НОВА МАКЕДОНИЈА

  • Креатор на темата Креатор на темата arschloch
  • Време на започнување Време на започнување
Е ајде според тебе што сакаш да направиме?Да се споиме со Руската Федерација?Или Кина да ја преместиме нашава земја?Каде се сега да не поддржат русите, кинезите?Знам дека и САД работат од интерес,ама кој сојузник друг ни остана?Русите и кинезите си го тргнаа газот настрана!Оти немаше никаква изјава во однос на Македонија?Русија НЕМА МОЌ!Со едно милјардиче од САД,или некој тон пченица и одма се кротки и питоми...Ако им дојде нив до Македонија, ќе речеа, ајде Македонци фатете про-руска ориентација,ние ќе ви помогниме за ова ова и ова...А тие што?Молчат...Епа САД се понуди за помош, а немаме друга опција...

Koga bea Hitler i Germanija stignati pred Volgograd (Stalingrad), dedo ti isto li taka vikase "rusija nema mokj", "pcenica, miljardce, bla, bla"?
Koga ti treba podrzka, ja baras ili cekas da ti padne od nebo? SAD ne se ponudi, SAD gospodari so ovaa zemja, zosto sto od 1991/2 od niv se bara podrska....
 
SAD ne se ponudi, SAD gospodari so ovaa zemja, zosto sto od 1991/2 od niv se bara podrska....

Никој не барал поддршка. САД само упаднаа во испразнетата позиција. Без господар робот се чувствува изгубен, беспомошен, не знае каде да се сврти, што да прави.
 
Да да..Павел така е..Ама мораш да признаеш дека без сојузник од Големата Двојка (САД, Еу) а поготово од САД, од европјаниве не очекувам никаква поддршка,не можиме да се избориме за се што сонуваме..Тоа е факт..Нормално, најслатко и најубаво ќе ми биди кога сами би се избориле за се, ама факт е дека немаме огромна моќ на меѓународен план, ако зад нас не стои некоја голема сила како САД!Русија според мене ги губи позициите, бидејќи економски многу е заслабната..Има една доста поучна поговорка од старите „Со гладен стомак не се војува!“
 
Никој не барал поддршка. САД само упаднаа во испразнетата позиција. Без господар робот се чувствува изгубен, беспомошен, не знае каде да се сврти, што да прави.

Точно така
Искористија ситуација и крај на програмата
Јас колку што знам нашите не отишле кај Клинтон или Буш да бараат помош клекнати на колена
 
ДЕНЕШЕН ВЕСТ напиша:
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]БАКОЈАНИ ЈА ОТКРИ СУШТИНАТА НА ВЕТОТО[/FONT]
Грција сака да не нема
Изјавата на заменик-државниот секретар Даниел Фрид дека постои македонски јазик и дека Македонците се реалност предизвика остра реакција на грчката држава, со која таа покажа дека суштината на минатонеделното вето за членството на Република Маке

%7BF5C5D61C-8410-404F-B76C-5AF6C72EF17A%7D_makedonec-2.jpg
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif] Изјавата на заменик-државниот секретар Даниел Фрид дека постои македонски јазик и дека Македонците се реалност предизвика остра реакција на грчката држава, со која таа покажа дека суштината на минатонеделното вето за членството на Република Македонија во НАТО е да го нема македонскиот народ и идентитет. Официјална Атина вчера на двапати реагираше поради овие изјави - еднаш со протестна нота, која амбасадорот Александрос Маљас ја пренел во Вашингтон, и еднаш преку министерката за надворешни работи Дора Бакојани, која изрази големо незадоволство по изјавата на Фрид.
"Такви изјави не помагаат за решавање на спорните проблеми меѓу Атина и Скопје. Атина нема да биде вовлечена во таков вид дискусии", изјави Бакојани.
Заменик-државниот секретар Фрид е веќе некое време вклучен во прашањето за името и беше иницијатор на средбата помеѓу Бакојани и Милошоски во Брисел на 21 март.
Завчера на брифинг во Вашингтон, на прашањето на грчки новинар зошто за првпат го користи терминот "етнички Македонци" и дали тоа значи дека американската Влада ги признава "таканаречените македонски етнос и јазик", Фрид изјави:
"Не мислам дека македонскиот јазик е 'таканаречен'. Македонскиот јазик постои. Постојат Македонци. Како што знаете, во Форин сервис институт (дипломатска школа на Стејт департментот) предаваме на македонски, како што предаваме на српски, на хрватски, босански јазик. Сите јазици - и тоа го кажувам не како бирократ туку како поранешен историчар - се творештво на човекот, се развиваат со текот на времето и се кодифицираат. Македонскиот јазик постои.
Исто така, постои и историска македонска провинција, која е различно нешто од државата. И тоа е важно. Јасно е дека Владата во Скопје или, како што ние Американците ја викаме - Владата на Македонија, нема претензии. Ние ја признаваме разликата меѓу историската територија на Македонија која е, секако, поголема отколку сегашната држава. И ние сме вклучени и го поддржуваме процесот за изнаоѓање решение за името кој го води медијаторот Метју Нимиц", рече Фрид и додаде: "Етничката припадност е нешто што им се остава на луѓето самите да си го дефинираат. Етничката припадност е факт, колку што јас знам. На маса е прашањето за името. За него се разговара".
Заменик-државниот секретар на САД рече дека САД и понатаму го поддржуваат процесот на преговори за изнаоѓање решение за името и упати пофални зборови за конструктивната улога на македонската Влада.
Официјална Атина остро реагираше на изјавите на Фрид, и со тоа станува јасно зошто Грција не го прифати последниот предлог на посредникот на ОН Метју Нимиц, а кој македонската Влада го смета за конечен. Во содржината на тој предлог, кој за основа го имаше меѓународното име за земјава - Република Македонија (Скопје), пишуваше дека во личната карта на државата би требало да стојат македонски јазик и македонски народ. Со тоа се зачувува македонскиот идентитет, точка која, според последните реакции, воопшто не им се допаѓа на Грците.
Пред овој брифинг, според грчките медиуми, Фрид се слушнал со Бакојани за да опипа дали Грција сака да остане во преговорите. Наводно, пишува грчки "Катимерини", Фрид разговарал и со македонските власти за тоа дали остануваат во преговорите. Грција завчера јасно кажа дека, и покрај ветото, сака да продолжат преговорите за името. Македонските власти вчера не сакаа да потврдат дали имале контакт со Фрид.
Д. Д.


www.vest.com.mk
[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]


Нека се бунат сега....:smir: Следува мал притисок врз Метју Нимиц....
[/FONT]
 
ne bi rekol. Kiro Gligorov uste vo dalecnata 92 se obrati na usa i ja promovirashe politikata, makedonija vo njato... Se sekjavam mnogu dobro, zatoa sto i jas se zanesuvav ko decurlanava togas, eeeej leee kje bideme u njatooo, eeej amrikanci u pm.... :kesa::pos2:
 
Да да..Павел така е..Ама мораш да признаеш дека без сојузник од Големата Двојка (САД, Еу) а поготово од САД, од европјаниве не очекувам никаква поддршка,не можиме да се избориме за се што сонуваме..Тоа е факт..Нормално, најслатко и најубаво ќе ми биди кога сами би се избориле за се, ама факт е дека немаме огромна моќ на меѓународен план, ако зад нас не стои некоја голема сила како САД!Русија според мене ги губи позициите, бидејќи економски многу е заслабната..Има една доста поучна поговорка од старите „Со гладен стомак не се војува!“
абе пријателе, а да се информираше малку пред да пишуеш глупости... Русија и кина зајакнуваат економски, америка е таа што во моментов слабее економски... почнаа да примаат и евра по продавниците во њујорк...
 
Кико не кажа ништо неточно. Од Русија има неверојатен одлив на капитал моментално (последниве два месеца - меѓу 10-20 милијарди месечно). Ако стане тренд, тоа ќе биде многу опасно за Русија.

Економијата на Кина е поврзана со таа на САД. Сходно, нема ни она да биде во добра позиција ако САД настрада.

Во Њу Јорк не смее да се тргува со валута која не е Американски долар.

А Европејците (Германија де) веќе почнуваат да размислуваат да го сменат еврото. Постирав за ова на форум - свет.

Многу е покомпексна ситуацијата.
 
абе пријателе, а да се информираше малку пред да пишуеш глупости... Русија и кина зајакнуваат економски, америка е таа што во моментов слабее економски... почнаа да примаат и евра по продавниците во њујорк...

Абе другар, информиран си сум..САД моментално се во Ирак, и Авганистан..Ќе правиме муабет за некоја година...Русите никогаш не не поддржале како што треба..Џабе очекуваме помош од неа,(репер ви е Косово), се виде кој е колку моќен и кој е кој на меѓународнава сцена..Каде се мерките кои Русија ќе ги употребела , доколку Косово е независно, па еве веќе неколку месеци Косово е независно, а Русите каков потег имаат направено?Никаков...Пред тоа , секојдневно слушавме како Русија не се согласува, дека ако е независно Косово ќе има реперкусии...Каде се сега тие?Во Русија се знае..Има босови како Абрамович и Березовски, некои кои профитираа од комунистичкото уредување, кое ден денес има корени пуштено во Русија..Инаку ако има воена моќ Русија, нема меѓународна моќ бидејќи економски не е напредната!Односно и паѓа во континуитет...
 
извадок од Фокус... германско... Einige Hдndler in Manhattan bieten viele ihrer Waren inzwischen auch in Euro an, obwohl der Dollar das einzige gesetzliche Zahlungsmittel in den USA ist... ако треба да преведам ?!?
 
Преведи, мајкуму :)
 
Преведи, мајкуму :)

Колку што разбирам, дека со еура се купувале работи во САД, ако досега доларот бил единствен во Америка!Што има врска тоа со еврава со поддршката на САД со Македонија?
 
Господе чувај ме од пријателите а од непријателите сам ќе се чувам......
 
САД не ја поддржуваат Македонија, САД имаат интерес во Македонија... тоа е голема РАЗЛИКА... а јас не сум за сојуз со Русија, таа никогаш не била пријател на Македонија
 
Абе другар, информиран си сум..САД моментално се во Ирак, и Авганистан..Ќе правиме муабет за некоја година...Русите никогаш не не поддржале како што треба..Џабе очекуваме помош од неа,(репер ви е Косово), се виде кој е колку моќен и кој е кој на меѓународнава сцена..Каде се мерките кои Русија ќе ги употребела , доколку Косово е независно, па еве веќе неколку месеци Косово е независно, а Русите каков потег имаат направено?Никаков...Пред тоа , секојдневно слушавме како Русија не се согласува, дека ако е независно Косово ќе има реперкусии...Каде се сега тие?Во Русија се знае..Има босови како Абрамович и Березовски, некои кои профитираа од комунистичкото уредување, кое ден денес има корени пуштено во Русија..Инаку ако има воена моќ Русија, нема меѓународна моќ бидејќи економски не е напредната!Односно и паѓа во континуитет...
Русите никогаш не не ни поддржале , позади цело ова срање со грција стојат и они и србите , од името и црквата итн. Ако сме глупи како србите да влеземе во филм дека русите ни се пријатели , тешко на нас .Тие мавтаат со некое традиционално пријателство кое не постоело никогаш во историјата . Економските интереси се друга работа и треба тука да биде подвлечена линијата , ни милиметар понатаму.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom