Г
Грејвдигер
Гостин

Добро му ги исполираа, дефинитивно нема да позеленеат.
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Добро му ги испојлираа, дефинитивно нема да позеленеат.
Новиот споменик на Филип, што ќе биде лоциран на плоштадот Карпошово Востание кој се наоѓа веднаш после Камени Мост, доколку не се лажам ќе биде поголем и од тој на Александар Македонски за два - три метра. Споменикот нема да биде на коњ туку во стоечка положба, а под него исто така ќе има војници од фалангата и филозофи (ваљда Аристотел) и исто така ќе биде во вид на фонтана. Ќе има и уште две фонтани со скулптури на истиот плоштад. Едната со скулптури од коњи, а на другата ќе има скулптури од мајки и деца.
Ако бидам во можност утре ќе поставам некои рендери, ако не ќе ги ставам само пресеците од проектот.Досега немам слушнато за вакво нешто , би било убаво да ни кажеш колку е веродостојна информацијата со оглед на тоа дека денес се поставија два споменика на Филип Втори Македонски.
Конкретно за споменикот на Александар можам само да кажам величествено барем од видеа и слики а претпоставувам дека впечатокот е уште посилен во живо.
Идејата за погломазен постамент не ми се допаѓа бидејќи мислам дека би ја гушел грандиозноста на споменикот , вака тој доаѓа во прв план. Инаку качување ќе има во Портата Македонија а како што гледам од таа позиција ќе има прекрасен поглед на споменикот.
Што се однесува до двата споменици на Филип оној во Битола ми е убав додека овој во Авто Команда не ми легна на прв поглед.
Наредниов месец ќе имам друштво од Америка дојдено тука. Е сега, како да им објаснам дека ова е Александар Македонски?