Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Мене вака на слика многу лошо ми изгледаат “батаците“. Главата им е ок.Да бе, и ноктите не им се исечени...
Не се фаќајте за глупости. Стварно има некои споменици кои е подобро да не излезеле од хангар (како транформерс лавовите на мостот Гоце Делчев), но нема никаков проблем со „батаците“ на лавовите кои стојат покрај фонтаната.
Знае некој што му правеле денес на споменикот на Гоце? Обично чистење, премачкување за да не фаќа патина ко што најавуваа или нешто трето?
![]()
Го гледам од поодамна Димитрија Чуповски на плоштад, со глава поголема од тело (како и сите други, нели). Ама, и многу е поголем од другите кои се претходно поставени, па дури и поголем и од Ченто како што ми изгледа.
Штипските борци - на скопскиот плоштад бараат место и за Михајло Апостолски
Штипските борци - на скопкиот плоштад бараат место и за Михајло Апсотолски. Според нив, таму свој споменик Апостлски заслужил многу повеќе отколку било кој друг.Поткрепа на тврдењето борците наоѓаат во НОБ , а ососбено во АСНОМ. Проектот Скопје 2014 и отсуството на Апостолски во него, беше тема на денешната седница на Штипските борци. Истата, тие ја завршија со намера, да покренат иницијатива за поставување на споменик на Апостолски на скопксиот плоштад.
„Воинот на коњ“ се’ уште не е поставен на предвиденото место, но луѓето од италијанската леарница „Маринели“ веќе ги составија донесените делови, па може да се види неговиот изглед. Како историчар на уметноста, како ја оценувате естетската вредност на споменикот?
Јас сум археолог, но имам и титула историчар на уметноста, која многу ретко ја користам во јавноста, иако несомнено овие две науки низ својот историјат постојано се испреплетуваат и не можат една без друга. Статуата најавена како „Александар на коњ“ која беше преименувана пред самото поставување на плоштадот во Скопје во „Воинот на коњ“, ја разбранува јавноста . Таа треба да биде круна на проектот „Скопје 2014“ замислен и реализиран од Владата на Република Македонија , кој го опфаќа архитектонското преуредување на централното градско јадро на Скопје со разни склуптури, згради, музеи и институции . Повеќето од граѓаните беа засегнати од нетранспарентноста на тендерот при избор на идеја и скулптор за овој споменик и секако финансиската конструкција, која е многу висока. Ретко кој од нив ја допре естетската димензија, бидејќи тоа е споменик покрај кој треба да поминуваме катадневно, а не познавам човек на планетава, кој не би сакал да гледа убави работи околу себе. Деновиве овој монумент се монтира и можеме да го насетиме неговиот конечен изглед. Во овој случај, се работи за применета уметност која е правена според нарачка, па следствено на тоа не можете да очекувате којзнае колкава наука, ниту пак голема естетската вредност од ваков тип на споменик. Вистинската уметност, сепак, завршува онаму каде треба, во колекциите на уметничките музеи или пак во богатите колекции на приватните аукционери.
Каков ќе биде долгорочниот ефект од поставувањето на споменикот на Александар Велики - научен, културолошки, политички, економски...?
Минатата година имав еден проект со уметникот Зоран Попоски насловен како „Градска тура 2000-2010“, што ја изведовме како прошетка низ културните обележја создадени за време на последната деценија во Скопје. Од овој проект произлезе богат фото-есеј и еден научен труд насловен „Јавниот простор како културното наследство“ . Сметам дека п овеќето од рецензиите за проектите кои го опфаќаат централното градско јадро на Скопје, се базираа на финансиската и екомомската анализа, без притоа да се допре моментот на јавниот простор како културно наследство. Како нешто кое трајно останува на идните генерации, она што треба да постане и опстане како 'наследство', треба да го помине тестот на времето. Само тогаш ќе бидеме спремни да кажеме дека нашите архитектонски 'семантички' урбани артефакти, си го обезбедиле своето место во историјата и категоријата - културно наследство. Споменикот на Александар Македонски нема и не треба да има научен, туку уметнички аспект со печат од скулпторот за времето кога настанал. Несомнено финансискиот ефект од него особено ќе биде очекуван и добредојден од туристичкиот сектор, кој гледа со огромна благонаклоност на проектот „Скопје 2014“, бидејќи тој реално ќе ги заинтересира луѓето, ако не друго, барем еднаш да дојдат и лично да го посетат.