Значи, запознавате дечко, некое време се дружите, муабет ви оди, се гледа дека му се допаѓате, интересно ви е во негово присуство, разменувате броеви, често се слушате и си пишете смс. Со нетрпение го очекувате следното јавување и видување и се е во ред.
Но, одеднаш тој престанува да ве бара, како да не постоите.
Девојки, како би се однесувале во ваква ситуација?
Прашањето до мажите. Која би била причината за вакво нешто? Што ви се случува во мозокот при ваква ситуација? Сте нашле нешто поинтересно, ви здосадило? Или пак, се повлекувате за да откриете дали кај вас се појавиле подлабоки чувства, па се плашите да не зезнете нешто?