Ако има нешто што повеќе обожавам од водење љубов ,тоа е водење љубов додека врне . Капките дожд на огромните прозори ,ми даваат чувство на посебност, а особено ако е есен , имам чувство како да удира скинат ѓердан бисери и ми ги заслепува сетилата. Го сакам дождот најмногу и секогаш посебно се чувствувам на врнежливи денови , некако има магија во тоа повторливо разбивање на намерната тишина , на стресувањето на грмотевиците , на навидум спојувањето на небото и земјата.Да можам ќе се преселам во Лондон или Калцруе , ќе си пијам чајче на некое убаво местенце со дрвца и ќе уживам во долгите прошетки без чадор.