Омилен жанр на книга

  • Креатор на темата Креатор на темата nicole_l
  • Време на започнување Време на започнување

Кој е вашиот омилен жанр?

  • Вкупно гласачи
    38
Психолошки на прво место, а веднаш зад нив историски, биографски и автобиографски. :)
 
Си ги читам тука старите мислења и се газам од смеење.

Нели? Ама и двајцата ја имаме Кристи битно. Деца. :D

Конечно ми текна и анкета да ставам, па гласајте. :)
 
Нели? Ама и двајцата ја имаме Кристи битно. Деца. :D

Конечно ми текна и анкета да ставам, па гласајте. :)

Абе за срам. Јас мислев вие многу истенчен вкус имате, стриктно Достоевки и Толстој. Што е ова. Дај немој вака Кристи ви се допаѓала, мислам hello.
 
Абе за срам. Јас мислев вие многу истенчен вкус имате, стриктно Достоевки и Толстој. Што е ова. Дај немој вака Кристи ви се допаѓала, мислам hello.

Ме утепа сеа. (y)
 
Омилен жанр ми се трилерите, многу сакам книги чиј крај не можам да го предвидам, книги со голема тензија и психолошка содржина. Ми се допаѓаат и авантуристичките, но некако на срце ми лежат и крими-романите. Хм, да не ги заборавам автобиографските дела, нив посебно ги почитувам :)
 
Предложи нешто де.
 
Филозофија.

Критичари на моралот по конкретно, Фридрих Ниче и Јохан Каспар Шмит попознат како Макс Штирнер.

Сметаат дека вредностите се искривени, и не тераат се одново да превреднуваме.
 
Највеќе влагам во авантуристичките, со сегмент на фантазија. Патешествија, авантури, убиства е тоа што ме исполнува. Одамна немам прочитано добра авантуристичка книга, па ајде предложете по ПП :)
 
Дефинитивно трилери. За да не се повторуваат мислењата само ќе кажам дека во целост се пронаоѓам во мислењето на milalove.

Кога сме веќе кај трилерите последна книга која ја прочитав и која топло ви ја препорачувам е Никаде без ќерка ми - Бети Махмуди со Вилијам Хофер.
 
Во последно време ќеф ми прават таканаречените книги со „дистописка“ содржина. Нешто како приказна која оди од една општествена крајност кон друга. Орвел го сметам за првенец во овој жанр.
 
Во последно време ќеф ми прават таканаречените книги со „дистописка“ содржина. Нешто како приказна која оди од една општествена крајност кон друга. Орвел го сметам за првенец во овој жанр.

Првенец во однос на квалитет или првенец во однос на настанување на таа форма за изразување?
 
Првенец во однос на квалитет или првенец во однос на настанување на таа форма за изразување?
Сега за сега како формулирање на неговите книги. Но сеуште сум на почеток, истражувам.
 
Пасија ми се историските романи, односно откако завршив средно љубовта кон историјата ја негувам преку романите. Едни од поомилените ми се "Невеста во борџии", "Раѓањето на Венера", "Ајнштајновата девојка", "Папата Јована", "Пророштвото на Романови" која ја читам моментално и слични од тој калибар.
Ги обожавам и филозфските романи од типот на "Светот на Софија" на Јустејн Гордер, "Така зборуваше Заратустра"-Ниче и од последното што ми е читано ќе ја спомнам и "Уметноста на љубовта" од Ерих Фром.

Моментално сум во фаза кога не сум воопшто прибирлива и прифаќам препораки за најразлични жанрови.
 
Дефинитивно обожавам да читам се што е поврзано со психологија.

Топ 3 омилени книги:

Четирите Спогодби - Дон Мигел Руис
Петтата Спогодба - Дон Мигел Руис
Будење - Антони Де Мело

Топло ги препорачувам на секој. Кој ќе ги разбере вистински, ќе се изгради како вистинско човечко битие :)
 
Трилери дефинитивно. Немам нешто премногу прочитано, само пред ннекоја година почнав активно да читам и да купувам книги...Првата што ја прочитав беше од Ладлам и оттогаш имам неколку книги прочитани негови и ги препорачувам на сите, исто така и Стив Бери. Ако некој има препорака од ваков вид на книги слободно нека пише :).
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom