"Очи широко затворени" во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Eddie_rebel
  • Време на започнување Време на започнување
Верувам дека повеќето од вас го имаат гледано култниот филм на Стенли Кјубрик - Очи широко затворени. Нешто слично се случува во Македонија и тоа најмалку 3-4 години. Е сеа јас не сум Том Круз и не би можел да кажам што се случува во замокот за кој се бара лозинка, ама сепак нз што ми требаше па истражував и така стигнав до некои информации. Се надевам дека и некој друг ќе пише за да разбереме нешто повеќе околу ова.

Еве за што се работи:
Група која се претставува како организација (не е регистрирана проверено е) има канцеларии во повеќе градови во РМ. Пред канцелариите нема име на фирма, ниту некоја друга ознака. Тие не кажуваат со што се бават, ниту пак со што вие ќе се бавите и колку пари ќе ви даваат за тоа. Ќе слушнете за нив само гласини. Функционерите во канцеларијата не кажуваат колку пари би ви давале и строго забрануваат на нејзините членови да зборуват за тоа. Впрочем ако стнете член една од обврските е да не кажувате за ништо што се случува и што се работи.

Единствени услови за да бидете примени во групата е да имате желба, да носите црна облека (костум), да сте оженет/ омажена (има сличност со очи ширум затворени а?) и да уплатите 1500 денари (мислам дека толку беше одамна праев муабет). Типците имаат канцеларии во повеќе градови во Македонија. Местата не се во некоја забутана населба, а во централното подрачје кајшто кириите и не се баш евтини шо ќе рече имаат пари. А сигурно се поврзани и со луѓе од власта штом нерегистрирано работат ко организација, а и бараат пари за нешто што не кажуваат што е, па и вработените не се регистрирани и не се плаќа данок за тоа.

Е сеа тоа е за да се зачлените. Но нема да ви кажат во што се зачленувате. Во канцаларијата има само еден двајца од пониските членови на групата (сектата). Тие ќе ви кажат дека од нив е толку, а за потаму ќе ви кажат нивните шефови на состанок за кој ќе ве известата накнадно и кои ќе ги видите само доколку ги исполните условите што и јас ви ги наведов. Пробав нешто повеќе од нив да извлечам ама не успеав. Горепишаното лесно можете да го дознаете доколку отидете во нивна канцеларија.

Нешто што нема да ви го кажат:
Плаќаат од 500 или 1000 евра месечно. После извесен период истражување разбрав дека членовите ги собираат (петок чинам беше денот, приквечер) со кола (комбе) и ги носат во куќи. Првиот пат нема да ви кажат кај ве носат, а за потаму дали носат по различни објекти нз, но имаат неколку објекти по неколку градови во РМ. Пред куќите има обезбедување, што ги проверува дали се со препорака и дали се облечени ко шо треба и дали носат оружје. Што се случува во куќата може само да се претпостави. Некои од луѓето што разбрав дека се во групата финансиската состојба значително им се подобри. Не сум сигурен дали се истата група но од другар разбрав дека и тој познава луѓе од сектата што ги земаат на тој начин и им помагаат финансиски. Знам и други случки ама не сум сигурен дали се истите луѓе па не би зборел. Понекогаш ги собираат само жените, а не мажите (зошто не ми е чудно). Што мислите вие околу ова и дали сте слушнале нешто повеќе.

Хмм имам слушнато за нешто вакво, али незнам дали се работи за остата организација. Иначе не од прва рака информацииве туку пренесени од другар на другарка и знаете женските какви се :) Се работи за 800 евра неделна плата(барем ака зборат), ама за да ги заработиш тие пари треба да внесеш уште 5 души. Ни имаат, ни па некој знае што работат. Иделе по некои си нивни "семинари" и како што кажа ти, финансиската состојба значително им се подобри. Она што ме згади е тоа што ми кажаа дека на еден таков "семинар", двајцата нови типци морале да се сликаат со некои девојки(незнам дали облечени или голи:)) и се праќале тие фотографии во странство.
 
Значи ја го молам модераторов на подфорумот мистерии да се погрижи кога ќе постави некој тема како членов во овој случај да не се плука или замара од другите членови.
Ако ја стаил темата не значи дека треба сега да ни докажува на нас нешто,со тоа само јас ќе се плашам утре да поставам тема.
Чим е подфорумот мистерии значи никој не е 100%сигурен што е тоа,иначе не би било мистерија.

Муабетот е дека утре може ќе биде уценуван со тоа што се сликал?
Кој ти дава пари за ништо нели:toe:
 
Па најверојатно е така, или ќе се појават тие фотографии на некои интернет страници во источна Европа. ;)
 
Па нели си бил кај нив? Или ти го избришаа сеќавањето за да не ни кажеш на нас?

