Од што исчезнале диносаурусите ?

  • Креатор на темата Креатор на темата Human
  • Време на започнување Време на започнување

Дали диносаурусите исчезнале како последица на судир на Земјата со астероид?

  • ДА

    Гласови: 84 52,8%
  • НЕ (постои друго објаснување)

    Гласови: 75 47,2%

  • Вкупно гласачи
    159
Сега ќе ве налутам сите, одговорот е... САМО ГОСПОД знае како изумреле :) :) :)
Во секој случај ќе изумреле сами по себе, дури и метеорот да немал некаков удел во нивното истребување. Едноставно не биле создадени да владеат со светов, биле преголеми. Тие биле грешен пат на еволуцијата, а еволуцијата им дава шанса само на најспособните.
 
Ех, како изумреле. Извесни легенди упатуваат дека умреле од депресија и глад кога оделе на други континенти разочарани поради невозвратена љубов. Други тврдат дека ги средил Големиот потоп. Трети велат дека некаков запален џиновски камен се спуштил од небото и ги поклопил.
Има и такви што веруваат дека диносаурусите се уште меѓу нас преправени како жаби, кокошки и папагали и подмолно и тајно управуваат со светот.
 
Ех, како изумреле. Извесни легенди упатуваат дека умреле од депресија и глад кога оделе на други континенти разочарани поради невозвратена љубов. Други тврдат дека ги средил Големиот потоп. Трети велат дека некаков запален џиновски камен се спуштил од небото и ги поклопил.
Има и такви што веруваат дека диносаурусите се уште меѓу нас преправени како жаби, кокошки и папагали и подмолно и тајно управуваат со светот.
Како можам да умрат од депресија .-. тоа нема смисла. Немало никаков потоп што се знае што би можел да ги убие сите диносауруси и да можеби Госпот го пратил тој мал камен со пламен да се ги убие чедата пред луѓето. Не се знае ч-ч
 
не се исчезнати, се кријат.
 
Како прво исчезначе(на куманоски снемало ги) крупни цицачи кои су биле исхрана на њима(дино саурузи) онија помали се криле у легло или у дукпе, такозфано у земњу : ) Док е бија тј гнасан период после тј астероид, Мрзу га муабет ама стфано е било кој ке преживи прича ќе : D

Такој да они су владале сс планету највише кислород су рокале, а он е бија ограничен тк. такој да не су успеале,умреле су
Е такој су умрече дино саурузи : )
 
Јас сум застапник на теоријата на „шуплива Земја“ и според оваа теорија диносаурусите сеуште постојат, во внатрешноста на земјата, се разбира. Таму гравитацијата е помала, а температурата е константна 23 степени, идеални услови за џиновски рептили. Според оваа теорија и њу ејџ движењето најинтелигентните суштества на оваа планета, кои управуваат со неа се исто така рептили.
клик
 
koj vika deka isceznale, mozebi evoluirale isto i sega se megju nas :zloo:
..i onaka istorijata e fake do koska ;)
 
Нашите потомци далеку во иднината измислија временска машина па се враќаат во минато и диносаурсите ги убиваат и ловат за потребите на индустријата за преработка на месо пошто планетата е пренаселена
 
Голем удар близу Индија (не Мексико) можеби ги убил диносаурусите


Огромен, мистериозен басен близу брегот на Индија можно е да е најголемиот т.н. мулти-прстенест ударен кратер, кој некогаш бил пронајден на Земјата. Ако оваа нова студија е точна, овој удар може да го надмине оној кој го создал кратерот Чиксулуб на полуостровот Јукатан во Мексико за кој се смета дека е одговорен за исчезнувањето на диносаурусите пред 65 милиони години. Санкар Чатерџи (Sankar Chatterjee) од Технолошкиот Универзитет на Тексас и тимот истражувачи ја испитуваа депресијата на дното на Индискиот Океан со дијаметар од 500 km, за која се верува дека е предизвикана од болид најверојатно 40 km во дијаметар. Таков настан би можел да покрене големи климатски промени, вклучувајќи и интензивна вулканска активност која довела до масовно истребување.

Уште од '90-те години на минатиот век се смета дека астероидот до дијаметар од 10 km, кој го формирал кратерот Чиксулуб во Мексико, е одговорен за истребувањето на диносаурусите. Овој удар можеби го предизивикал истребувањето, а ако не, ударот кој го формирал Шива кратерот, 300 000 години подоцна, сигурно го доуништил животот на Земјата.

Krater_Indija.jpg

Масовниот Шива басен е депресија која се наоѓа западно од Индија и денес масовно се експлоатира заради резервите на нафта и природен гас. Некои делови од овој кратер се меѓу најпродуктивните места на Земјата. Ако истражувачите се во право ова е најголемиот кратер на Земјата. Сепак, некои геолози не се согласуваат со ова тврдење дека депресијата е создадена од удар. Сметаат дека е тоа само дупка во Земјината кора, најверојатно предизвикана од вулканска активност. Но, Чатерџи сепак цврсто смета дека Шива е ударен кратер и смета дека геолошките докази се драматични. Надворешниот раб е груб, испрекинат и огромен. Тоа е прстен голем 500 km во дијаметар, опкружувајќи го централниот врв познат како Бомбај, кој е 5 километри над океанското дно (колку и планината МекКинли). Најголем дел од кратерот лежи на Индиската континентална плоча, но онаму каде што се среќава со брегот има гребени и топли извори. Ударот изгледа уништил поголем дел од 30 милји дебелиот гранитен слој на западниот дел од Индија. Ако големата депресија е предизвикана од удар, Земјината кора на местото на ударот би требало да испари оставајќи зад себе ултра-жежок материјал. По се изгледа ударот ги зголемил вулканските ерупции кои покриваат поголем дел од западна Индија. Уште повеќе, ударот ги оттргнал Сејшелските острови од Индиската тектонска плоча и тие се придвижиле кон Африка.

Истражувачкиот тим се надева дека ќе има можност да отиде да истражува во Индија до крајот на оваа година за да ги испита карпите ископани од центарот на кратерот, со цел да се соберат докази кои ќе покажат дека басенот е резултат на гигантски удар.

www.astronomija.com.mk

Пред 65 милиони години имало вулкански ерупции од апокалиптични раземери.зависи место-положбата на самите активности каде настанале
 
Пред 65 милиони години имало вулкански ерупции од апокалиптични раземери.зависи место-положбата на самите активности каде настанале
Најверојатно кратерите во Мексико и Индија се створени од вулкански ерупции. Мене теоријата дека земјата ја погодиле огромни метеори не ми е логична, ако ја погодиле тогаш би требало и ден-денес во тие кратери да има остатоци од метеоритот.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom