Олимпијада, Токио 2020

  • Креатор на темата Креатор на темата dace@mkd
  • Време на започнување Време на започнување
Цареви се МРТ, даваат снимка женски ракомет, кога игра Џоковиќ со Нишикори. Можеби немаат дозвола да емитуваат други спортови.
 
Ми има логика дека треба паровите ги сметаат како екипа т.е. репрезентација. Сфаќам повеќе индивидуалци, но ова сепак е тим. Ако гледаме така, зошто на фудбалот нема Франција или Бразил u23 и u21, кога ете, имаат многу играчи.
Паровите не се селекција на најдоброто што го има некоја репрезентација. Има такво нешто веќе во пинг-понг каде што тимски се настапува по тројца мислам и играат 2 на 2 што некако ми е глупаво.
Тенис не е фудбал, исто како што во бадминтон има двојки повеќе од една држава па така Јапонија, Кина, Кореа, Индонезија имаат по два пара.

Лично сум за тргање на тие лимити во сите спортови. Пример теквондо ограничен си по 2ца во пол да имаш, максимум 4 натпреварувачи и мислам не треба во категорија да се поклопуваат. Поради послаба форма оваа година 2 бранителки на медали на Хрватска не настапуваа поради тие лимити, а реално се подобри од пола и повеќе од тие што настапиле на овие ОИ.
 
Последно уредено:
Цареви се МРТ, даваат снимка женски ракомет, кога игра Џоковиќ со Нишикори. Можеби немаат дозвола да емитуваат други спортови.

Имаат купено 250 часови програма и сами можат да си изберат што ќе емитуваат. Ако добро го разбрав Драган.
Тоа што емитуваат ракомет, фудбал, бокс и скокови во вода е нивен избор.
 
1627552174034.png
Како изгледаат рацете на веслачите. Уфф минатиот викен копав цел ден со лопата од 2 мали жуља ми се еба мајката, можам да замислам само колку им се отрпнати рацете на овие. Шмиргла имаат, не кожа :pos:
 
Cilic/Dodig vs Mektic/Pavic finale parovi Tenis, nenormalen uspeh za Hrvative.

Mektic i Pavic gazat se pred sebe cela sezona, ke me iznenadi ako ne zemat zlato.
 
Утре во 14.00 Аргентина-Шпанија кошарка, да си знаете со време, да не кажете после не знаевме :)
Не знам што да очекувам :unsure:
Автоматски споено мислење:



Таа е политиката на ИОК, да учествуваат буквално сите земји членки.
Тоа значи дека од барем 2/3 од земјите учеството ќе биде чисто симболично.
Е сега тоа да, глупо е еден исти аутсајдер да се влече на 3-4 олимпијади. Треба на секоја да се праќаат различни такмичари кои добиле вајлд карта и готова прича. Само кај нас има корупција и во тој, небитен сегмент. Не знам кој им е филмот, оставете барем нек се прошета друг дечко или девојка на олимпијада, себичност и непотизам.
И кај нас ги ротираат тие со вајлд карта. Затоа на пример Дрита Ислами беше надвор од трката за добивање на место на ЛОИ. Се водат по таа пракса, ако некој веќе бил со вајлд карта, наредниот пат се дава вајлд картата на друг. Освен во некој краен случај, да нема други подобри или олимпиецот кој претходно бил со вајлд карта, за малку да не фатил А норма.

Околу вајлд картите, истите се добиваат во специфични спортови, не може во кој спорт сакаме да ги искористиме.
 
Пинг- понг, тенис на маса финале (сингл) жени,
Women's Singles table tennis

Tokyo Metropolitan Gymnasium арена 29.07.2021, 2020 Olympic Games,Tokyo

ice_screenshot_20210729-174933.jpeg

ice_screenshot_20210729-175842.jpeg ice_screenshot_20210729-180356.jpeg

Chen Meng (злато)

ice_screenshot_20210729-175940.jpeg

... финалето помеѓу кинеските преставнички,

unnamed34598.jpg ice_screenshot_20210729-175908.jpeg

Chen Meng со два добиени сета против 8 години помладата колешка, го обезбеди златото, покажа доминација, брзина и прецизност во самата игра,

unnamed346.jpg ice_screenshot_20210729-180332.jpeg

Sun Yingsha (сребро), нејзино време допрва доаѓа, ми се допадна нејзиното контролирање на емоциите и упорноста,

8.jpg

и трето место за Mima Ito од Јапонија,

ice_screenshot_20210729-175817.jpeg K10013168961_2107292053_2107292105_01_02.jpg
 
Штета што ја нема Liu Shiwen од финалето во мешани двојки, имаше повреда на лактот и изгуби во четвртфиналето на Кинеското национално првенство, мој фаворит заедно со нејзиниот дечко, Ma Long.
 
 
Пинг- понг, тенис на маса финале (сингл) жени,
Women's Singles table tennis

Tokyo Metropolitan Gymnasium арена 29.07.2021, 2020 Olympic Games,Tokyo

Прегледај го приврзокот 302764

Прегледај го приврзокот 302774 Прегледај го приврзокот 302775

Chen Meng (злато)

Прегледај го приврзокот 302768

... финалето помеѓу кинеските преставнички,

Прегледај го приврзокот 302762 Прегледај го приврзокот 302766

Chen Meng со два добиени сета против 8 години помладата колешка, го обезбеди златото, покажа доминација, брзина и прецизност во самата игра,

Прегледај го приврзокот 302763 Прегледај го приврзокот 302771

Sun Yingsha (сребро), нејзино време допрва доаѓа, ми се допадна нејзиното контролирање на емоциите и упорноста,

Прегледај го приврзокот 302770

и трето место за Mima Ito од Јапонија,

Прегледај го приврзокот 302772 Прегледај го приврзокот 302773
ова е све една иста жена на сликиве, само со различна фризура
 
Дали нашиов што освои медаља помина низ триумфалната порта воопшто?
 
Од денеска почнува Атлетиката, со финалето мажи трка на 10 000 метра. Повторно како премиум евент на Олимпијадата, девет дисциплини ќе ги одржат своите финалиња рано наутро во 3 часот по полноќ, за да можат Американците да гледаат во прајм тајм, со што Европа најмногу ќе пати и Јапонија. Се надевам дека кога ќе има ОИ во ЛА ќе оддржуваат финалиња наутро, но тоа никогаш нема да се случи.
 
Инаку за пливање, 18 годишиниот Бугарин Јосиф Миладинов влезе во финале со трето или четврто време во полуфиналето на 100м дефлин. Кај нив 22 годишниот Љубомир Епитропов се пласираше во полуфинале на 200м градно, а неговиот врсник Калојан Левтеров заврши 20ти на 200м делфин.

Бугарија освен во Сеул никогаш немала компетитивни пливачи единствено Петар Стојчев во маратонските дисциплини.

Нејсе, муабетот ми е колку е пливањето е компетитивно и колку е тешко да се земе некој медал. Бугарите имаат тројца млади светска класа пливачи. Факт е дека дечките пливаат за сам светски врв и во своите дисциплини се топ 10-20 луѓе на планетава. И покрај тоа веројатноста е дека сите тие заедно во нивните кариери би земеле барем еден олимписки медал е многу мала, да не речам некое мало чудо. Секој од нив има уште 3 ОИ пред себе, Миладинов уште 4.
Тука нема што да се бараат медали, Македонија мора да се фокусира на боречките спортови - џудо, карате, теквондо, борење итн.
 
Тука нема што да се бараат медали, Македонија мора да се фокусира на боречките спортови - џудо, карате, теквондо, борење итн
Да, но за мажи, немаме цврсти девојчиња како што се косоварите и србинките за такви спортови. Гледав еден меч во џудо на Јапонка и Русинка, Русинката беше со подуено око, пукната рокада или што ти ја знам, изгледаше доста грдо. Нашиве мамички не верувам дека ќе ги пратат ќерките на тоа. Подобро е да ги пратат на пливање да губат време 10 години.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom