Toa e многу опасна работа, прво цевките не им се предвидени за притисоци кои ги создава вистински куршум, целата рамка и материјалот од кој се направени не е предвидена да издржува напрегања и трзаји кои ги прави вистински куршум, цевките не им се ижлебени така да проектилот по излегувањето е нестабилен а со тоа и непрецизан а ко ќе додаеш на сето тоа и кратката цевка, ќе добиеш оружје кое ако не ти прсне или се распадне во рака, тешко дека и ќе погоди нешто прецизно ни на 10 метри.
Верувај дека издржуваат
Не се прецизни за над 10 метри, но тебе ти треба за пократко растојание, ако дојде коса до камен. Затоа и напоменав, треба да се оди на минимална обработка на цевката до првиот калибар што може да се усклади, но не би објаснувал ништо повеќе.
Некогаш и ти треба за кратко растојание, пример сачмарките т.е чифтиња, бокерици што ги користат во „мафијашките кругови“ со потсечени цевки се со намера да рашират сачмите уште од старт за да направат поголема штета на пократко растојание, ако си пукал со обично чифте сигурно имаш забележано дека сачмите шират после неколку метри и во зависност од обработеноста на цевката внатре може да шират како сноп или да ги пука линиски, пример десната и левата цевка не мора да имаат иста обработка и да испукуваат ист сноп на сачми.
Во принцип кај оружјата во цивилната употреба, посебно поевтините пиштоли, сачмарки, малокалибарки, карабини, нема голема наука ниту во ударните игли, ниту во цевките, филозофијата е да поднесуваат соодветен притисок со полнењето во куршумите/фишеците, дијаметарот на цевката соодветен на калибарот, ударната игла да има фиксиран правец кон „кабзите“ (кај нас така ги викаме) и една ректификација на нишанот, со соодветна опрема може што сакаш да произведиш, машинки за полнење на муниција во домашни услови имаат скоро сите ловџии, барут се наоѓа на кило, сачми и кабзи имаш во секоја продавница за ловна опрема, тапите од меките влечки и цврст картон
[DOUBLEPOST=1496613128][/DOUBLEPOST]
БитПазар е рај за пиротехнички средства, а за огнено оружје тоа само може да си пуштиш дома на DVD некој акционен филм во кој има доста пуцање од секакви метални цефки ... филмчиња со старите добри Сталоне, Шварци, Долф Лундгрен и сл. фраери !
Како што претходно пишаа во МКД се доста строги законите особено за некои вакви работи какви што ти сакаш да купиш b.t.w. aко гледаме по закон е строго забрането и продавање/купување како и користење на било какви пиротехнички средства арно ама како што гледам и слушам околу мене ечи од секоја втора-трета куќа петарди големи и силни како бомби и огномети од секој калибар за празници, слави, свадби, матурски, нови години и.т.н.
Црниот пазар за оружје кај нас го држат во моментов „браќата“, скоро во сите села и градови имаат чауши што шиткаат оружје и тоа за смешни цени, само не прашувај колку пати е користено претходно.