Олимпијада 2008: Општи дискусии околу организацијата, дневни случувања и тн.

  • Креатор на темата Креатор на темата Pravnice
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Кои се најмладите спортисти во Пекинг?

По контроверзите за тоа дали златните кинески гимнастичарки се над границата од 16 години, да погледнеме кои се и помлади од нив. Официјално нема лимит за возраста на спортистите на Олимпијадите, и спортските федерации за секој спорт го поставуваат минимумот. Кои се спортистите кои имаат под 17 години.

АНТОНЕТ ГУЕДИА МУАФО, КАМЕРУН, 12

Пливачката на 50 метри слободно Гуедиа, родена на 21.10.1995, е најмладата спортистка во Пекинг со 12 години и 10 месеци. Таа ретко плива во олимписки базени. Со прекар "шампионка", Гуедиа се уште тренира во 22-метарскиот хотелски базен каде што научи да плива.

ДВЕЈН ДИДОН, СЕЈШЕЛИ, 13

Дидон, најмладиот машки спортист во Пекинг е роден на 11.09.1994, и тој ќе плива на 50 метри слободно. Растејќи во источноафриканската островска земја, Дидон научи да плива на 9 години. Неговото семејство живее во селото Ла Мизер, или во превод мизерија.

ТОМ ДЕЈЛИ, В.БРИТАНИЈА, 14

Вториот најмлад олимпиец во британската историја, Дејли (21.05.1994) ја користи ОИ во Пекинг како подготовка за златото во скоковите во вода на домашните игри во Лондон во 2012. Тој е европски шампион на 10 метри платформа.

МЕРИ-БЕТ ДАНИЧЕЈ, САД, 15

Најмладата Американка на Игрите, Даничеј (25.02.1993) е 5 месеци помлада од нејзината партнерка во синхронизирани скокови, Хејли Ишимацу. Двете тренираат шест часа дневно, шест дена во неделата.

ЧЕН РУОЛИН, КИНА, 15

Олимписката шампионка во 10 метри синх. скокови во вода, Чен (12.12.1992) почна со скоковите на 4 години и дебитираше на интернационалните натпреварувања на Азиските игри на 13 години.

ХЕЈЛИ ИШИМАЦУ, САД, 15

Ишимацу (10.09.1992) се натпреварува на 10 метри синх. скокови и 10 метри скокови во вода. Таа започна како гимнастичар и во 2004 се преориентира на скоковите во вода и се пресели во Индијанаполис во американскиот центар за скокови.

МЕЛИСА ВУ, АВСТРАЛИЈА, 16

Ву (03.05.1992) има само 142 цм и тежи само 27 килограми. Таа се натпреварува во скокови во вода, а почна на 10-годишна возраст. Нејзиниот татко е со кинеско потекло.

ШОН ЏОНСОН, САД, 16

Гимнастичарката Шон Џонсон (19.01.1992) победи во повеќебој на Пан-Американските игри и на СП. Како единствено дете, нејзините родители ја заложија куќата за да ја поддржат кариерата.

Типов е еден ден поголем од мене.Браво за децава шо дотуркале до тука.
 
Нормално дека нема златниот да биде од чисто злато. Иако е скапо, чистото злато е меко, се витка и секогаш се меша со некој друг метал за да се добие легура. Не е златен медалот, туку е позлатен, има разлика:)
 
Нормално дека нема златниот да биде од чисто злато. Иако е скапо, чистото злато е меко, се витка и секогаш се меша со некој друг метал за да се добие легура. Не е златен медалот, туку е позлатен, има разлика:)
Да да, овие изјави биле поради тоа што блогерите во Кина пишувале дека медалите се направени од олово. :)
 
Денес имало инцидент на натпревар во теквондо.
Кубанецот Анхел Валодија Матос го удрил судијата по глава. Поради тоа тој доби доживотна суспензија за натпреварувањата во теквондо. Иста казна доби и неговиот тренер поради неговото недолично однесување.
Инцидентот се случил на мечот во тешка категорија против казахстанецот Армана Чламанова, кога при водтсво на Матос од 3.2 добил тој удар во главата и паднал на земја. Тој чекал медицинска помош, но поминала една минута и тој бил дисквалификуван поради истекот на времето. Потоа следела расправа меѓу Матос и судијата, по што тој го удрил со нога во главата судијата и бил веднаш изнесен од арената.
Сите резултати на Матос што ги постигна на натпреварите во теквондо во пекинг ќе бидат избришани.

еве го инцидентот
www.youtube.com/watch?v=AMDXazhw1Jg
 
Прееска го видов на А1 ова али не знаев дека го дисквалификувале јас мислев незадоволен од резултатот :)
 
Во 14:00-16:30 часот по наше време е церемонијата на свеченото затворање на ЛОИ.
Демн, не можам Формула 1 на раат да гледам.
 
Леее кога заврши бе:uvo:
Абе неможеа нашиве да ја дадат снимка Америка-Шпанија?
 
Бекам ќе отепаше некој:pos2:
 
готово :(
Навистина феноменална олимпијада, Кинезите се надминаа себеси. Овие шоуа на отварањето и затварањето беа совршени, дури мислам и дека Лондон ќе не може да ги надмине. Сега останува да го очекуваме Лондон 2012. И се надевам дека ќе имаме македонски спортисти тогаш кои ќе сакаат да победат, а не само да учествуваат на олимпијада.
Одлични 16 дена. :pipi:

и еве слики од затварањето:
Img214583698.jpg


Img214583389.jpg


Img214582858.jpg


Img214582963.jpg


Img214582777.jpg


01308008-zatvaranje-vo3.jpg


_44955525_bus466260.jpg


Img214583875.jpg


:)
_44955507_unionflag_afp.jpg


27ade26a44211abb84ee69c0286d50b1-getty-81972995me051_olympics_clos.jpg


:vozbud:
a57d8463d502a8006b745540b9ff7356-getty-81972995cc011_olympics_clos.jpg
 
Заврши затворањето, завршија ЛОИ спектакуларно како и што почнаа. Видовме работи за кои мислевме дека човекот не е способен да ги смисли или направи. Видовме многу рекорди, луѓе од сите раси, вери, земји во светот. Луѓе со животни тешкотии кои го постигнаа тоа што го сакаат. Болни од леукемија, со ампутирана нога, со белодробни заболувања, астматичари, но ни докажаа дека ништо не е пречка кон целта ако си ја замислиме и се трудиме да ја оствариме со тоа што некои од нив се закитија и со одличја.
Секоја чест за Кинезите, ни покажаа колку е убаво кога светот е обединет на едно место, нели?
Збогум Пекинг, се гледаме во Лондон во 2012, или па во Ванкувер во 2010 на Зимските Олимписки Игри.
 
Секоја чест на Кинезите. Искрено, не верувам дека Лондон ќе успее да го надмине Пекинг во организација на игрите. Плус тешко да направат толку спектакурано отворање, па и затворање на игрите.

Видовме одлични натпревари, многу светски рекорди... За жал нашите спортисти слабо се покажаа. Да се надеваме дека ќе тренираат повеќе во следниве 4 години и дека нема да се делат вајлд картите по роднинско-пријателска линија.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom