ОНЕ и ВИП се споија

  • Креатор на темата Креатор на темата DadoTom
  • Време на започнување Време на започнување
најинтересно ми е што се уште други услови нудат а и други телефони... како да се конкуренција....
Да бе само кога ќе видиш претплатите понуди се тоа.... Страшно

Wtf? Заедно стануваме Вип? Овие швркнале очигледно, неможат да одлучат како ќе се викаат
 
Ај сите инсајдери што се на форумов, нека ми помогнат за момент :D
Имено, дали сега ќе може (од 11ти) со бројче од One (условно кажано), да се додаде на VIP Combo пакетите или сепак пак ќе треба да се префрла бројчето од One во Vip тарифните модели? :)
 
Па најверојатно ќе може да се додаде бројчето на Вип Комбо пакет.

А што, да не ти испотребаа Оне на тебе ?

И онака повеќе не постојат, не постојат уште од кога се споија со Вип.
 
Јас прашав дали треба портирање на бројот од оне на вип со 236ден да се плати за да земам договор од вип тарифа, ми рекоја дека нема потреба само платена последна сметка. И во салонот во вип ми ги најдоа мојте податоци за договорот во оне. Така да логично е да можи :)
 
Па најверојатно ќе може да се додаде бројчето на Вип Комбо пакет.

А што, да не ти испотребаа Оне на тебе ?

И онака повеќе не постојат, не постојат уште од кога се споија со Вип.
А бе не ми требаат, моите имаат броеви од One уште кога беа Cosmofon, односно не сакаат да ги менуваат броевите, а сакавме да одиме на поголем пакет во Vip Combo. А дека не постојат, односно на апарати за дишење се, тоа ми е целосно јасно. Порано на мојот при-пејд број, си користев месечен нет: 2Gb=149 денари. Со пролетно освежување, го нема тоа, туку 1Gb=199 денари. Баш се прашувам зашто?:rolleyes: (сарказам е, не мора да се објаснувам)

Јас прашав дали треба портирање на бројот од оне на вип со 236ден да се плати за да земам договор од вип тарифа, ми рекоја дека нема потреба само платена последна сметка. И во салонот во вип ми ги најдоа мојте податоци за договорот во оне. Така да логично е да можи :)
Фала на информацијата. :)
 
Дали ова значи дека пакетите како Вип Комбо и Вип Конект ќе бидат достапни низ цела Македонија или ќе мора да се чека крајот или почетокот на наредната година да ги понудат овие или некои други пакети(интернет ТВ,мобилна телефонија)?
 
Wtf? Заедно стануваме Вип? Овие швркнале очигледно, неможат да одлучат како ќе се викаат

па вип ќе биде се бе брат, не знам што не ти е јасно од линкот и видеото..

http://onevip.mk/mk/od-11-maj-site-brendovi-stanuvaat-vip/[DOUBLEPOST=1462384675][/DOUBLEPOST]
Wtf? Заедно стануваме Вип? Овие швркнале очигледно, неможат да одлучат како ќе се викаат

па вип ќе биде се бе брат, не знам што не ти е јасно од линкот и видеото..

http://onevip.mk/mk/od-11-maj-site-brendovi-stanuvaat-vip/
 
ШОК И НЕВЕРУВАЊЕ ОД МОЈА СТРАНА!!!1:eek::place:
Салонот од blizoo што беше во Чаир кај мене, е затворен, стои ливче да се обратам во салонот на VIP на Бит-пазар :eek::place: И сега што правиме, а таман се спријателив со типките што беа таму :D:pos:

Изгледа салонот на One што беше до овој салон, ќе остане и ќе го ребрендираат, бидејќи тешко да останат без салон во овој регион.
 
Добро бе што згрешивме ние што сме на Оне .. да ти ебам безвезното спојување .. откако се споија нетот е никаков а последниве неколку дена уште побавен . Сега гледам спомнал некој член погоре на припејд имав 2гб месечно за 150 денари сега 200 денари за 1гб па дали се нормални бе овие ...
Инаку за телефониве на претплата да не правам муабет .. вчера ми вика еден другар колку ќе треба да доплатам во вип за Самсунг галакси А5 има претплата од таа што е специал ... и јас му викам па околу 8000 најверојатно дека го видов телефончево го продаваа во Ледиком 240 евра , денес гледам овие во вип го продаваат 23000 само телефон , а на неговата претплата бараат уште 16000 доплата .. па не се нормални човече .
Ако не вратат некој пакет за интернет како што ги имаше на Оне ќе ги сменам после 9 години за т-мобајл .
 
