Декстер, седи мирен... има и полошо
Од четврток-петок минатата недела се случува нешто чудно на базната во нерези. Од тројца приклучени на базната на нерези, едниот нема никакви проблеми (освен спора брзина, тој дефект никако да го решат), јас од 13 до 19 часот секој ден немам интернет, а третиот воопшто нема интернет од тој ден. И најсмешното е, опремата на базната ќе ја сменат за 2 недели. Е сега, прашањето е што да правиш 2 недели, дали да плаќаш и нивна фактура и интернет кафе, ама одговор не мора... го знаеме.
Инаку, договорот дозволува да го раскинеш без пенали ако не си имал квалитетен интернет 98% од времето, кое секој месец се остварува. 2% се 18 саати (според мои пресметки) а 18 саати во еден месец или ти бил спор интернетот (секој ден по 8 саати го добиваш тоа во гужвите од 8 до 4) или ич си немал.
Него Јане, и ти си на нерези.... како е кај тебе? Брзина, стабилност....? Бидејќи 3 од 6те онаква (предаватели?) откажувале да работат одреден период па да не си ти среќник и на некој од тие што немаат проблеми да не си паднал.
Edit: Ајмо интернет за само 1286 денари
Download :: 152 Kbps or 0.15 Mbps (19 kB/s)
Upload :: 87 Kbps or 0.1 Mbps (11 kB/s)
... и после вајрлес кантри ово-оно... море...