Да бев во канцеларијата пред околу 3 години и не ми избришаа ништо за твоја несреќа. Приближно местото ќе ти го кажам кај е, ама нз број пошто не е улица наредена со куќи па бројките да следат една по друга... Ако те интересираше ќе ми пишеше ПП ќе ти кажев кај е па иди пријави се не мора да се зајадуваш со мене.
 
i so e misteriozno????nekoj gleda mnogu filmovi. i vahabistive se sekta i plakale 500 evra mesecno pa nekoi vikaat duri i 100 000 evra davale ako si zemal dve zeni:toe:
 
i so e misteriozno????nekoj gleda mnogu filmovi. i vahabistive se sekta i plakale 500 evra mesecno pa nekoi vikaat duri i 100 000 evra davale ako si zemal dve zeni:toe:
Незнаеме што е мистериозно... ама незнаеме ни што на што сме... па тука ќе стои темава... барем некое време, да ја имам под око :)
 
Незнаеме што е мистериозно... ама незнаеме ни што на што сме... па тука ќе стои темава... барем некое време, да ја имам под око :)

До сега ти беа очите широко затворени :)
 
Ги прочитав сите постови и стварно не можам да не се чудам-зарем не можите мирно да реагирате, туку одма плукате по тој што ја поставил темата. Сепак, ова е подфорумот мистерии и ништо не е 100% точно. Доволно е да го кажете вашето мислење, а не одма да провоцирате.:uvo:

Инаку, што се однесува до мене, и јас го имам слушнато истото од добар пријател, на кој му била понудена определена сума на пари за да влези во организацијава, ама типов одбил (за среќа). Јас мислам дека токму овие се масоните, и колку што нас ни изгледа оваа организација „јавна“, таа е толку потајна. Никој од надвор не знае што и зошто се работи во неа.
И мислам дека еден нов член за да ги заработи своите пари треба да внеси уште двајца (еден маж и една жена, кои меѓусебно нема да се познаваат) и истиот тој да му биде шеф. :toe:
 
Добро бе, зошто не ни кажете тогаш каде се наоѓаат канцелариите (во Скопје). Тие се јавен дел од приказната.
Членот кој ја создаде темава ми даде сосем неодредени податоци за нивната местоположба (на пример: порано беа некаде кај стадионот у Струмица). Тоа е доволно да се посомневам во неговата приказна. Барем тоа кажете го. Тоа е и така јавен дел од целата приказна (доколку е вистинита).
Сите чуле и знаат за наводната организација ама никој не кажува каде се канцелариите преку кои примаат ченови.
 
Ништо затворивме сега пребукирани сме, пред летен одмор ќе има место за нови членови :icon_lol:.
А бе кај го има ова шо би рекол другар ми Ц. и да е*ам и пари да ми дадат, нема врска само Холивудски филмови си правите.
 
Почнаа да ги притискаат од полиција,речиси сите се разбегаа по бродови,америки,германии..Непријавени пари,неоданочени,систем пирамида.Нешто како мрежен маркетинг по новини ако сте забележале оглас.Дај 2000 ќе земеш 10000.Твоја работа е регрутација на овци,а колку треба да си глуп за да влезеш во тој систем тоа ќе го каже некој што бил.Замислете вака да се правеа пари,зарем ќе седевме по канцеларии по цел ден?
Мистерија е што им викаат на собирите,иначе се друго е откриена Америка.Менуваат локации за да не им влезат во трага од УЈП,трансакциите исто така се менуваат,некоја веќе оддамна пробиена шема.
Ајде нешто ново ова веќе не е интересно,интересно беше пред 5 години.
 
Основни правила да се вклучиш,да уплатиш 300 еу,да имаш костум , да си слободен два дена во неделата , да имаш широк круг на пријатели , а за возврат на тоа ке добиваш 2000 еу месечно,а се шпто треба да правиш е да носиш костум и да се смееш, се разбира и треба да наоѓаш луѓе ( твој пријатели којшто ке ги зачленуваш)
Се обидоа и мене да ме регрутираат пред едно0 4 години ги отерав у пичку материна:pos2::pos2::pos2::pos2:

ПС дај им 350 еу има да се смееш и тоа знаеш како кесе смееш
 
@ Eddie_rebel

druze....da ne go ebes drugar ti so muabetov?
da ne procitaat ovde pa da se zainteresiraat koj e?
:)
inako ne deka ne veruvam....cuda se desavaat niz sk......
mi imaat kazano i za onie sto nosat crno lastice za kosa so mal krst na zglob od raka deka se nekakva si sekta....demek ne znam koja crkva bla bla.....davale pari itn itn
 
Ајде нешто ново ова веќе не е интересно,интересно беше пред 5 години.
Ново е, како не, амбалажата е нова. Иако од авион се гледа дека е обична пирамидална шема, егзотична мистерија на кантар тежи повеќе од било какво разумно објаснување, а јадицата е токму тоа, егзотична мистерија. Па оди објасни на луѓе желни за брза заработка и тајни авантури.
 
Да, тоа е битно. Да видиме дали вистината одговара на насловот или се работи за тема која не е за на овој подфорум.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom