Олимпијада, Токио 2020

  • Креатор на темата Креатор на темата dace@mkd
  • Време на започнување Време на започнување
Драгче Николовски кој вика за Зоран Драгиќ дека му помогнал на Дончиќ заедно у 2017та да освојат европско првенство а братот не ни играше на првенството:pos::pos:, добро бе се спремаат ли за пренос овие наши коментатори, па не знае дека Зоран и Горан Драгиќ не се исто.
 
Најдобриот играч на свет во 3 на 3 играше за Кожув, тоа ти кажува на кое ниво е квалитетот.

Отприлика како да има 3 на 3 сервис со нога и најдобар играч на свет да биде Величе Шумуликовски.
Душан Домовиќ е играчиште, џабе само збориш. Тоа што пред 10 години играл во Кожув на свои 20тина години, не го менува фактот дека комотно може да игра во било кој тим во Европа.

Изгледај една утакмица на Србија па после пишувај тука.
 
Леле Белорусија има полуфиналистка во 100 метри пеперутка, да се отепаме комплетно

Ништо чудно , Белорусиве на прошли Олимписки игри освоија 9 медали од кои една во Пливање, ние толку такмичари немаме пратено да учествуваат.
 
Убаво што пренесуваат гимнастика, а имаат и стручен кокоментатор.
 
...во крвта им е борењето ,,пеливани,, , па тука некаде е слично и џудото, чудо немаат преставник во стрелање, изгледа можат само со рафали калаш, како и да е успех голем, нема тука збор!
 
...во крвта им е борењето ,,пеливани,, , па тука некаде е слично и џудото, чудо немаат преставник во стрелање, изгледа можат само со рафали калаш, како и да е успех голем, нема тука збор!

Колку за грев е ова што го напиша. :)
 
Имаме некој што не е со вајлд карта? Што сме до толку отепани ебаму беља.

Србија побра сребро во стрелаштво и бронза во теквдоно. Косово 2 злата во џудо, Словенија злато во кану и бронза во бициклизам, Хрватска за 10 минути се бори за бронза, а за саат време и злато во теквондо, Бугарија зема веќе еден медал во стрелаштво.
Дури и Босна е подобра од нас.Фрлачот на ѓуле е со норма и цело време во топ 20 на свет, Амел Тука на 800 метри е фаворит за мадал бидејќи е светски вицепрвак, Лариса Цериќ во џудо има неколку континентални и европски медали, Неџат Хусиќ изгуби во борба за бронза во теквондо.

Барем теквондо или џудо да пробаме, цела бивша Југославија се изназема медали или заврши во топ 5. :D
 
Не им биле убави тие спортови, сакале медал во пливање, сите дечиња на пливање ги праќале за да не се повредат.
 
Не им биле убави тие спортови, сакале медал во пливање, сите дечиња на пливање ги праќале за да не се повредат.
Пливање е феноменален спорт за развој на деца. Јас дај Боже да ги имам живи здрави обавезно на пливање ги праќам.
Се бавев со тој спорт од 7 години до 13-14 и направи чуда за мене. Ем што од практичен аспект помага да бидеш способен пливач, ем градба на тело, држење, плуќа капацитет итн.

Бавење пак со пливање професионално е друг муабет. Тоа е страшно компетитивен во светски рамки спорт, мора да си во топ 0.1% од човечката популација според физички можности, скап е до немајкаде и на крај само едни те исти 10-15 души се закитуваат со медал. Ти можеш да бидеш елитен пливач на неннормално високо ниво, а ниту еднаш да не земеш медал на светско ниво. Слично како со атлетика.
Автоматски споено мислење:

edit.
Тони Канает теквондо првиот медал за Хрватска. Само што зема бронза, а за пола саат се бори Матеа Јелиќ за злато против Британката Вилијамс.
п.с Мала пикантерија Канает и Јелиќ се дечко и девојка. :D
 
Последно уредено:

Добро не зборев за Хоби, да си се бавел со Таеквондо ете за тие 7 години можно е да си постигнал големи резултати, може да си стасал до злато на ОИ.
 
Добро не зборев за Хоби, да си се бавел со Таеквондо ете за тие 7 години можно е да си постигнал големи резултати, може да си стасал до злато на ОИ.
Можеби.

Проблем е што и да сакаш нема никакви такви клубови во Македонија или тешко да ги најдеш. Пример дебилизмот зван Аикидо во секое школо порано имаше по некој плакат за часови, а спортовите што се олимписки ништо немаат.
Треба и во школите да има фокус кон тие спортови, а треба и да создадеме тренерски кадар. Пример Хрватска знам дека со теквондо има почнато уште одма после војната кога плаќаат тренери од Кореа. Главниот тренер со фамилијата мислам дека и ден денешен живее таму, но донесен е како дел од поголема државна програма за создавање тренери, теквондо клубови и на самиот крај и олимпијци. Веќе 4та олимпијата по ред како земаат медал во овој спорт, а оваа година имаат и две.

Постојат еден куп такви мали спортови каде што е доволно 1-2 талентирани и добро насочени деца да бидат компетитивни. Пример боречките спортови навистина не знам зошто не ги форсираме. Ем има традиција, ем кај Албанците и Турците тоа е дел од културата и плус имаме и добра генетика за тоа (ниски и набиени).
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom