Офчар напиша:
Ја ќе ти реплицирам на ова, а со тоа ќе одговорам на второто прашање.
Ако само ја треба да ја барам, нека пише крст.
Не дека ми е за телефонските импулси, ама човече, 21 век, нека потегне и она малце.
Мене ми се дешава да се јавам 2-3 пати и ако после она ништ не иницирао.. што барам повеќе? Ако и` е убаво, нека биде искрена, нека сврти таа
Чекај, чекај!

Ако го прочита убаво мојот пост, ќе видеше дека имам нагласено дека двајцата подеднакво вложуваат за да продолжи контактот. Кај двајцата постои интерес, убаво им е заедно, фино си поминуваат кога се во близина.
Ајде постов ќе ти го сфатам како дигање нерв кон оние кои чекаат да бидат барани, без воопшто да се потрудат да дадат допринос и самите. Значи, муабетов тука не е кој кого да бара, туку нешто друго.
Поставив четири прашања, но мислам дека никој не ми одговори на последното.
Еве ќе ги напишам пак за секој случај
- Која би била причината за вакво нешто?
- Што ви се случува во мозокот при ваква ситуација?
- Сте нашле нешто поинтересно, ви здосадило?
- Или пак, се повлекувате за да откриете дали кај вас се појавиле подлабоки чувства, па се плашите да не зезнете нешто?
Никој во предвид не го зеде тоа дека е можно да почнал да чувствува нешто посилно, па извесно време сака да се "сокрие" за да открие што му се случува. Сите се фативте за тоа таа/тој не ви се јавува, не се јавувам и јас.
Доколку се најдам во ваква ситуација, ќе се обидам да стапам некако во контакт, да прашам зошто го нема, што се случило што од нигде-никаде се изгубил, па одговорот сам ќе ми каже во која насока се движиме, за да знам и самата како да ги насочам чувствата. Нема ништо подобро од отворен и без кружење муабет.
Гордоста некогаш треба да се тргне настрана, што добиваш ако упорно игнорираш, а истовремено те копка што му се случува?