Официјални трансфери/позајмици

  • Креатор на темата Креатор на темата Fantom
  • Време на започнување Време на започнување
Sebastian Pinto од Universidad de Chile во Реал Мадрид
 
Di santo dali e realiziran transferot ili ne.Gledam nema nisto na nivnata web strana i na ostanatite strani pa ako nekoj znae neka kaze..pozdrav...
 
Овај е некој млад играч, и сега ќе поигра за РМ Кастиља малку, така?
Да,21 годишен чилеанец и е донесен за да помогне во Кастиља а доколку се укаже шанса и да заигра за првиот тим.
 
lassana diarra od arsenal vo n'castle - mislam oti e gotova rabota
 
Официјално е готова, неофицијална е само цената од 5.5 милиони фунти.
 
Многу шпекулации има овој преоден рок.
Челзи го договори Ди Санто уште пред да почне трансфер пазарот,секаде пишуваше дека и Ивановиќ потпишал,уште пред 5,6 дена.Ништо од тогаш!!! На официјалната страна на Челзи нема ништо ни за двајцата.
Тоа ништо,туку многу ми се интересни трансфериве на нашиве фудбалери.Секогаш ги бара пола Европа и на крај ќе завршат во Израел или во Бугарија.
Владе Лазаревски изјави дека на 2 Јануари ќе потпишел за Дерби,Илчо на 7ми требаше да ги заврши преговорите со Мидлзборо( кој понудил 4мил.евра само за да им го лапне пред нос на Ридинг!)
Величе го бараа од ВБА,сега Андерлехт загриза за Тричковски.
За Пандев да не правиме муабет...
 
Тоа ништо,туку многу ми се интересни трансфериве на нашиве фудбалери.Секогаш ги бара пола Европа и на крај ќе завршат во Израел или во Бугарија.
Владе Лазаревски изјави дека на 2 Јануари ќе потпишел за Дерби,Илчо на 7ми требаше да ги заврши преговорите со Мидлзборо( кој понудил 4мил.евра само за да им го лапне пред нос на Ридинг!)
Величе го бараа од ВБА,сега Андерлехт загриза за Тричковски.
За Пандев да не правиме муабет...

Така е тоа, на неколку места на форумов пишував за “врската“ помеѓу трансферите на македонските фудбалери и “Македонски спорт“. Значи, “новинарите“ од спорт или немаат среќа па не можат да погодат ни еден трансфер или пак се бават со шпекулирање наместо со информирање. Мене, после долго време на читање на овој весник (пошто за жал друг спортски весник кај нас нема) ми се чини дека е тоа второто. Како потврда на тоа, еве ви го пренесувам последниот “бисер“ од Македонски спорт:

Хановер го бара Сашко Пандев

Германскиот бундеслигаш Хановер е заинтересиран за услугите на нашиот младински репрезентативец Сашко Пандев. Откако му истече позајмицата во Интер Запрешиќ каде што настапуваше во првата полусезона, помладиот од браќата Пандеви во новата година повторно се врати во старото "јато". Тренира со Динамо Загреб, но мисли на нов трансфер.

Хановер веќе и официјално има испратено понуда за нашиот фудбалер до канцеларијата на Динамо Загреб. Преговорите се одвиваат на ниво на клубови, меѓутоа сосема е јасно дека ниту Сашко Пандев не би имал ништо против да се пресели во Германија.

"Ми истече позајмицата во Интер Запрешиќ и сега повторно сум во Динамо Загреб. Знам за понудата на Германците до мојот клуб, но се ќе се знае во текот на месецов", вели Пандев притоа дополнувајќи дека има заинтересираност и од клубови од Белгија.

"Моите менаџери се во преговори и со уште неколку други клубови од Белгија и Германија, иако според најавите тука во Хрватска можно е Динамо повторно да ме испрати на позајмица, но овој пат во Меѓимурје", вели помалиот Пандев.

Сега, да не ме разбере некој погрешно, не е дека Сашко Пандев е лош фудбалер. Сум го гледал 2-3 пати, не е на нивото на брат му ама сепак е добар играч. Само сакам да знам како тоа Хановер се заинтересирал за фудбалер кој игра во Интер Запрешиќ, каде што обично влегува од клупата, и тоа толку многу што веќе испратиле понуда до Динамо. А во Динамо немало место за Сашко Пандев, ама се двоумеле дали да го одбијат Хановер и да го пратат во Меѓумурје :tapp:

Инаку во истиот број на Спорт и Црвена Звезда и Партизан се тепаат по Тричковски. Само што Партизан купи друг напаѓач (Чадиковски) ама тоа не е важно, има Партизан пари. А Лазаревски го префрлија во Динамо Киев. Кај и да е, некој трансфер ќе погодат.

Мислам, луди ли се овие или ние што ги читаме? Да се немало мерка никаква. За нивното “професионално новинарство“ треба да се отвори посебна тема. Само незнам дали овде или во хумор...
 
Еј дечки ај ве молам олабавете малку со трансфериве.
Ни Маниче не е отиден официјално ниту Диара.
Само кога имате нешто официјално кажувајте + линк
:smir::smir:
 
Анелка во Челзи. Еве линк. Ај за убоо нека е, ѕвер зедоа..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom