Алтернативни горива за загревање

  • Креатор на темата Креатор на темата onak
  • Време на започнување Време на започнување
Затоплувањето на дрва е и понатаму најефтино:
Ред. број.....гориво.............цена....................Содржи енер..............Цена за KWh

1...................Мазут........20,760 ден/кг.........12 KWh/кг.....................1,74 ден/KWh

2......Екстра лесно мас....37,50 ден/л........10 KWh/л.......................3,75 ден/KWh

3...............Метан..............48,00 ден/кг.........15 KWh/кг.....................3,20 ден/KWh

4......ТНГ – пропан бут.....27,00 ден/л...........7 KWh/л......................3,85 ден/KWh

5........Огр. дрво - бука.....2450 ден/м3......1800 KWh/м3.................1,60 ден/KWh

6........Дрвени пелети.........13,50 ден/кг.......4,50 KWh/кг..................3,00 ден/KWh
 
Последно уредено:
Брикет во домашно производство е најефтино.:D Собирај преку летото отпадоци од сечење дрва(триње), просеј го, фрли ги отпадот(камења и се друго што ти е непотребно, поголемите парчиња дрва си ги сочуваш), остави си чисто триње, собирај картони, хартии, стави во буре со вода, утредента сомели со хилта на која на крајот има пропелер од алтернатор за да меле поубаво.
Сето тоа во мешалка за бетон измешај, направи калап за брикети од округли/коцкасти цевки, преса од хидраулична дигалка од 10т(на јутјуб има безброј идеи) и прави и суши на сонце. Ако некој се растура, земи новина, свиткај, со хефталица затвори и тоа е тоа. Лепак не додавам никаков бидејќи во самиот картон има, кога ќе се раскисне испушта лепак, водата што се исцедува ја враќам пак за мелење едно 2-3 пати. Понекогаш ставам и ситна пилевина од иверица, убаво се прават со неа мазни и позбиени. Дневно можат да се прават по 150 парчиња.
Дрвото секаде е над 3000ден кубик. Сепак покрај брикетот си треба и дрва да правиш ситни трески за потпалување но и отпадот кој го има после сечење на дрва има доста крупни трески.
Летово правам колку што можам, до кај 3000 брикети направив, тешки се 200-400грама, ф70, должина околу 30-35цм.
Ако беа 1тон брикети замена за 3кубика дрва, по моево испаѓа дека имам направено 1тон, можеби и повеќе, јасно ми е дека не е тоа тоа, ама мислам дека ќе заштедам бар 2-3 кубика со овие 3000. Убаво горат, јака топлина даваат и долго време горат. Планирам да правам се додека има јако сонце.
 
..чекај малку..ти не филозофираш ко скоро сите овде , туку правиш брикети од отпадна хартија, триње итн. ??? Може ли некоја фотка на инсталацијата и производот???
 
Еднаш во Хубо позади касите имаше една справа за рачно правење на брикет, тоа мислам дека беше пред 5 години, ако не се лажам. Беше квадратна направена од лим(со дупчиња) пример 15-25 и ставиш материјал, со рака притиснеш и извадиш брикет со малку помала димензија. Тоа ни даде идеја да мозгаме што понатака. Пробувавме со цевки поставено хоризонтално, една поширока, друга малку потесна, ги заваривме, пробавме со воздушен клип да ги гура, немаше сила да ги изгура, се главеше материјалот внатре, едвај го избивме надвор во парчиња.
Лани направивме на лост, просто, цевка од 40тина см, ја сечеш на пола по должина(ги означив со различни бои по вертикала), и заваруваш 4 кратки цевчиња, 2 на една половина од цевка горе и долу, 2 на другата половина горе и долу, завариш шипка(OCR) на подлогата долу која ќе ги држи двете цевки во вертикала. На предната страна кај што ќе го затвораш калапот вариш 2 цевчиња, една на левата половина, друга на десната половина, ги затвораш цевките со шипка свиткана како буквата Г. За да отвориш и да го извадиш брикетот, само ја влечеш шипката нагоре. Цевките со брусилица треба да се издупчат да истекува вода, ги гледате вертикалните цртки. Внатрешноста на цевките е пожелно да се избруси, исполира, да се исчистат остатоците од сечење на цевките, од дупчење на дупките кај што истекува вода, да не ти глави материјалот кога ќе притискаш. Еве и слики направени во google sketchup, отприлика како изгледаше:
slika 1.jpg slika2.jpg
Примери на јутјуб може да најдете безброј: https://www.youtube.com/watch?v=ON3hstYbi6Y
https://www.youtube.com/watch?v=lQF6G5KF4_c
Со неа правев околу 100тина дневно. Им требаше долго време да се исушат бидејќи се рачно пресувани.
За оваа на хидраулична дигалка, погледнете го видеото ќе видите за каква се работи, мојата е со 3 округли цевки и се отвораат исто како во горниот пример, сите 3 цевки се исечени на пола и заварени така што ќе се отвараат на пола сите три и затвараат:
https://www.youtube.com/watch?v=-jyV5sLJa_I
https://www.youtube.com/watch?v=G_LW38THm2s
Дечко од Хрватска прави вакви машини и има свој канал на јутјуб: https://www.youtube.com/channel/UCLZRcJZPkeZFTKFdZTzaCbQ

DSC_0051.JPG DSC_0052.JPG

Најдобро е секако да имаш јак мотор и да направиш вакво нешто(мислам на пужни транспортер), но тоа веќе спаѓа во професионално и секако троши пари за струја, бара повеќе материјал и сл.
 
Последно уредено:
Супер, ако имаш просторни услови би можело вака да произведе доволно за потребите на загревање на куќата. Ако малку се експериментира ,може да се дојде и до фина технологија и рецептура за брзо произведување на некој тон брикети , додека е топло времето и се користи сонцето за сушење.
Проблем е количината на суровината т.е доволно хартија, дрвени струготини итн. по достапни цени...
Која од пресите на линковите е твоја???
 
Дадов само примери и кажав дека мојата машина/справа е слична како на оваа.
Неговата се отвора одоздола плочата и тој ги турка надолу и излегуваат дебели а кратки, и тоа е добро за камини. Моиве се 3 цевки фи70 споени една до друга и истите се заварени со коцкаста цевка 20/20 на средина ем да ги поврзе сите, ем да ги зацврсти да не ги раздели притисокот и за да се отвараат како на горниот пример.
Од видеата можете да си изберете каква ќе си правите, каква и да направите нема промашување. Можеш дури и поголеми брикети да правиш, ти треба поширока цевка и поширок клип кој ќе притиска. Можеш да искористиш и клип од камион кој е 150мм широк. Најлесно се прави како примерите кои ги дава Младен 365 од Хрватска.
Битно е да имаш прочистено триње, уште подобро ако имаш ситна пилевина која испаднала кога сече некој дрва со циркулар, некој тишлер ако работи во близина и сл.
 
мислам дека има на пазар и готов Брикет, увоз од Србија ?
 
Кај нас по складишта за градежни материјали имаше брикет од Берово, а и многумина почнаа да купуваат машини и да прават и продаваат.
 
Вест јави дека е одржано "Енергетско моделирање во рамки на климатските промени и КОП 21", на кој работеа невладините еколошки организации "Аналитика", "Екосвест" и "Фронт 21/42", со поддршка од Европската унија.
http://www.vest.mk/default.asp?ItemID=BA44E9E595962C4181AC5591305C8D46
Тие предлагаат - до 2050 година треба целосно да се отфрли греењето на нафта и на јаглен,
 
