Комјутер најубаво е да си го купиш на делови и секој дел од таа фирма каде што го има. Така нема да се доведеш во ситуација да платиш премногу за една компонента или во топ конфигурација да ти стават еден послаб дел кој ќе го кочи цел компјутер. Иначе мои искуства се следниве:
АМЦ на времето беа стварно добро, а незнам дали до мене е или во последно време се помалку роба имаат и послаби работи нудат. Тоа теткиците појма си немаат само еден дечко ако го начекаш се разбира по нешто.
Анхоч тоа PC маркетот во ГТЦ им е одличен и ректо каде на други места ќе најдеш дечки кои уствари знаат што продаваат и ако треба на некој гледам и ќе му објаснат и се. ЗА делови единствена заебелешла ми е што немаат АМД конфигурации, процесори и мал избор на плочи. Тоа главното на водњанска на шалтер пак ќе најдеш теткици кои може и се разбираат по нешто, ама еднаш ме изнервира малку една кога и барав еден дел, го немаа и ме прашуваше зашто го сакам баш тој, а не овој што го имаа и ме тераше да и објаснувам што бил тој другиот подобар
Нико компјутери неколку пати што сум бил се доста услужливи и човекот 3 пати ради мене до магацин идеше и ми нисеше разни мемории за на крај да му речам цао пријатно. Ама некако цените ми се поскапи од другите места. Истотака за пофалба е тоа што почнаа да носат делови од светски познати ентузијастички фирми како GEIL за меморија и втори се кај нас што имаат DDR500(колку пари не прашувај) и DFI за матични плочи. Само тоа цените да ги симнеа и мислам деќа можат да станат може и најголема фирма кај нас.
Неоком комјутери тоа доле во продавницата има две теткици и за се што ќе ги прашаш проверуваат во комјутер, се јавуваат по телефон итн. Иначе за делови мене изборот не ми фаќа многу око, ама имаш доста лаптопи, PDA итн. Истотака е добра фирма за модери на кукишта бидејки држат производи од Sharkoon.
Риверсофт според мене има доста добар избор на делови, а малку галантерија и такви глупости. Држат се и АМД и Интел и Ати и Нвидиа. Е сега зашто носат МСИ поготово тоа графичките знаат да им бидат малку повеќе отколку што вредат. За услуга зависи кај кој ќе седнеш. Мене на пример многу ме нервира едно препотентно, лигаво говедо со цвикери кое седи одма тука на почетокот зашто мисли дека многу знае и на неколку пати ме има убедувано во нешто што не е така. На пример последен пат кога бев со еден другар да гледа графичка ме убедуваше дека 5500SE била со 128bit мемориски интерфеј и јас му викам не е така он пак ме убедува. Ме курчи и му викам да иде на интерент и да извади слика. На сликата се гледа дека меморијата не е како буквата L распоредена туку како I во линија и му викам дека тоа знали дека е 64bit, е не он ми вика дека тоа била само како ја правеле MSI графичката и тоа го правеле по избор. И му викам да ми гарантира дека е 128bit и ако не е да му ја вратам, он ми вика ок. Другаров ја купи ја однесовме дома и што ти вика Everest 64бит мемориси интерфејс. Ама бидејки на него не му значеше многу тоа реши да не се замара и продолжи да си ја користи.
Сет имаат огромен избор на делови и мислам дека им се најефтини цените. Е сега тоа зашто сите процесори од АМД им имаат 3 месеци гаранција не навлегувам. Имаат од делови од ASUS, Soltek, ECS, Inno3D со што ги имаат покриено сите класи и секој во зависност од тоа колку му е длабок џебот може да си избере што ќе купи. Е сега додека те услужат ќе се окозиш од чекање и има еден дечко кој се разбира и една теткица што знае по нешто. Само треба да си направат свој сајт зашто на ваква фирма е срамота да не и работи сајтот.
Ај за другите помалите и тие што ги заборавив ќе пишам другпат