- Член од
- 28 септември 2008
- Мислења
- 163
- Поени од реакции
- 4
Окован во синџири, како куче во дворот на сопствениот татко. Вака живее 27-годишниот Илчо Трајковски од струмичкото село Ангелци.
Се движи во простор од пет метри, а кога ќе се измори од катанецот на ногата седнува среде двор. Така и не пречека заедно со татко му, кој облеан во солзи го отвори срцето и пред камерата на А1 ја раскажа нивната сурова судбина.
Илчо боледува од тешка психичка попреченост во развојот. За него се грижи само татко му, откако пред шест месеци починала мајка му.
Срцето ми се кине, но за да го заштитам морам да го врзувам сопственото чедо, вели таткото на Илчо.
„Морам да го врзам за да не го згази некоја кола. Порано одеше, плачеа на сред село, налетуваше на малечките деца. Низ цела околина оди, а не се враќа, мора да одиш по него“, рече Љупчо Трајковски, татко на Илчо.
Тој побарал помош од Центарот за социјални работи, но таму одбиле Илчо да го сместат во специјална установа.
„Јас пробав во Центарот, а тие ми кажаа додека си жив мора да го гледаш“, додаде Љупчо.
Илчо и татко му живеат со помош од 3.700 денари, дополнителни приходи немаат.
„Јас не сум ни земјоделец, не сум ништо, само одам по него и сум чувар“, вели таткото на момчето.
Во Центарот велат дека станува збор за специфичен случај поради започнатиот процес на деинституционализација на специјалните заводи. Но, ветија ќе ги разгледале сите опции за згрижување.
„Јас се надевам дека ќе наидеме на разбирање со нашето Министерство и дека ќе ја добиеме оваа потребна согласност и овој случај да го решиме позитивно“, изјави Ристо Стаменов, директор на Центарот за социјални работи во Струмица.
Секое отклучување на катанецот е голема радост за Илчо. Не испратија со надеж дека тој ќе го добие вистинскиот третман од институциите на системот.
Знам дека од едната страна таткото не е во право,не единствен родител што има вакво дете па другите не ги заклучуваат своите деца со катанци.А од друга страна човекот вика дека не може да го чува бидејќи ете му бега едно друго,а надлежните му викаат дека мора да го чува додека е жив?Мислам дека има центри каде што треба да го примат син му а не да му даваат такви одговори..
каков е вашиот став во врска со ова?