Брикет во домашно производство е најефтино.:D Собирај преку летото отпадоци од сечење дрва(триње), просеј го, фрли ги отпадот(камења и се друго што ти е непотребно, поголемите парчиња дрва си ги сочуваш), остави си чисто триње, собирај картони, хартии, стави во буре со вода, утредента сомели со хилта на која на крајот има пропелер од алтернатор за да меле поубаво.
Сето тоа во мешалка за бетон измешај, направи калап за брикети од округли/коцкасти цевки, преса од хидраулична дигалка од 10т(на јутјуб има безброј идеи) и прави и суши на сонце. Ако некој се растура, земи новина, свиткај, со хефталица затвори и тоа е тоа. Лепак не додавам никаков бидејќи во самиот картон има, кога ќе се раскисне испушта лепак, водата што се исцедува ја враќам пак за мелење едно 2-3 пати. Понекогаш ставам и ситна пилевина од иверица, убаво се прават со неа мазни и позбиени. Дневно можат да се прават по 150 парчиња.
Дрвото секаде е над 3000ден кубик. Сепак покрај брикетот си треба и дрва да правиш ситни трески за потпалување но и отпадот кој го има после сечење на дрва има доста крупни трески.
Летово правам колку што можам, до кај 3000 брикети направив, тешки се 200-400грама, ф70, должина околу 30-35цм.
Ако беа 1тон брикети замена за 3кубика дрва, по моево испаѓа дека имам направено 1тон, можеби и повеќе, јасно ми е дека не е тоа тоа, ама мислам дека ќе заштедам бар 2-3 кубика со овие 3000. Убаво горат, јака топлина даваат и долго време горат. Планирам да правам се додека има јако сонце.

Јас купувам брикети од пилана по цена од 280 денари за една вреќа, мислам дека има барем 15кг..... не сум сигурен. Колкава е цената на производство кај тебе? Без трошокот за правење на машината? :D
 
Хаха, не продавам, за себе правев и ќе правам здравје и следната година со повеќе брикети од еднаш да се притискаат. Трошок за правење на машината(сепак рачно работиш на неа) е мал за разлика од тоа колку добиваш со неа. Една дигалка од 10тона е 900-1000ден. Ресто се можеш да најдеш по отпади и цевки и клипови и дебели плочи лим...
Сакам да пробам со воздушен клип(со помош на компресор) хоризонтално наместен да видам дали ќе успеам нешто да направам таму на пролет. Би ставил една плочка вертикално колку за почеток да ја затворам цевката да би почнало да се збива, после ќе ја тргнам и како што ќе додавам материјал така ќе притискам со клипот, и фактички цело време клипот ќе го набива материјалот и би требало на крај да излезе цврст нераспаднат брикет:D. Јасно ми е дека хидраулика е мајката за ова набивање, ама тоа е веќе машина.
Најубаво излегуваат со пужни транспортер и со грејач на крајот, ама за тоа треба и јак мотор од 5-10kw, плус грејачи кои ќе го запечуваат и заврснуваат брикетот, можно е така да се прави и со дупка во средина, се тоа кошта(до кај 1000е).
 
..со компримиран воздух ништо не правиш, башка тој е најскапиот работен медиум...Бидејќи работиш на ситно за себе , со ептен лежерен капацитет...сепак пробај како до сега , само смисли некој замец, екцентар и мал ел.мотор да ти ја пумпа хидраул.дигалка...;)
 
Новост од Битола
Општина Битола во рамките на третиот повик за прекугранична соработка од ИПА програмата помеѓу Република Грција и Република Македонија во соработка со Општинската компанија за топлифицирање ДЕТЕПА од Аминтео и Технолошко образовниот институт од Кожани Република Грција аплицираше и го доби проектот „Биофос“
-Денес започнување со проектот „Биофос“ и искуствата што ги има Аминтео ќе ги примениме кај нас. 135.000 евра Општина Битола има предвидено за загревање на спортската сала, изјави д-р Владимир Талески, градоначалник на Битола.
Има и видео...
http://tera.mk/prekugranichna-sorabotka-za-iskoristuvane-na-otpadnata-biomasa/
 
Убава новогодишна бајка за на тв....:)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom