Изгледа не ги следиш аферите со Телекомот, убави податоци беа изнесени како со профит од 50%, дивиденди и слично, уште тогаш имало простор за намалување на цените.Операториве да не се хуманитарни организации?
Трошоците се тие, а со постот само потврдуваш дека во Македонија услугата чини дупло поевтино. Тоа што кај нас е понизок стандардот и горе-долу цела нација е утепана со плати е друга приказна. Или според твојава логика, Audi, BMW и Mercedes треба да се 10 пати поевтини во Македонија отколку во Германија само затоа што нашите плати биле 10 пати помали? Те молам, размислувај малку поопширно![]()
Истата слика е и сега, уште има простор за намалување на цените. И тоа се постигнува со поголема конкуренција.
https://youtu.be/jukohKP8qkY?t=23m20s
И не споредувај цени на производ кој унифицирано се произведува по тие цени, со цени на услуги каде огромно влијание имаат локалните услови и стандард. Вработените во нашите оператори земаат македонски плати, фирмите плаќаат македонски цени за трети услуги итн.
Важно услови и простор за намалување на цените за мобилните услуги постои и тие нема да се намалуваат токму заради нарушување на конкуренцијата. Тоа лесно ќе се избегнеше ако не им се дозволеше да се спојат, и Австриски Телеком ќе го продадеше Оне на некоја трета фирма.
Бевме сведоци на исти вакви криминални одлуки како што сега се откриваат во Телекомот и граѓаните губат од тоа.