Очигледни докази на Божјото постоење

  • Креатор на темата Креатор на темата Omer el Faruk
  • Време на започнување Време на започнување
Проблемот е твоето неразбирање на ајетите.:toe: Ги погледна видеата?:wink: Таму имаш убаво,на тенане и за УГНЕТУВАЧИТЕ и за УГНЕТЕНИТЕ!
 
Добро е, тоа е доказ плус за темата. :)

Тоа што јас го барам и го најдов пријателе, било и пред Бинг Бенгот,и после него, и сега и утре..... ОДУВИЈЕК И ЗАУВИЈЕК. :)

Едит. За да не се лути Neemo, да преведам: ОТСЕКОГАШ И ЗАСЕКОГАШ!
Го најде тоа што го бараше? Каде, во босански муџахедински документарци со триста милиони глупости и лаги наведено?
Ти во Босна да не си израснал? Таму од градинка, од 4-годишна возраст ги тераат Куранот на памет да го учат, ги носат во џамија и им ги полнат главите со национална и верска омраза кон сите не-муслимани, па после какви луѓе очекуваш да израснат од нив?
Сега ми станува јасно од каде целата омраза на Балканот која трае со векови и векови.
 
Погледни убаво. :)

:oftopic:
Немој да збориш на памет!

Босанците (сите заедно) беа најлиберални во верски поглед, а воедно и другаришта...болани....тоа што неколку будали им го направија во 90-тите се граничи со лудост....

Незнам дали си бил да ја почуствуваш атмосферата во предвоено Сараево.....

јбг....само херцеговците беа малку чудни:kesa:
 
Го најде тоа што го бараше? Каде, во босански муџахедински документарци со триста милиони глупости и лаги наведено?
Ти во Босна да не си израснал? Таму од градинка, од 4-годишна возраст ги тераат Куранот на памет да го учат, ги носат во џамија и им ги полнат главите со национална и верска омраза кон сите не-муслимани, па после какви луѓе очекуваш да израснат од нив?
Сега ми станува јасно од каде целата омраза на Балканот која трае со векови и векови.
Не сум го прочитал куранот ама дај напиши каде во него пишува за омраза.Според мене во куранот пишува за повеќе прошка него во библијата,е сега бедуините што си го толкуваат како сакаат тоа е друга работа.
 
Потполно се сложувам. Имаме погрешно мислење за муслиманите. Ни најмалку Куранот пробува да укаже на џихад или да ги поттикнува муџахедините или не знам уште што. Она што ме натера на позитивно мислење за муслиманите е тоа што го пишува во Куранот (нема да го цитирам, само приближно) дека `Ако даваш милостина е убаво, а уште поубаво ако дадеш милостина без никој да знае`. Ете, тоа со џихадот е филмот на некои напалени, необразовани, и не знам уште какви мизерни луѓе, кои се обложувам немаат прочитано ни К од Куранот и немаат ни основни познавања за својата религија!

P.S. Темава оди никаде со разговоров!
 
Не сум го прочитал куранот ама дај напиши каде во него пишува за омраза.Според мене во куранот пишува за повеќе прошка него во библијата,е сега бедуините што си го толкуваат како сакаат тоа е друга работа.
Никаде во мојот пост не кажав дека Куранот пропагира омраза, туку муџахедините од Саудиска Арабија и Либан, дојдени во Босна во 90-тите го прават тоа.
Пропагираат за чистењр на се немуслиманско во Босна и отфрлање на Република Српска од картата на БиХ.
Се супер си беше во предвоеното време и кога бевме сите заедно, владееше комунизмот (социјализам потошно), но се знаеја вистинските вредности, а религиозните не беа меѓу нив.
 
СО ОВА СЕ СОГЛАСУВАМ !

инаку претходно беше недоречено што навистина можеше секако да се разбере

друг пат ....дообјаснувај ги работите :smir:

Се супер си беше во предвоеното време и кога бевме сите заедно, владееше комунизмот (социјализам потошно), но се знаеја вистинските вредности, а религиозните не беа меѓу нив.

точно така комунизам никој недочекал на оваа планета .

но и самоуправувањето ДОКАЖА дека може и да се живее човечки , добро , хумано ама условот бил да се елиминираат капиталистите , властољупците и религиите

религиозни вредности ?!?!?!? непостои таква работа .!
 
Никаде во мојот пост не кажав дека Куранот пропагира омраза, туку муџахедините од Саудиска Арабија и Либан, дојдени во Босна во 90-тите го прават тоа.
Пропагираат за чистењр на се немуслиманско во Босна и отфрлање на Република Српска од картата на БиХ.
Се супер си беше во предвоеното време и кога бевме сите заедно, владееше комунизмот (социјализам потошно), но се знаеја вистинските вредности, а религиозните не беа меѓу нив.
Како прво и прво во Југославија било мирно бидејќи имало повеќе Словенци(или други)во Босна него Босанци.Тито ги мешал за да не се скараат.Иначе религија постоела и тогаш луѓето си оделе во црква ама се пропагирало дека верата се лажење народ(што се сложувам) и дека треба да се искорени.Нај голема причина според мене дека викале така е дека се плашеле од конкуренција од поповите.Дека можда народот ќе се клања на попот повеќе него на Тито.
 
Дечко, не знам колку си добар по историја, но бошњаците СЕ Словени, иако самите го негираат тоа, си ги негираат сопствените корени.
Нив гледај ги како нашите торбеши, исти корени, различна религија.
 
Дечко, не знам колку си добар по историја, но бошњаците СЕ Словени, иако самите го негираат тоа, си ги негираат сопствените корени.
Нив гледај ги како нашите торбеши, исти корени, различна религија.
Не ми беше тоа поентата.
 
в ред, Бог постои, но зошто треба да му верувам? може ли тој мене некоја работа да ми заврши?
 
Човечката работа е под мудроста на моќта на неговиот Создател

Ако така стојат работите со човечкото тело, тогаш верувајте во Бог кој што потполно ве контролира, а ако не верувате во Неговиот Џеннет и не ги сакате Неговите награди, па тогаш плашете се од Неговата казна, а ако не верувате во ахирет, плашете се од Неговата казна на овој свет, бидејќи Тој потполно го контролира се што е ваше и може со вас да направи што сака.

Покрај тоа, Возвишениот Бог има и други смерници со кои не усмерува на Својата моќ, величенственост и постоење. Ако и понатака го одбивате верувањето во Бог и говорете: “Јас сум свој господар!”, тогаш кога ќе ви дојде Божјата наредба со смрт, одбранете се од неа и речете: “Не, јас нема да умрам!”. А ако ви дојде Божјата одредба со нешто што го мразите и презирате, како на пример, да настрадате во сообраќајка, или да паднете и да ги искршите коските, вие речете: “ Не,јас нема да паднам!”

Сето ова се принудени одредби на Моќта испред која што никој не може да се испречи, ниту да каже: “ Тоа со сигурност ќе го направам утре, а тоа не!”, бидејќи Возвишениот Бог не ни го подарил правото на избор со: Тоа ќе го направам, а тоа не; во прашањата на Своите одредби кадер – судбина, кои што ни се случуваат. Божјата одредба се извршува над нас и покрај нашата волја и сакање и нас ќе ни се случи само она што е пропишано со кадерот, сеедно дали ние ќе бидеме задоволни со тоа или не!!!! Насекаде околу вас се случуваат настани во кои што воопшто немате право на слобода на избор, т.е. Слободна волја.

Некои луѓе се обидуваат да расправаат за ова, па говорат: “ Снажен и способен човек може самиот на себе да си ја одреди судбината – кадерот!” Ние им порачуваме дека Чесниот Кур'ан веќе им дал одговор на таквите луѓе во кој што Возвишениот Бог вели:

Речи: “ О Аллах, власта е во рацете Твои: ја даваш кому сакаш и ја одземаш од кого сакаш. Ти на оној кој што сакаш го воздигнуваш, а на оној кој што сакаш понижуваш. Секое добро е во Твојата рака. Ти си, навистина, Кадар за се!” ( Али – Имран, 26.)

Мораме да обрнеме полно внимание на зборовите од Возвишениот:

“...власта е во рацете Твои: ја даваш кому сакаш ...” ( Али – Имран, 26.)

т.е., не постои ниту еден човек кој што доброволно ќе се откаже од власта, положбата и честа, туку тоа секогаш од него мора да се одземе ( со силата на законите или со физичката сила). Токму поради тоа се случуваат и револуциите и пресвртите, како би се отстраниле од власта оние кои живеат во уверување дека целиот свет и нивен и дека тие се кралеви на овој свет, па можат да прават што сакаат и тоа по пат на своите зборови, наредби или движења со рацете. Затоа Возвишениот Бог настапува за тие да се тргнат од власта, спротивно на нивната волја и желба да останат и понатака. Така можете да видете, како оние кај кои луѓето своевремено се засолнувале и барале заштита, се неспособни да се одбранат и да се заштитат самите себеси, па во даден момент бегаат од место во место сокривајќи се во глувчји дупки...1

Исто така, можете да ги најдете сите оние кои ѓто се опседнати со овој свет како се надеваат и сакаат луѓето да го земат се она што тие го поседуваат, само да ги поштедат и остават во живот...

(1 Да се присетиме на судбината на Хитлер, Садам и другите силници од кои своевремено стравувал целиот свет, како последните денови од животот ги поминувале скривајќи се во глувчји дупки...)

Сето ова се случува за Возвишениот Аллах,џ.ш.,нам да би ни го привлекол вниманието дека никој не ја добива власта или високата положба чисто според својата желба и планови, туку сите тие нешта се одредби на судбината која Бог,џ.ш. им ја пропишал на Своите созданија. Кога ќе дојде на ред Божјата одредба, од човекот на власт се одзема се.Да се прашува само тој, никој не би можел ништо да му направи, а сеуште во вселената не постои човек кој што може да утврди дека е изземен од судбината која што е одредена со Божјиот кадер / одредба.

Ако сето ова што го наведовме е точно, тогаш тоа е очигледен материјален доказ дека човековата судбина ја одредува кадерот / одредбата на неговиот Творец, и дека човекот на себеси не може да си присвои било каква корист или штета без волјата на Возвишениот Бог!...

Ако после ова се осврнеме на човековата работа и неговиот овосветски ангажман, ќе најдеме дека луѓето многу често зборуваат: “ Ќе го направам тоа и тоа! Ќе го направам така и така!” Ние на таквите им порачуваме: “ Вие тоа можете да го направите само со Божја волја и одобрение!” Секоја работа бара време, место, носител на работата, објект на кој се врши работата, а вие не контролирате ништо од тоа.

Што се однесува до носителот на работата, па вие дури не го поседувате ниту моментот во кој живеете, а поготово немате гаранција дека ќе ја проживеете наредната секунда, дури и во случај сите лекари и нивните наоди да ви зборуваат дека навистина ќе ја проживеете!!...Зарем не постои голем број на луѓе кои не се жалеле на ништо, а одненадеж паднале мртви?! Луѓето тогаш зборуваат: “ Доживеа ненадеен мозочен удар!”, или “ Доживеа ненадеен срцев удар!”, или “ Му падна крвниот притисок!”...

Сите наведени работи се причини, но вистинската причина зад сите нив е дека му настапил еџелот – смртниот час. Тоа го потврдуваат и зборовите на Возвишениот:

...па кога ќе дојде нивниот определен рок... та, ни за миг не ќе можат да го задоцнат а ниту да го забрзаат.” (Ел- А'раф, 34)

Значи, тој час дошол од Причинителот, а тоа е само Возвишениот Бог, па неминовно завршил тој живот...

Човекот не го поседува дури ниту моментот во кој што живее

Навистина е чудно кога гледаме дека и најдобрите кардиолози на светот умираат од срцеви заболувања, или кога и најдобрите невролози умираат од мозочни заболувања. Ако, навистина, мислите дека го поседувате моментот во кој што живеете и дека ќе останете живи до завршувањето на некоја работа, можеби сепак ќе ве снајде некоја болест која што ќе ве парализира така што нема да можете да ја завршите планираната работа. Ова е во поглед на говорот за носителот на работата.

Што се однесува до факторот на времето, вие воопшто немате власт над времето, но, затоа Возвишениот Бог има. Затоа често се случува да настапи времето за да се сработи нешто, но одненадеж излегува нешто и ве спречува во тоа, како напр., вашиот син доживеал сообраќајка, ви умрел некој во семејството, ви излегло итно патување поради неодложна работа, а можеби дури ве запреле и уапсиле поради некаков прекршок, злочин или оптужба.

Значи, вие воопшто не го контролирате времето и воопшто не можете да тврдите:” Јас сигурно тогаш, ќе го направам тоа и тоа!”

Во поглед на местото над вас, исто така, лебдат безброј можности, како напр., сте одбрале место за изградба на некој објект, па потоа ќе констатирате дека во меѓувреме, државата ја забранила таа изградба; или се појавиле наследниците на тој плац за кои што воопшто не сте знаеле и ве спречиле во работата; или дознавате дека преку таа локација е планиран пат; или ќе откриете дека испод земјата се наоѓаат подземни води кои што прават зејмиштето да биде неискористено за градба , итн.

Што се однесува до работниците, можеби не ќе можете да најдете работници кои што ќе можат тоа да го направат, можеби работниците ќе ве одбијат, можеби нема да ви дојде посредникот со кој сте се договориле, можеби нема да ви дојде службеникот кој треба да ви го даде одобрението за градба, итн.

Во суштина, вие не контролирате ништо од сите фактори на некоја работа.

Поради тоа Возвишениот Бог од вас бара да бидете културни и паметни, па, при таа работа да го повикате Оној, кој што навистина има над се контрола, т.е. Вистинскиот Работник.

Возвишениот Аллах вели:

И никогаш не вели, во врска со некоја работа: “ Ова ќе го направам утре “, -само: “Иншаллах (ако даде Бог),” и кога ќе заборавиш спомени Го Господарот твој и речи: “ Господарот мој, можеби, ќе ме упати кон она што е поблиску од овој показ!” (Ел-Кехф,23-24). т.е. кога шејтанот ќе направи да заборавите дека сета сила и моќ му припаѓаат на Бога, сетете се на оваа вистина и не преминувајте преку неа.

После сето наведено доаѓаме до втората муџиза во човечките души, а тоа е муџизата на Чесниот Кур'ан. Во Кур'анот се наоѓаат бројни муџизи, но ние овде зборуваме за муџизите во човечката душа.

Сите луѓе имаат способност и памет. Кај учениот човек паметта е поголема отколку кај оној кој што не е толку учен, а поготово отколку кај оној кој што не е писмен. Сите нив неможно е да ги собериш за со својата памет да посведочат нешто, затоа што секој од нив ќе реагира складно на своите капацитети и можности. Ако например, се работи за некое предавање за деталите на некоја научна тема, на тоа може да му се придружи само оној кој што тоа го разбира. Ако на тоа предавање би присуствувале и неписмени луѓе, вниманието потполно би пропаднало. Тоа правило важи за сите области на овој свет.

Меѓутоа, ако дојдеме до Чесниот Кур'ан, кој што е Божји Говор, ќе видиме дека душите на сите верници се собираат со него со полно внимание. Нив воопшто не ги врзува врската на науката или културата. Единствениот мост помеѓу нив е иманот – верувањето.

Кога ќе влезете во џамија ќе го видете неукиот, делимично учениот и големиот научник како заедно седат и внимателно го слушаат учењето на Чесниот Кур'ан. Ќе видете дека сите заедно се хармонизирале врз Кур'анот, на кого нивните души потполно му се препуштиле, душите им се возбудени и очигледно се одмараат и уживаат врз него. Помеѓу нив воопшто нема разлика, дури и ако тука се наоѓаат оние кои што воопшто не го разбираат арапскиот јазик – јазикот на Кур'анот, ќе видете дека и тие седат внимателно, и слушајќи се препуштени на хармонијата на Кур'анот со видно возбудени души.

Потоа настапува намазот и сите хармонично, складно и послушно стануваат по имамот.

Во тие моменти сите овосветски разлики помеѓу нив исчезнуваат, а на сите ги обединува само врската на иманот – верувањето.

Потоа сите заедно клањаат во хармонија, бидејќи способностите кои што ги создал Бог во нив се хармонизирале и ускладиле со Божјиот Говор. Затоа не можете да приметите разлика помеѓу нив, нити да видете нешто освен иманската еднаквост.
 
в ред, Бог постои, но зошто треба да му верувам? може ли тој мене некоја работа да ми заврши?
Што знаеш :) може ќе ти заврши....

Имаше тука погоре некој од овие докажувачите што откачи нешто као: „...абе ништо не ме кошта да верувам, пошто ко ќе скинам, ако стварно постоел - ќе ми биде ОК, ако не - никому ништо...“ /парафраза/

Џабе. И книга и религија и верба ти е џабе, ако се ценкаш и калкулираш... Религија е да се слепо и некритички верува. Духовност е нешто сосем друго. Малку има врска со религија. Особено деновиве.
 
Значи да сублимираме во две реченици од постов твој Омар Ел Фарук нашата волја е всушност Божја и ние само судбински чекориме во неговата креација.

Значи оној некни што се расцвета како пуканка во Мосул и уби 30 лица од кој повеќете жени и деца и тоа во негово име не е слободна волја на лудакот туку е Божјо дело ,ако е така јас воопшто не сум импесиониран од него.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom