Да се исцитирам самиот, овојпат требаше да им верувам на рецензиите. Откако поиграв неколку саати и мисиии, можам да кажам дека играта е ужас и големо разочарување.
Глупа приказна, очајни мисии, никаков дизајн на градот, има огромни побарувања а графиката и не е баш нешто, и најиритирачкото, на секој пет минути loading screen, како да сме 2001 ебати енџинот тупав. Багови еден куп, наводно openworld игра, но не дава никаква слобода, се е скриптрирано, неколку места за качување и скокање по градот и тоа е, иритирачки што ropearrow може само на одредени места да се користи оти така му текнало на авторите, а не на секоја дрвена површина како што беше претходно и како што е логично. А видов дека и не биле само резенциите, сите ветерани и љубетели на оригиналниот серијал (како мене) се ужаснати од играва. Одма го бришам овој срам од игра, сега одма би ги симнал трите стари дела, стари и по 15 години (првиот дел) и 10 пати позабавни ќе ми бидат иако ми се изиграни не знам колку пати досега.
Па фановите на играта во овие 15 години направија толку забавни мисии и модови што се неспоредливо подобри од оваа игра која не заслужува да го носи името Thief.
Цела среќа у несреќа е што барем во голема мера се откажале од стариот универзум на серијалот, ги нема старите фракции (Keepers, Hammerites, Pagans) , богови и ликови, дури и главниот лик Герет не е истиот Герет. Тоа е добро затоа што може еден ден ќе се најде некој салам дивелопер и компанија да направи вистинско четврто продолжение на серијалот, а овој очај ќе падне во заборав за неколку месеци.
Ако на некој случајно му е допаднала играва, слободно нека ги изигра првите три дела, графички ќе му изгледаат смешно и одбивно денес во 2014 година, но атмосферата и приказната во тие игри се едни од најдобрите во светот на гејмингот воопшто направени.