко ми е стоматолог колку за инф. за да не се бунш
 
Хахаха
ми текна мајка ми коа ме фати за пирсот на јазик рече:
КОЈ Е ТОЈ БУДАЛА ШТО ТИ ГО ДУПНАЛ ЈАЗИКОТ ДА МУ КАЖАМ НА ТАТКО ТИ ДА ОДИ ДА МУ ГО СМЕНИ ЛИЧНИОТ ОПИС ПА ДА НЕ МУ ТЕКНЕ УШТЕ ЕДНАШ ДА ИСПИРСА ДЕТЕ БЕЗ ДОЗВОЛА!!!!


АААА МАЈКА МИ МАДА ФАКА :pishtoldz :icon_lol::icon_lol::icon_lol::icon_lol::icon_lol::icon_lol:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom