Нова олигархија се создава

  • Креатор на темата Креатор на темата realen_07
  • Време на започнување Време на започнување

realen_07

Опозиционер
Член од
12 април 2008
Мислења
3.636
Поени од реакции
134
Индиферентноста на премиерот Никола Груевски спрема евроатлантските интеграции и иднината на Македонија добива драматични димензии. Тезата дека можеме да обезбедиме развој без ЕУ и НАТО, брзо падна и се виде колку е бесмислена. Но, веднаш Груевски и Милошоски исфрлија нова, уште поголема јадица за народот: нема ништо посебно да се случи ако наредните неколку години Македонија си остане во статус кво позиција во однос на Европа.

Оваа камикаѕе теорија е засилена со арогантна порака кон Европската унија, односно кон Европската комисија чиј редовен извештај, веќе сите знаат, ќе биде негативен и ќе бидат лоцирани проблемите како и во секој редовен годишен извештај сосема прецизно каде Македонија не ги исполнува условите. Премиерот ја обвини Европската унија дека ја изолира Македонија. Европската унија не ја изолира Македонија, туку Македонија самата се изолира себеси, стаса вчера пораката од Брисел, директно од Јункер, како одговор на тезите на Груевски дека Македонија не е виновна што не е поблиску до Европа и до НАТО. Со други зборови, позната е веќе тактиката на Груевски и кај нас и во Брисел дека сите се виновни за се' што и' се случува лошо на Македонија, само власта е добра. Виновна е Европската унија, виновен е НАТО, виновни се ОН и Нимиц, виновни се нашите соседи, а најмногу се виновни домашните предавници концентрирани околу опозицијата и претседателот Црвенковски.

НАТО и ЕУ ќе попричекаат додека Груевски ја заврши домашната задача, а таа, богами, може единствено да се одработи ако Македонија е во самизолација. Треба да се завршат некои мачни и валкани работи затоа Македонија мора да биде далеку од очите на Европа и демократскиот свет. Груевски ја остварува дамнешната идеја на Љупчо Георгиевски да се создаденова класа, нова олигархија која директно извира од десницата. Тоа треба да се направи со нови револуционерни закони како во времето на комунизмот со експропријација и со национализација, да им се одземе имотот на сегашните олигарси за кои поради начинот на приватизацијата во јавноста е создадена негативна слика. Груевски ја презема улогата на балкански Путин и во негов стил ги меша правдата и правото. Големите неправди што се направени во Македонија со приватизацијата кога на голем дел од граѓаните им беше оневозможено да учествуваат во распродажбата на државниот имот, се користат како параван за сега да се направат потези со цел да им се одземе дел од имотот на сегашните олигарси, што наводно ќе биде предмет на нова поправедна распределба. Со тоа ќе се создаде правна несигурност и големи штети за компаниите во подем.

ВМРО-ДПМНЕ и Груевски влегуваат во фаза кога веќе се одбрани бизнисмени кои влегуваат во вмровскиот естаблишмент и кои ќе раководат со партиските пари преку привилегирани државни бизниси кои почнуваат агитпроповски и акцијашки со садење милиони дрвца и градење на училишта и фискултурни сали, а завршуваат со изградба на брани, термоцентрали, големи земјоделски чифлици, латифундии... Во наредните четири години Груевски ќе подели близу десет милијарди долари кеш само буџетски пари, а тој износ најверојатно двојно ќе се зголеми преку разни концесии за изградба на автопати, за експлоатација на рудно богатство, изградба на брани и термоцентрали, аеродроми, се очекуваат и дополнителни пари од натамошна доприватизација, која не е завршена. Значи, преку дваесет милијарди долари ќе има Груевски на располагање да дели до наредните избори. Тоа е огромен капитал за респект дури и во развиениот свет. За да се оствари овој амбициозен план, четири години е кус период за создавање нова класа за што по еволутивен пат во историјата се потребни децении. Затоа се впрегнати сите сили за создавање брза неприродна симбиоза меѓу десницата на ВМРО-ДПМНЕ и крупниот капитал. Се игра грубо со донесување нови закoни за национализација и експропријација по итна постапка. Затоа во овој период мора судството да биде под контрола во сите инстанци од Основен суд до Врховен, од Судскиот совет до Апелационите судови и Уставниот суд, до Јавното обвинителство и се' што значи судство и процесно право. Поделбата на оваа огромна сума пари под закрила на закони кои се во директна спротивставеност на европските права има единствена цел да создаде нова бизнис-елита и нов културен и научен естаблишмент. Тоа е најголемата операција која Груевски ја почнува поамбициозно од неговиот претходник Љупчо Георгиевски. Затоа, македонската Влада и судството нема да се занимаваат со огромен број пропаднати претпријатија како последица на нивното обезврднување и сомнителна приватизација чиј имот едноставно го снема во лавиринтот на хипотеките и на грабежите, туку ќе се занимава со ревизија на приватизацијата кај големите и успешните компании. Подготовките за тоа се завршени. Во јавноста одамна има негативен одиум спрема македонската приватизација. Таа претстава подеднакво ја создаваа сите власти. Во секој случај, Груевски и коалиционите партнери успеаја и медиумски да се засилат за овој голем потфат како што е создавањето нова класа, па од 25 национални телевизии, најмногу во светот по жител, 24 се под контрола на партиите во власта. Во стотици локални радио и телевизиски станици контролата е речиси стопроцентна, со еден или два исклучока, а во приватните весници за неполни две години се сменети сите клучни главни уредници, преку сопствениците на медиумите и под директен притисок на Владата.

Во ваков амбиент секое приближување кон ЕУ и кон НАТО или кон какви било светски демократски стандарди се смета за опасност од нарушување на историската мисија. Затоа Нимиц ќе дава се' нови и нови предлози кои ќе ги слушаме со молчење, а ќе ги обвинуваме гласно сите за заговор против Македонија, ќе блефираме дека сме многу јаки и можеме сами, додека нашиот „Путин“ не ја испили новата вмровска олигархија. Првите примероци старо-нови олигарси веќе пропеаја на вмровското буниште. Се чекаат следните петли на Груевски.

П. С. Заминувам на одмор во родниот град на Паско Кузман, најголемиот македонски политички булдожер, во еден критичен миг кога Охрид е осквернавен. Замислете, во древниот Охрид се одржува 14. Меѓународен славистички конгрес на кој присуствуваат 700 научници-слависти од светот. Нормално, таму не беше македонскиот министер за наука, не беше ни македонскиот премиер, ниту македонскиот министер за надворешни работи. Словенството нив одамна не ги интересира. Некои од овие светски научници си дозволија Охрид да го наречат лулка на словенската писменост.

Ако беше организиран конгрес за големото значење на Букефал, коњот на Александар Македонски во иднината на Македонија, на таков импозантен симпозиум ќе дојдеше целата македонска Влада исто како кога соопштуваат дека ќе се зголемат пензиите.

ИЗВОР
 
:pos2::pos2:HAHAHAA AMA IZVOR EROL POPOPOOOOO GOLEM MISLITEL :pos2::pos2:
 
aman sabalje go citav erola...so da komentiram poznat e toj so stavovit e i so objektivnosta.....ili pak stejo mu naraca tekst zaso pak fersped ide na sud.
 
:smir:Му давам на Груевски уште 2 месеци со рејтинг од 100%
 
:pos2::pos2:HAHAHAA AMA IZVOR EROL POPOPOOOOO GOLEM MISLITEL :pos2::pos2:

Ама ти и не прочита што пишува....нели.

Ај признај дека те мрзи да читаш долги текстови.:pos2:

aman sabalje go citav erola...so da komentiram poznat e toj so stavovit e i so objektivnosta.....ili pak stejo mu naraca tekst zaso pak fersped ide na sud.

Многу работи се поклопуваат огледало....многу.
 
Ама ти и не прочита што пишува....нели.

Ај признај дека те мрзи да читаш долги текстови.:pos2:

Многу работи се поклопуваат огледало....многу.
stom stanuva zbor za utrinski i erol se jasno kako den:(sto da citam nebulozi napisani .sto da citam plukanje po vlasta .VMRO nemoze dase spravi so sterjo i oligarsite od tranzicija ne ke sozdava novi:(.samo edno ke ti kazam .ova VMRO denes go sozdade SDSM epa sega neka izdrzat mashki edno 12 god.VMRO sozdava oligarhija ? iskreno bi bil najsreken ako biznismenite se od VMRO I TUKA NEGLEDAM NISTO LOSO.
 
Па ако не читаш.....не ни коментирај.

А за болдираново...немам коментар.
 
сите бизнисмени и олигараси се исти, тие се дволични и по потреба се за сдсм или за вмро...
 
Газда Штерјо многу работи мати со Ерола:)(еден од ретките кои ја бранеа приватизацијата на Фершпед), а чинам и роднини се нешто..Друга страна, објективност и Ерол имаат допирни точки, колку што имаат магаре и музика..Поголема олигархија на четата на Бане (Штерјо, Светозар,итн многу се)ниту се создала ниту ќе биде создадена..Наездава на теми, е нарачка на некој, а на кој...Thats the question!:toe:
 
prashanje na mesto:smir:
 
Хмммм.
А ти имаш слушнато за седумнаесгодишно дупење у здрав мозак, под изговор за подобро утре ?
da 17 god sdsm ne dupi u zdrav mozok .:( unistija iskradoja se sto najdoja .mamata mue rasplakaja na gragjanite.zivi vgrob gi zakopaja. samo edno ima poloso od komunistite a toa se reformirani komunisti.
 
Уште постојат на светот луѓе кои веруваат во СДС? :nesvest:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom