Огревно дрво (проблем со достава на ЈП МП)

  • Креатор на темата Креатор на темата Zlatikevichius
  • Време на започнување Време на започнување
Јас со околу 800-900 евра инвестиција во дрва по сезона греам со парно околу 210-220 квадрати. На два спрата.
Реков порано тука дека толку мизерно стана со дрвата така да размислувам или пелет (како тебе) или гас.
А парното е благодет. Секако дека е исплатлива инвестиција.

Можда нема да ти намали којзнае колку потрошувачка , али вреди за работата и макнење дрва по цел ден. Со 800 евра комотно ќе ги грееш и двата спрата , а чим имаш и парно можеш само печката да си ја купиш и се приспособува на секакви парно системи. Се пали на копче , се гаси на копче. Едно чистење пепел е , да ја истуриш вреќата внатре , и во наредните 8-9 часа немаш никаква работа околу неа. Освен ако ти стане ептен жешко па да намалиш температура. Плус ако останеш без палети преку зимата не е ич проблем , на секоја бензинска се продаваат вреќи.

Права буржоазиска работа е , незнам шо се мачевме со тие дрва толку време.
 
Дрва немало, дрва на глајте да им никнет.
 
Лесно загревате вие шо живеете на медитеранска клима: Струмица, Гевгелија, Валандово, Демир Капија дури и жештини ве фаќаат :icon_lol:. Другите сме на континентална клима инаку се загрева кај нас.

А тоа печките на пелети мислам дека се поврзани на струја со тајмер ти реков ми рече, мислам дека ако снема струја нема шанси да се запалат пелетите? Ако е така еден поголем дефект од два три дена и измрзнавте.

Или пример утре, ајде не утре по неколку години пелетите поскапуваат 100 проценти и ги нема?
 
redici-za-drva.jpg

пред Здружението на пензионери во Битола, каде пензионерите уште в зори одат да фатат ред за да запишат огревно дрво.
http://tera.mk/video-kako-ushte-od-noki-se-cheka-red-za-drva/
 
По медијумите нема вести каква е ситуацијата со снабдувањето со огревно дрво.
Она што порталите пишуваат секојдневно е дека полицијата фаќа дрвокрадци
Замислете во село Фурка се фатени двајца кој наводно украле 3.85 метри
http://reporter.mk/2015/11/19/бесправна-сеча-на-огревно-дрво/

Додека порталите не замајуваат со дрвокрадците, во складовите нема дрво, а кај што има цените се астрономски
Кај Ројал Инвест сега може да се нарача бука по
Цена за буково 8300ден/палета
http://www.rojalinvest.com/ogrev-programa
 
8300 денари палета дрва:pos::pos::pos:
Oва шо дрво е? Фрљаш 3-4 во каминон и горат недела дена а?
 
е ова ви е капитализмот и приватизацијата на општествениот капитал,сега некој дебел морон прави тешки пари со извоз на дрво,се крена цената и за сите нас и наместо да е цената за кубик максимум 1500-2000 сега од в година тешко ќе биде испод 3500 по кубик дрва за огрев :tapp:
 
Тоа мора да престане под итно, од кај касно дојдеа дрвата, па и скапи... 3500 кубик еј, плус, плус крадат, ако треба 5 кубика они 4 и пол, сакат да го ебат народо, посебно пензионерите.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom