Новогодишен хејтеризам (sponsored by Точкест)

  • Креатор на темата Креатор на темата Точкест
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Добро е што coca cola company го користи дедо мраз во своите пропаганди и е облечен во боите на логото од фирмата за да не заборавиме на нова година:baeh:.
 
баш некоја еуфорија не приметувам но сепак се ближи тој момент но некако не е како пред 15-20 години но нели и ситуацијата е таква беспарица кај повекето но сепак кафаните ке бидат полни за мене нема никакво значение искрено славам што си заминува старата а жалам што ке дојде некоја полоша година но не можеме да избегаме а има на некои стварно скоро секоја вечер им е нова година па нека им е срекна
 
Шо е со палмите?
Па ти викаш ќе биде украсено Скопјево, а јас ти викам и палми ќе ни стави Трифо, ко што ставија пред 3-4 години. Толку беше тоа фенси зимска идила, ти мрзне носот мрсул се спушта пополека и гледаш три чира во форма на палми пред ГТЦ. Црвено жолто зелена комбинација, ем растафари ем зима, знаат да ни го дигнат..........расположението
 
Па ти викаш ќе биде украсено Скопјево, а јас ти викам и палми ќе ни стави Трифо, ко што ставија пред 3-4 години. Толку беше тоа фенси зимска идила, ти мрзне носот мрсул се спушта пополека и гледаш три чира во форма на палми пред ГТЦ. Црвено жолто зелена комбинација, ем растафари ем зима, знаат да ни го дигнат..........расположението

Не сум баш буквалист и ситничар, па се трудам да го гледам она што ми е убаво и светка. Незнам годинава како ќе успеат да го украсат кејот покрај конзервиве, но не им се лутам, од причина што она што го чувствувам ко се ближат празниците, неможе да се сведи на бистрење политика. Дајте малце пуштете си срцињата.:pipi:
 
Денес видов некои објекти украсени. МекДоналдс беше целиот со сино-бели сијалички и по кафичите(Тренд, Бариста) имаа поставено украси и сијалички. Сега за сега добро е, па ќе видиме кога ќе ја украсат улица Македонија и плоштадот.
 
Е многу ме нервира новогодишна фрка .... леле.... Сите некаде брзаат,немало што да облечат,незнаеле каде ке одат... Глупости... Јас лани и прелани си седев дома и си поминав многу поубаво од кога било. Домашна атмосфера со најблиските и така... Оваа незнам,ама и да останам дома немам ништо против!!! А може и ке се ставам да идам на работа,ако колешките имаат нешто во план. Така што не се замарам ама ич...!!!!
 
Мене пак новогодишната еуфорија ми е многу интересна :)
Не толку самата ноќ, колку што е интересно пред Новата година.
Онака, ќеиф ми е кога ќе видам уште во средината на ноември новогодишни шишиња и реклами за Кока Кола :) Тоа некако ми го навестува празникот.
Потоа интересни се сите оние новогишни украси, светилки, елки...
А 31ви декември е најјак. Особено кога влегување во некоја продавница е бетер од влегување во јапонско метро. :)

А за Нова Година вечерта... Па што знам, славење со друштво и не е кој знае што кога ќе заклучиш дека уште во 10 саат сите залихи на пијачка се истрошени :vozbud:
Па после она патетичмо дерење на полноќ „еееее.. Среќна Нова..“...

Така да, за мене е поинтересно предновогишно расположение отколку самата вечер :)
 
јас се радвам за нова година шо ке си купам алишта нови... :pos2:
ама сепак... не е новогодишната вечер иста како и сите други... сите се поке расположени ова она...
ама пак некогаш се крева и голема прашина околу тоа иако не е потребна....
и после ко ке видиш.... све пари давање за 9-10 сати седење у кафич... и слушање српско... :pos2: (освен ако не одиш на некој дј)...
тоа ти е тоа....
иначе појше си сакам божиќ... пошо си одам кај бабами и си гледам еден куп убај филмчиња.... како и велигден... :pos2::pos2::toe:
 
На кратко: славиме Нова година...што славиме? :)
Само и годинава Тончи да не ме престигне во прво пишување на Кајгана. :)
 
Оф како само сум загреан за новогодишните празници... Можеби е смешно но едвај чекам некаде околу 20 декември да си ја накитам елката... И џст симпли лав њу јиар... И мислам дека еуфоријата е многу нормална работа за ваков период од годината...
 
Сум еуфорична кога станува збор за Новогодишниве и Божиќните празници:)Но,најчесто ме префаќаат тие возбуди 10-15 дена пред Нова Година:)Секоја година уживам во китењето на елката и никогаш не ми било досадно:)Напротив интересно ми е,секогаш има некоја нова дешавка за време на китењето:)Си ја китам и собата:pipi:Моето омилено катче:pipi:Не премногу но,обожавам кога е така суредено,особено деталите и сијаличките:pipi:
А да,скоро секогаш купувам некое парче облека по повод Нова Година и нејзиното дочекување и прославување,но секогаш кога одбирам гледам да е парче кое би го носела цело време,не само за таа ноќ:)
 
и нова година и дедо мраз и цела таа еуфорија добро ја има смислено кока кола пред многу години и со тоа успешно си го брендира производот и остварува огрооомен профит а тоа што прерасна во ова што е денес(мислам на еуфоријата)р направено од народот бидеки им требало нешто ваквоо да избегаат од секојдневните обврски оправдано и да се опуштат неколку дена:toe:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom