Прв доказ: Создавање
Ако сакаме да зборуваме за очигледните материјални докази на Божјото постоење мораме да започнеме со создавањето. Тоа е јасен доказ кој што секојдневно стои пред нашите очи и кој потполно го чувствуваме, бидејќи го живееме.
Почетокот на оваа дискусија лежи во прашањето:
Дали овој свет со сето во него постоел пред создавањето на човекот или не?
Тоа е прашање за кое никој не може да дискутира,бидејќи никој не смее да рече дека создавањето на небесата и Земјата е завршено после создавањето на човекот, што би значело дека човекот се појавил додека не постоеле небесата и Земјата на која би живеел, ниту Сонцето кое би го осветлувало, ниту ноќта и денот, како ниту воздухот кој би го вдишувал!?...
Неспорно е дека човекот се појавил кога се веќе било припремено за неговото доаѓање. Значи, небесата и Земјата се создадени многу понапред пред да дојде човекот на Земјата и воопштено пред да се создаде.
Што повеќе, не само што се му било припремено, туку и далеку поголемите предмети,кои потполно ги надминуваат човечките способности, веќе биле создадени и ставени на негово располагање, како би му биле обезбедени сите животни услови. Некои ги добил без никаква надокнада, додека другите му се создадени и овозможени, но дури откако ќе го вложи целиот свој труд и работа, а сето тоа е направено така за да се овозможи и употполни изградбата на цивилизацијата на земјата.
Значи, потпирајќи се само на паметот никој не може да расправа за прашањето дали оваа вселена е создадена и припремена за живот пред воопшто да се создаде човекот. Кога Ел – Хакк ( Вистината) џ.ш., ни вели:
“
Тој за вас се што постои на Земјата го создаде, потоа Својата волја кон небото ја усмери и како седум небеса го уреди; Тој се знае.” ( Ел – Бекаре, 29.) никој не може со својот памет да расправа за тоа, бидејќи светот е создаден пред човекот, па како може човекот да прави нешто пред да биде создаден!?
Потоа доаѓа чесниот ајет:
“ И кога Господарот твој им рече на мелеците: “ Јас навистина на Земјата ќе поставам намесник...” ( Ел – Бекаре, 30.)
Ние велиме дека сето ова ја потврдува вистината дека вселената е припремена за човекот пред да биде создаден тој. Сето тоа разумот јасно и лесно го прифаќа и потврдува без
никаква дискусија.
На тој начин дојдовме до почетната точка, а тоа е признавање на вистината дека Возвишениот Бог со Своите совршени својства и Својата моќ ја создал оваа вселена, ја обликувал и уредил без ничија помош од страна, која што воопшто и не му треба, па ние луѓето сме дошле на овој свет откако истиот претходно веќе бил потполни припремен за нас.
Движењата и потенцијалите на оваа вселена воопшто не се под управа на нашата моќ. Што повеќе, тие се далеку изнад сите наши познавања и можности. Така на пример, Сонцето неспоредливо е посилно и помоќно од целото човештво и секогаш така ќе биде. Исто е и со Земјата, морињата, планините и др.
Мораме нужно да заклучиме дека некои созданија ни ги потчинил Оној кој шо ги создал,а не дека тоа сме го направиле ние со своето знаење и моќ.
Најголемиот доказ дека небеските тела се потполно потчинети лежи во фактот што тие не можат да бидат непокорни...
Така на пример, невозможно е Сонцето да изгрева еден ден а еден не, поведувајќи се чисто по својата волја, како и топлината и условите за живот да им ги обезбедува на оние на кои што сака, а да им ги ускратува на оние кои што исто така сака. Исто така, ниту кислородот не може еден ден да биде достапен, а другиот недостапен, како што ни дождот не може во целост да и ја ускрати водата на земјата, што потполно би го загрозило животот и луѓето би биле доведени на работ на пропаста. По тој ред, ниту земјата, сама од себе, не може да го запре никнењето на растенијата...
Ништо од наведеното не може да се случи без Божјата дозвола...
Од друга страна, луѓето не можат да утврдат дека имаат било каков удел во вселенските случувања, зошто создавањето на небеските тела, нивното постоење и делување е потполно надвор од човечките желби, можности и влијанија.
Значи, дојдовме и до човекот и видовме дека тој е последен кој што мора да го признае и посведочи постоењето на својот Создател и Творец, бидејќи не постои никој друг кој што може да докаже дека го создал на човекот, ниту пак постои некој паметен, кој може да докаже дека се создал самиот себе си...
Оттргнување на сомнежите и подметнувањата
Значи, прашањето на создавање потполно е резервирано за Возвишениот Бог и воопшто не подлегнува на било каква рационална расправа.
Ако веќе се појават поединци со став дека овој свет е создаден случајно, ќе одговориме дека наполната случајност никогаш не може да создаде толку прецизен систем во вселената како што е веќе постоечкиот. Тоа е апсолутно исклучено и неможно, без оглед на поминувањето милиони години од постоењето на оваа вселена.
Ако пак, се појават поедини научници и утврдат дека отсекогаш постоеле атоми кои што мирувале, па се раздвижиле, умножиле и обединиле ( па така ја формирале вселената), ние ќе ги прашаме:
“ А кој ги создал тие честички и кој ги помрднал од состојбата на мирување?”
Ако пак речат дека животот започнал од една станица во водата како резултат на хемиските реакции, ние ќе ги запрашаме:
“ А кој ги создал тие хемиски реакции за да ја создаде таа станица?”...
Со лицата кои што тврдат слични работи , ние никогаш нема да влеземе во бесмислена и бесплодна дебата за тоа, туку само ќе им соопштиме дека во чудата на Создателот спаѓа и тоа што тој нас не известил за појавата и доаѓањето на таквите научници многу понапред пред да се појават тие. Што повеќе, дури не известил дека тие луѓе се заблудени , т.е. луѓе кои што живеат во заблуда, а врз тоа и уште многу други ги повикуваат во заблуда. За тоа , Ел Хакк, џ.ш. вели:
“ Јас нив не ги имав за сведоци при создавањето на небесата и Земјата и при создавањето нивно, и не ги земав за помош скршнатите во заблуда!” ( Ел – Кехф, 51.)
Така можеме да ги видиме оние кои што доаѓаат со своите лажни теории за на луѓето да ги одведат во заблуда како зборуваат за почетокот на создавањето на небесата и Земјата и за почетокот на создавањето на човекот. Гледаме денес кој заговара дека човекот настанал од мајмун. Во прашање е теоријата која просто ја преплавува бесмисленоста и навредата на здравиот памет.
Ние уште немаме видено мајмун кој што се претворил во човек, а ако човекот потекнува од мајмун, зошто тогаш мајмуните останале во својата форма и зошто и тие не се претвориле во луѓе. Ако сето тоа е точно, кој, односно, што во тој случај спречило и на нив да им се случат истите промени, ако веќе нешто такво се случило во минатото?!...
Заговорниците на оваа теорија заборавиле дека за постоењето на човекот е нужно постоењето на машко и женско, во спротивно ќе изумре видот, а тие, кога веќе утврдиле дека мајмунот се претворил во човек, заборавиле да спомнат откаде дошол мајмунот кој што се претворил во жена, за да би дошло до репродукција...
За да не навлегуваме подлабоко во неплодна дебата на заговорниците со слични идеи им препорачуваме:
“ Атеисти, вие самите ја потврдувате верата и Аллаховиот говор!”
Се прашувате како? Одговорот е едноставен: Да не се појавеа заблудените кои што со своите лажни теории за создавањето на небесата и Земјата и создавањето на човекот ги одведуваа луѓето во заблуда, ќе речевме дека Возвишениот Бог во Чесниот Кур'ан нас не известил дека ќе се појават луѓе со свои заблуди за создавањето на небесата и Земјата и создавањето на човекот, а ете нив ги нема.
Меѓутоа, фактот дека тие токму се појавиле и фактот дека тие ја застапуваат токму таа теорија за на луѓето да ги повикаат во заблуда, не иницира да речеме:
“ Славен нека е Господарот наш!”