Тешко враќање како што беше претходно, барем не додека не влезе нов оператор на пазарот. И да, не зборам за виртуелен мобилен (Лајка мобил или како и да се викаше), бидејќи тие не менуваат многу на пазарот, колку и да се моќни во светски рамки. Додека не се внесе мрежен оператор, ќе бидеме утепани и ќе се вратиме во периодот пред да влезе Vip. И да, влез на нов мрежен оператор, АЕК тешко дека ќе одобри, има извештај, не сум сигурен каде точно го објавив, каде што викаат дека не се исплатело. Но ајде да споредиме (бидејќи тоа често сите сакаат да го прават) со Словенија на пример, има 4 мрежни и 5 ако не се лажам виртуелни оператори, но знам дека и таму има(ше) некои турбуленции, но како и да е, без разлика дали се работи за мрежен или виртуелен оператор, има повеќе од 2 односно 3 како кај нас.
 
Samo sega Telekom ke ima realna konkurencija no za zal realna konkurencija za Telekom ke znaci i Duopol za Korisnicite.
 
оне.Вип ги известува своите корисници дека со почетокот на месец мај продолжуваат активностите за изградба на нова мрежа во регионот Повардарие, што ги опфаќа реоните на Гевгелија, Богданци, Дојран, а на крајот на месецот, мрежата ќе се гради во Неготино, Кавадрци и останатиот дел од регионот до Велес.

Во текот на изградбата на нова мрежа на дадените локации во даденото време, можно е корисниците да почувствуваат извесни прекини во мобилната комуникација, а тоа во блиска иднина значи подобар квалитет и подобро корисничко искуство за сите корисници.

Изградбата на нова мобилна мрежа на „оне.Вип“започна кон крајот на минатата година со цел да обезбеди за сите корисници на оне.Вип значително поголем капацитет за користење на 3G технологијата, покриеност на целата територија на земјата и достапност на 4G LTE низ цела Македонија и сето тоа за да обезбеди најдобро корисничко искуство со најновите светски технолошки достигнувања во мобилниот сегмент.

По Куманово, Крива Паланка, Кратово, Скопје ,Охрид, Струга и Дебарца. оне.Вип продолжува со активностите за изградба на новата мобилна мрежа и во другите делови на земјата. Според планираните активности, новата мобилна мрежа на оне.Вип до крајот на годината треба да биде завршена во сите урбани области во Македонија.

http://onevip.mk/mk/onevip-prodolzuva-so-izgradba-na-nova-mreza-povardarie/
 
ШОК И НЕВЕРУВАЊЕ ОД МОЈА СТРАНА!!!1:eek::place:
Салонот од blizoo што беше во Чаир кај мене, е затворен, стои ливче да се обратам во салонот на VIP на Бит-пазар :eek::place: И сега што правиме, а таман се спријателив со типките што беа таму :D:pos:

Изгледа салонот на One што беше до овој салон, ќе остане и ќе го ребрендираат, бидејќи тешко да останат без салон во овој регион.
Ај да си се цитирам себеси :D
Најново инфо, до салонот на Телеком, се работи на отворање на нов VIP салон. Пак ќе ми бидат во комшии :)
 
Lycamobile има објавено огласи за вработување на оперативен менаџер и специјалист за човечки ресурси, така што може да се очекува и тие да профункционираат. Немам некои големи очекувања, но секако сум заинтересиран за тоа што имаат да понудат. Ова #Заедно е подобро, не ми звучи добро.
 
Ova spojuvajnevo na Vip i One veke po nervi mi odi, a toa sto Lycamobile keja koristi taa mreza od one.vip uste povejke me nervira.....no toa e- nikoj negi prasuva korisnicite za mislejne , predlozi , idei .....taka da ke si trpime. kako vikaat ..zaeedno e podobro- ne mi mirisa na arno rabotava
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom