Огревно дрво (проблем со достава на ЈП МП)

  • Креатор на темата Креатор на темата Zlatikevichius
  • Време на започнување Време на започнување
Почна мало раздвижување на камионите со дрва кај нас али не е тоа што беше лани. Па многу народ кај нас зимаат борово дрво, секоја 3-4 кука има борови дрва.Ке топли али нема да држи жар и ке си имат маки со често чистење ќунци и оџак.
Ќе топли .... Боровото дрво содржи нешто помала количина на енергија во себе, битно е да е суво. Подобро е тоа одколку влажно дрво од бука какво сега сечат

Што се вели - кога нема дожд - добар е и град
 
Еве предлог дрвата да се редат накрст
ради полесно сушење
firewoodstacking.png


292-Water-In-Timber-404.jpg
[DOUBLEPOST=1442005823][/DOUBLEPOST]Огревно дрво нема, се чека на интервентен увоз од Србија,
E наслов на напис на Плусинфо
http://plusinfo.mk/vest/39531/ogrevno-drvo-nema-se-ceka-na-interventen-uvoz-od-srbija
Во написот има изјави на директорот кој вели;
Македонски шуми има огревно дрво. Секојдневно се испорачува на граѓаните, пензионерските и други здруженија на граѓани кои имаат договорени количини за испорака уште на почетокот на годината. Тоа е наш начин на работа и практика востановена со години. Договорите ги потпишуваме до април, за да може да планираме колкаво ќе биде производството во текот на сезоната за сеча. Годинава имаме за 30 отсто поголема побарувачка на огревно дрво и планираме до почетокот на грејната сезоната да го испорачаме. Цената и годинава на нашето огревно дрво останува иста. Буката во складиштата се продава по цена од 2.370 денари, а дабот 2.450 денари.Со превоз буката чини 2.500 денари за кубен метар, а дабот 2.600 денари. Доколку имаме можност, огревно дрво ќе испорачаме и за слободниот пазар, но прво ќе го испорачаме договореното - вели директорот на ЈП „Македонски шуми“, Жарко Караџоски.
почнаа по некој медиуми галама дека огревното дрво ќе било и 4000мкд ... има ли некој да направил анализа Огревно дрво VS Пелети ? ... ама сите трошоци, па и чистење на оџаци, разлика во загадување ... Гледам поред грчки има на пазарот и српски пелети
 
Некој од Радовиш да каже колку е оди огревното дрво Бука там по која цена и што има у неа - утовар,превоз истовар или само дрвото колку е кубик ?
 
почнаа по некој медиуми галама дека огревното дрво ќе било и 4000мкд ... има ли некој да направил анализа Огревно дрво VS Пелети ? ... ама сите трошоци, па и чистење на оџаци, разлика во загадување ... Гледам поред грчки има на пазарот и српски пелети
Повели:
страна 23 пост 331
http://forum.kajgana.com/threads/Алтернативни-горива-за-загревање.57347/page-23
 
Oд Крива Паланка вест дека граѓаните се револтирани поради недостиг на огревно дрво
http://libertas.mk/видео-трајковски-власта-вештачки-соз/

Дали можат граѓаните од Крива Паланка, Струмица кој се блиску до Бугарија да си купат и увезат огрев од Бугарија?
Исто за оние од Куманово, дали можат да купат од Србија?
 
Oд Крива Паланка вест дека граѓаните се револтирани поради недостиг на огревно дрво
http://libertas.mk/видео-трајковски-власта-вештачки-соз/

Дали можат граѓаните од Крива Паланка, Струмица кој се блиску до Бугарија да си купат и увезат огрев од Бугарија?
Исто за оние од Куманово, дали можат да купат од Србија?

kako nema drva ne mi e jasno koga drzavava vozovi tovari za izvoz
 
И од Ресен стинуваат вести дека нема огревно дрво:
Граѓаните на општина Ресен, како и граѓаните од другите општини во Македонија, не можат да дојдат до дрва за огрев. Иако уште пред 3 месеци ги имаат исплатено во целост дрвата коишто ги нарачале од Ј.П. „Македонски шуми“, до денес ги немаат добиено.
http://plusinfo.mk/vest/41283/stankovski-nema-ogrevno-drvo-vo-resen-video
 
на 24 вести е известено за појава на измамници
http://24vesti.mk/lazhni-prodavachi...hna-makedonija-i-bez-pari-i-bez-drva-za-ogrev
„ И без пари и без огревно дрво остануваат граѓаните на Штип, Кочани и другите градови од источниот регион наседнувајќи на лажни ветувања од непознати лица кои понудиле да им донесат дрва по поволна цена. Измамниците го користат недостигот од огревно дрво за да дојдат до лесна и брза заработувачка, земајќи наводен капар, а потоа се недостапни на телефонските броеви што ги оставиле за контакт. Најчесто нивна мета се постари граѓани кои се загрижени дека зимава ќе останат без огрев.
Токму сега како што е криза оваа година, точно е дека ќе бидеме излажани... Како може така, ќе му ги земе парите и потоа бега, треба да го фатат и да го осудат... Печалат на маката на сиромашните, велат граѓаните.
Во Полицијата велат дека имаат зголем број пријави од измамени граѓани кои им дале пари на непознати лица, но дрвата за огрев не ги добиле.
.........................................

Ова се е знак дека недостасува точна информација, граѓаните се сомневаат дали ќе добијат огрев, а ваквите измамници го користат тоа
Власта треба да соопшти до каде е снабдувањето со дрво. Секој ден да објавува информации колку дрво е испорачано тој ден, и колку и каде ќе се испорача утре, да не се шири страв и паника
Огрев мора сите да добијат, ако нема домашно дрво, нека увезат дрво, квалитетен јаглен, брикети. Македонија е мала и не е проблем да се обезбеди огрев од увоз.
Ако не може веднаш да се испорача бараната количина, нека се дава на секое домаќинстви по еден кубик за почеток па подоцна ќе ја испорачаат целата количина
 
Вицепремиерот Пешевски вели:
Пешевски истакна дека побараувачката е голема, испораките течат а се очекува целосно стабилизирање на состојбата со огревното дрво и ќе бидат снабдени сите количини на пазарот.
Од 1 до 22 септември Македонски шуми испорачале речиси 70 000 метри кубни дрво на ниво на земјава, додека приватните складишта испорачале околу 25 000 метри кубни , со што заедничкиот број достигнал 95.000 метри кубни.
http://faktor.mk/2015/09/27/peshevski-veti-deka-ke-ima-ogrevno-drvo-tsenata-kako-lanskata/
 
Погледнете го овој краток филм кој трае нешто помалку од две минути
Ќе видите дека ради подобро сушење дрвата се редат накрс и дека употребуваат мерач на влажност
https://www.youtube.com/watch?v=qGpxh9q665A
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom