Once a cheater, always a cheater

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Прво, прошчаајте за англискиот наслов на темава ама во моментов не ми теквит на поасална македонска транскрипција на муабетот, па нека е вака. Ако некој имат соодветна фраза, нек ја приложит, ќе го менам насловот.

Ајде сега да се посветиме на муабетот. Самиот наслов кажвит на шо се мислит, па ме интересират шо форумскава, богата со искуства од сите возрасти заедница мислит по темава. Дали некој шо еднаш мамел, секогаш ќе мамит?

За м'шките мојт да е прашање на лична борба ко демек, дали мојт некогаш да засакаме некоја толку шо навиките да играме на гостински терен ќе ги заборајме? (употребиф плурал за поблиску да ви дојт темава, не дек сакам јас мамење)

За женските, дали ак знајте дек е јебо симпатијата ви или дечко ви, ќе ви менит нешто во смисол на восприемање на истиот кон себеси на повисоко ниво?

Имат ногу муабет шо би ви пишал, ама нејќам да ја ебам темава од старт, па ајде, простор да имат за муабет, мисљам дек е доволно.

Бујрумте :smir:
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Не мора да значи. Има луѓе еднаш ќе изневерат и потоа никад нема да им се повтори тоа, дали од грижа на совест или свои принципи, не е битно, а има и луѓе кои едноставно не се живи ако не изневерат во врска, што повеќе личи на недозреаност. Индивидуални се тие работи... има една реченица, ако некој те изневери еднаш, не мора да значи дека ќе те изневери втор пат, но ако те изневери и втор пат сигурно дека ќе има и трет пат. Поентата ми е дека колку луѓе на планетава, толку многу ставови има за неверството... Јас мислам дека не мора да значи, има некои кои во тинејџерските години правеле глупости и изневерувале на големо, а потоа некако се смируваат и се тргаат од тој „начин на живот„.

За женските, дали ак знајте дек е јебо симпатијата ви или дечко ви, ќе ви менит нешто во смисол на восприемање на истиот кон себеси на повисоко ниво?
Зависи, мада во ситуацијава иде некако - Ризик јак, мила душа и да погинеш колку можеш ќе се спасиш... Врска некако со личност која знам дека го смувал цел град... па ризично е богами. Мада, ако е јебо и да напраи нешто секако дека никад нема да дознаам.
 
L

Liberation

Гостин
јас ќе си ги кажам моите ставови. ахааа...

кога мами машкото, тоа го прави заради недостиг на сексуална возбуда со партнерката. женцко кога мами :) тоа го прави затоа што не чувствува доволно сигурност и емоционална поткрепа од “машкото“.

за да не мамат машките, женцките требит да знаат како сексуално да го (простете ми на изразов), “рокнат“ машкото, а машките да научат да ја сослушаат женцката си и да и пружат емоционална сигурност и поткрепа.

инаку, воопшто не значи дека ако еднаш некој/а е прељубник дека така ќе праит цело време. ама јас си имам прицинцип: јасно кажувам дека поарно е типот да ме остаит и потоа да си брка други, отколку да мисли дека нема да дознавам. пошто, дознавам! а како што тој не можел да си го контролира малиот, така јас знам дека нема да можам да си го контролирам десното песниче. јбг... нагони...

лудо вљубенана :) убо кажа: ако еднаш напрај прељуба, втор пат можи нема. ама ако напрај и втор пат... е тогаш крајот не му се гледа. ама, за секој случај, не простувам ни еднаш.

инаку, една позната француска (глупача) т.н. психолог, беше кажала дека мажот кој не си ја изневерува жената со други моми, не бил маж, чунки изневерувајнето ти било доказ и потврда на машкоста... ама не замерувам на такви, оти цели 80% од жените психолози запишале психологија за да си ги решат сопствените проблеми. ваа се гледа дека не успеала во намерата.
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.785
Поени од реакции
4.028
Да.
Сметам дека ако си склон кон тоа да вараш, нема да запреш на првиот пат.
Ако не си, ондак нема никогаш да извараш.
Не верувам ни дека длабоката љубов може да го реши оној кој вара, зашто по некое време, ако резултира врската во брак, работите ќе се сменат и ќе се сведат на навика така што потребата за промена ќе остане.
Инаку, мажите и жените различно го доживуваат неверството од партнерот.
Женските простуваат физички неверства. Ама ако е со неа, а мисли на друга-никад нема да му прости.
Што се однесува до машките, обратно е.
Нека мисли на кој сака се дур јас сум со (во) неа. Ама штом некое друго машко стави рака на тоа шо е негово-никад нема да прости.
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Што се однесува до машките, обратно е.
Нека мисли на кој сака се дур јас сум со (во) неа. Ама штом некое друго машко стави рака на тоа шо е негово-никад нема да прости.
Да да така е! :devil3:

Баш другарите ми викаат "Абе она нека мисли на кој сака, битно јас ја ебам". :drk:
Чеј да ми текне на кој филм беше ова. :)
 
Истражување од страна на еволуционите психолози. (кои меѓудругото истражуваат однесување на животните и го споредуваат со нашето)
Не седнав ја да измислувам топла вода:)
Ова се причини што машко/женско би го простил/а неверството.
Не мора да значи дека секогаш е вака, не мора да значи дека секој простува неверство секако, ама истражувањата така покажуваат дека ова се „изговорите„ за кои не би простиле.
 
LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
Не е така, еднаш мамев една личност што ја сакам потоа не ми текна а камо ли да се осмелам на тој чин.

А она... тоа е друга сторија...
 
Член од
14 јуни 2009
Мислења
147
Поени од реакции
21
немора да значи, за мене си кажувам...
инаку да...жениве потсвесно сакаат да си јебо, да ти се пуштаат други женски и од време на време да сумља дека ја вараш ама да не е сто посто сигурна...тоа е факат
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
немора да значи, за мене си кажувам...
инаку да...жениве потсвесно сакаат да си јебо, да ти се пуштаат други женски и од време на време да сумља дека ја вараш ама да не е сто посто сигурна...тоа е факат
А бе мижи асан да ти баам... Значи од каде изникнаа толку психолози, гатачи, предвидувачи... што имаат жените во потсвест си знаат само они и тоа зависи од една до друга жена. Каде бе со тие ваши статистики, да сите сме мазохисти сакаме да веруваме дека мажите не вараат.

Па скраја да е да одам со некој кој има репутација на женкар, т.е скраја да е да се заљубам па после да си ја трескам главата од ѕид зашо сум била глупава. НЕ се сите жени исти, колку и да сакате да го мислите тоа.
 
Крусер

Тотем Пума
Член од
4 јули 2008
Мислења
3.556
Поени од реакции
1.613
Прво, што е „неверство“?

По сите дефиниции до сега, тоа е имање на сексуална врска со личност која „формално“ не се води како договорен партнер на даден човек.

Неколку работи веднаш паѓаат во очи. Прво, се работи за договор: ако двајцата партнери се *договориле* на овој или на оној начин дека ќе имаат секс само еден со друг, тогаш имањето на секс со некој трет значи кршење на договорот. И во тој случај се работи чисто за рушење на довербата.

Скоро 100% до вакви случаи доаѓа поради недостаток на комуникација. Доколку партнерите седнат и подискутираат за своите проблеми, скоро секогаш се наоѓа решение и партнериоте продолжуваат заедно. Ако на некој партнер му е страв, срам, или што да е, тоа може да биде погубно за врската. Според мене, секој кој извршил неверство/прељуба/изневерување тоа го сторил поради некоја друга причина, а не зашто престанал да го сака својот партнер. И скоро секогаш се работи за некоја работа за која двајцата партнери „не можеле“ да дискутираат поради што да е.

Според ова, ако некој некогаш изневерил, тоа значи дека не бил доволно искрен, доволно храбар или доволно паметен да се соочи со вистинските проблеми кои го навеле да изврши неверство. И таков ќе си остане дури не почне своите проблеми да ги решава. Ако и понатаму изневерува, само кажува дека ништо не научил и дека мора да поминува низ тоа повторно, дури не научи.
 
the Consigliere

не читам дугачки постови
Член од
17 јуни 2007
Мислења
5.595
Поени од реакции
263
Прво, прошчаајте за англискиот наслов на темава ама во моментов не ми теквит на поасална македонска транскрипција на муабетот, па нека е вака. Ако некој имат соодветна фраза, нек ја приложит, ќе го менам насловот.

:
Лисицата крзното не го менува? Или волкот беше? Мечката? :)

кога мами машкото, тоа го прави заради недостиг на сексуална возбуда со партнерката.
...кур-кејф,престиж,фама,муабети,трте-мрте ...

Истражување од страна на еволуционите психолози. (кои меѓудругото истражуваат однесување на животните и го споредуваат со нашето)
Не седнав ја да измислувам топла вода:)
Ова се причини што машко/женско би го простил/а неверството.
Не мора да значи дека секогаш е вака, не мора да значи дека секој простува неверство секако, ама истражувањата така покажуваат дека ова се „изговорите„ за кои не би простиле.
Ах еволуционите психолози ... ти беше од тие?
Јебеш теории и муабети, на пракса психолозите увек закажуваат:wink:

А бе мижи асан да ти баам... Значи од каде изникнаа толку психолози, гатачи, предвидувачи...
уф, ова реторичко ќе да беше ... нико не зна!
Па скраја да е да одам со некој кој има репутација на женкар, т.е скраја да е да се заљубам па после да си ја трескам главата од ѕид зашо сум била глупава. НЕ се сите жени исти, колку и да сакате да го мислите тоа.
А не мислиш дека можда ти тоа машко би можела да го скротиш? Да ја заебе репутацијата, да се заљуби у тебе и да си имате нормална врска као и сите други. Или можеби не се сметаш доволно добра за да го изведеш тоа? : ) ...

Како што вика другарот Дел Тротер ... who dares - wins ...

НЕ се сите жени исти, колку и да сакате да го мислите тоа.
А ни сите машки богами ... долго време работам да ја разбијам ``теоријава`` али нажалост безуспешно ... Изгледа грешни луѓе сум покушавал да убедам:toe:
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
А не мислиш дека можда ти тоа машко би можела да го скротиш? Да ја заебе репутацијата, да се заљуби у тебе и да си имате нормална врска као и сите други. Или можеби не се сметаш доволно добра за да го изведеш тоа? : ) ...
Да не се повторувам и објаснувам многу, го погоди болдираното. :)
А ни сите машки богами ... долго време работам да ја разбијам ``теоријава`` али нажалост безуспешно ... Изгледа грешни луѓе сум покушавал да убедам:toe:
Апсолутно си во право. Ниту сите машки се исти, ниту сите женси. Индивидуални се карактеристиките, не може да се генерализираат по пол.
 
Член од
24 јуни 2008
Мислења
1.705
Поени од реакции
75
Јас би кажал :
- More or less , -yes!
Поточно би било - Twice a cheater , allways a cheater.
Тоа зарада како што напишала погоре Crazy in love дека некои ќе згрешат еднаш и никогаш повеќе, ама доколку ја направиш истата грешка втор пат, тоа значи ти се допаѓа да грешиш :wink:
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.785
Поени од реакции
4.028
А бе мижи асан да ти баам... Значи од каде изникнаа толку психолози, гатачи, предвидувачи... што имаат жените во потсвест си знаат само они и тоа зависи од една до друга жена. Каде бе со тие ваши статистики, да сите сме мазохисти сакаме да веруваме дека мажите не вараат.

Па скраја да е да одам со некој кој има репутација на женкар, т.е скраја да е да се заљубам па после да си ја трескам главата од ѕид зашо сум била глупава. НЕ се сите жени исти, колку и да сакате да го мислите тоа.
Ај шо не се согласувам со болдот-не се согласувам, ама не е тоа темава.
Многу јасно Мацо дека не се сите исти, го пишав тоа во постот ако ме прочита убаво, ама тоа покажуваат истражувањата и не сум ви јас крива.
Не сте чоек нешто да ви каже, ко божем сум пишала дека вие сте такви.
Башка, ни ја ни ти не знаеме дали може да се согласиме со тоа зашто не сме биле во долга врска која резултирала со брак, не?

Ах еволуционите психолози ... ти беше од тие?
Јебеш теории и муабети, на пракса психолозите увек закажуваат:wink:
Да.

И не знам шо закажуваат психолозите, а ако мислиш на терапија и ако ти требна, океј, можда, не знам.
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Да.
Сметам дека ако си склон кон тоа да вараш, нема да запреш на првиот пат.
Ако не си, ондак нема никогаш да извараш.
Не верувам ни дека длабоката љубов може да го реши оној кој вара, зашто по некое време, ако резултира врската во брак, работите ќе се сменат и ќе се сведат на навика така што потребата за промена ќе остане.
Инаку, мажите и жените различно го доживуваат неверството од партнерот.
Женските простуваат физички неверства. Ама ако е со неа, а мисли на друга-никад нема да му прости.
Што се однесува до машките, обратно е.
Нека мисли на кој сака се дур јас сум со (во) неа. Ама штом некое друго машко стави рака на тоа шо е негово-никад нема да прости.
Како прво, не пиша дека не се сите исти.
Второ, не пиша дека ова го кажале психолози, туку го тврдеше.
Ете, читај си болд.

Дај податоци за тоа убер-ѕверско истражување како е спроведено и врз кој примерок?
Оделе од маж до маж и викале - "Абе, ако спиеш со жена ти, а она мисли на друг, те боли цеф?"
"Мааа ме боли цеф братчееееее, нека си фантазира, жени, пффф. Али ако некој ја пипне, му отиде суратот. Јебига, примитивци сме ние мажите браааат."
 
Kajgana Shop

На врв Bottom