Се деси на вториот состанок, односно првиот официјален состанок кога излеговме сами, така што може да се вброи во темава. Мислев едно, испадна друго...каша попара и ете, сега врската кај и да е ќе заврши, затоа што едноставно се беше премногу избрзано.
Од секогаш поубаво излегувало кога работите се одвивале поспоро. Сега под споро не мислам на 9 месеци, ама ете неколку состаноци, чисто да видам дали има можност да “кликне“.
Нормално зависи. На некого врската и од прва може да му трае со години, а и врската што одела поспоро не значи дека ќе трае подолго. Ама од сопствено искуство и моите планови за понатака, планирам да не влегувам толку брзоплето во врска.