One ги „трола“ Vip со новата реклама?

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.433
Поени од реакции
6.081
Некој спомна порано на форумов, али и јас ќе кажам дека форумов пати од некој синдром .А се отвори тема вон чда , одма сите на сеир, ставате меме/иња , и се уклучвите на трол-мод . И обратното , ако пак се отворит тема во чда , одма сите сте ми некако сериозни , браните некои свои ставови со десетици,стотици аргументи ... аман веќе ,како демек некој ќе отворит во чда да видит вас на кој оператор ви било поефтино или каде сте поминале подобро на одмор и мрежата каква ви била таму (рибарската).
 
X

xtazy

Гостин
ма нека сецка колку сака... за 300 денари се кршам од зборење.. дур бев на т-лопов сметка идеше и преку 1500 денари со кратки разговори

vip.png
 
Член од
20 јануари 2009
Мислења
653
Поени од реакции
533
Јас сум на ВИП година и пол, и во глобала сум задоволен, освен некни и уште неколку пати сум имал проблем со мрежата, ама сепак сум задоволен. имам 1000 мин кон вип и 130 мин кон другите мрежи, плус многу добро ми се најде вип комуникаторот кога не бев во македонија. исто така имам и оне припејд. е сега сакам само да се сменам, припејд на вип, постпејд на оне,зошто понудава со ТОТАЛ пакетитет со трипати поќе време за разговор е поќе од одлична! се, се, само Т-Мобајл НЕ! јас не сфаќам како има толку многу корисници таму....
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.006
One денес се појави со нова реклама. Многумина коментираат како тајмингот на рекламата е вистинско „чудо“ :D и го оценија како исмејување на мрежата на Vip. Што велите вие?

Исти dick се.Во мобимак имам 15 години број,ни на почетокот кога имаше само 1000 претплатници во цела Македонија сум ги немал тие проблеми
 
V

Vollstandig

Гостин
Дефинитивно повеќе неисплатливо е да си на претплата на било која мрежа. За т-мобиле не ни сакам да зборувам,али вип и оне. И од двата оператори имам земано телефони на претплата, и најтрагично е шо мораат да лажат. Кога го склучував договорот во вип, прашав, дали се со вклучен ддв разговорите, и дали ако зборувам 500 , на сметка има 500, ќе ми стигне да платам 500?
-ДА.

И после првиот месец зборувам 500 денари сметка и ми иди + 90 денари ддв.

И од оне, истата случка. Земав блекбери пакет со 2 гига интернет, и 400 минути кон оне. После другите промоции што излегоа за мене не важат,воопшто.
И да се плукнам во блекбери. Ако некој планира да зема, нека очекува да се пресели низ америка, или нека купи солиден телефон што одговара за македонско подрачје.
 
Член од
3 октомври 2011
Мислења
167
Поени од реакции
78
А и уште нешто... Порано кога бев на претплата на т-мобиле, ова некаде пред 5-6 години, опасно ме крадеа. Значи ја проверив сметката околу 800 денари ми беше, со нормално ѕвонење како што сега ѕвонам од Оне, и за инает откако ја проверив тогаш веќе не ѕвонев никаде. Ми стигна плус на сметката некаде околу 50-100 денари. Значи ми додавале и ме краделе.
A ДДВ рачунаше? Околу 100 ден. им е ДДВто.

А рекламата на Уан, далеку им е подобра од претходните, ама сепак малце ми е ступидна. Главно не сакам реклами со исмевање на конкуренцијата, а овде веднаш го забележав тоа.
Се надевам во иднина ќе произлезе добра реклама и од нив. :LOL:
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
A ДДВ рачунаше? Околу 100 ден. им е ДДВто.

А рекламата на Уан, далеку им е подобра од претходните, ама сепак малце ми е ступидна. Главно не сакам реклами со исмевање на конкуренцијата, а овде веднаш го забележав тоа.
Се надевам во иднина ќе произлезе добра реклама и од нив. :LOL:
Точно дека е далеку подобра од претходните (Лајк, лајк :sick:), ама не мислам дека е исмевање, туку баш им е на место рекламата - малку агресивно :) Еве и јас сум претплатник на Вип па викам дека добра е, просечен му-бет в- по-лед-о врем- на ВИП е ис-о -ако -о рек-ам-та.
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
И јас ги мразам Vip. Посебно тие Vip коа ќе резервираат сепаре у дискотека а ти мораш да стоиш со пиво у рака. Срамота.
 
Член од
3 октомври 2011
Мислења
167
Поени од реакции
78
^^ Епа да, во најслабата точка ја погодиле конкуренцијата, ама сепак јас сум за нешто пооригинално, без индиректни пораки упатени кон конкуренцијата.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom