Nokia E71

  • Креатор на темата Креатор на темата zlatkoa
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
9 декември 2007
Мислења
55
Поени од реакции
4
nokia-e71.jpg

Епа другари, еве ја и темата за Е71. Јас сум горд сопственик на истата од неодамна. За неа имам само пофални зборови. За некој ден ќе пишам една кратка рецензија за телефонов и ќе закачам неколку линкови за корисен софтвер и слични ствари. Се надевам дека не сум единствениот со Е71, а?
 
точно,
една другарка си купи сега набргу,
јас мислам дека ако стиснам едно копче ќе се откуцаат 5,
телефонот е закон за бизнисмени,
а за деца не е дефинитивно,
толку пари може да се искористат за нешто многу поарно
 
Имам едно прашање за ГПС-от. Колку време ти треба да ги лоцира сателитите и да престане да го покажува она Waiting for GPS или како пишуваше...
 
Имам едно прашање за ГПС-от. Колку време ти треба да ги лоцира сателитите и да престане да го покажува она Waiting for GPS или како пишуваше...

Па искрено јас користам 2 апликации на телефонот за ГПС. Едната е Нокиа Мапс 2, другата е Гармин ХТ 5,0. На Нокиа Мапс и треба 30-тина секунди за да те лоцира (т.е. да се конектира со сателитите), а на Гармин му треба некаде околу 50-тина секунди. Што според мене и за двата случаи е доста солидно време во позитивна смисла.

zlatkoa напиша:

Заборавив да напоменам дека времињата и кај двете апликации се мерени доколку стоите, за во движење треба минута некаде...
 
Ќе се обидам да дадам што е можно поконкретна оценка за Е71.

Уште на почетокот да расчистиме неколку работи. Е71 е телефон наменет за деловни луѓе што се во постојано движење, и не треба од него да се очекуваат спектактли од областа на мултимедијалните способности. Не, дека мултимедијалната страна му е слаба точка, напротив, самиот телефон може да ви ги заврши истите работи како било која машина од N серијата на Нокиа, само не со таа брзина, а можеби не и со тој квалитет. Како типичен пример ќе ја земам камерата. Е71 има стандардна CMOS сензор од 3,2 мегапиксели со ауто фокус, но квалитетот на тие 3,2 мегапиксели не се ни најмалку на рамништето на било кој телефон од N серијата. Во Е71 камерата е наменета за фотографирање на моменти кои евентуално би се чувале само во електронска форма (слика) , бидејќи квалитетот на боите и експозицијата се просечни. Значи со камерата расчистивме, Е71 има камера со просечни перформанси.

Софтвер. Фабрички телефонот е наполнет со сите апликации што му се потребни на еден канцелариски работник за да заврши елементрна задача додека не е пред компјутерот во канцеларија. Значи, има солиден е-маил клиент, Офис апликација која отвара и едитира офис датотеки (.doc; .xls; .ppt; .pdf и уште неколку што лично јас не ги користам), веб прелистувачот кој што фабрички доаѓа со самиот Е71 е одличен и јас го користам многу повеќе одколку било кој прелистувач што се нуди за овој телефон. Можете комотно да отворите youtube, и тоа десктоп верзијата, а не онаа осакатената за мобилни и да гледате клипови на целиот екран од телефонот. Да, како што претпоставивте телефонот има флеш поддршка во самиот веб прелистувач и истат функционира беспрекорно.

ГПС. Јас користам 3 гпс софтвери. Nokia Maps 2.0, Garmin XT 5.00, Google Maps (незнам која верзија). Сите три работат одлично во однос на воспоставување на контакт и комуникација со сателитите, но сите три не даваат подеднаков квалитет на услугата.
Nokia Maps 2.0 има многу едноставни и осакатени мапи од Македонија во споредба со мапите од верзијата на истиот софтвер 1.5, значи имате само транзитна мапа од Македонија со сите главни автопатишта. И толку. Нема населби во Скопје, нема улички нема ништо. Зашто е тоа така незнам, а уште повеќе незнам зашто еден производител на софтвер во поновата верзија на софтвер наместо надградба на мапите го нуди сосема спротивното, нуди ништо.Инаку Nokia Maps може да користи било која мапа од светот, која во телефонот се внесува преку Nokia Maps Loader, и истите после инсталацијата во телефонот ги користите без никаква конекција со интернет.

Garmin XT 5.00 e правата kick ass апликација за ГПС која можете да ја користите на било кој Symbian S60 телефон. Да, Garmin XT 5.00 доаѓа со детална Adria Route мапа, во која се содржат мапите на Хрватска, Словенија, Македонија, Србија и Босна и Херцеговина. Македонија е застапена со детални мапи на 8 поголеми градови, Скопје, Кочани, Гевгелија, Берово, Струмица и тн. Кога велам застапена мислам на улична навигација на речиси сите улици во тие 8 градови, што значи буквално можете да му кажете на Garmin XT 5.00 дека сакате да одите од Ново Лисиче до некоја улица во Струмица, или населба Карпош во Скопје и навигацијата започнува. Значи за сите оние идиоти што упорно тврдат дека во Македонија нема ГПС заради Х причини, еве доказ дека има и работи ТОП.

Google Earth. Ја игра истата улога како и на десктоп верзијата, но за користење ќе ви треба интернет конекција со операторот (GPRS, EDGE, 3G) бидејќи самата апликација не содржи мапи. Поврзувањето со сателити е доста брзо 30-50 секунди и самиот софтвер работи доста глатко и брзо.

Брзина. Телефонот во однос на хардверски перформанси е доста добро спастрен. Не навлегувам во брзина на процесор РОМ меморија и сл, бидејќи истите ќе си ги најдете на некој сајт, генерално можам да кажам дека телефонот солидно ги извршува сите операции што од него се очекуваат.

Бидејќи содржи комплетна QWERTY тастатура, тоа барем мене ми е одлична предност кај Е71. Јас ја користам тастатурата максимално. Значи телефонот го користам за да напишам е-маил со повеќе од 5 збора (што е случај кај повеќето емаил пораки што јас сум ги добил од мобилни телефони) т.е. да го користите како замена за вашиот десктоп или лаптоп компјутер кога за тоа имате потреба. За пишување СМС пораки не би додал ништо освен тоа дека кога ќе почнете да пишувате СМС на овој телефон, едноставно се заборавате, и повеќето СМС пораки ви се големи колку стандардни 4-5 СМС пораки, затоа што едноставно неможете а да не престанете да пишувате....

На крај би додал дека Е71 е телефон за сите оние што се зависни од интернет, е-маил, личен календар или организатор и сл. Телефонот е солиден пријател за секој оној деловен или обичен човек кој сериозно ги користи горе наведените работи.

Ова беше само една мала рецензија од мене, па сега ако некој има нешто да додаде нека повели ако некој има нешто да праша нека пише и така.

Поздрав кајганџии се читаме наскоро пак...

e71futrolazg7.jpg

e71kajganazj1.jpg

e71meniaf2.jpg
 
Златко, со здравје да го служиш, си направил одличен избор.

Како што рече, телефонот е одличен за оние кои имаат секојдневна потреба од интернет, мејлови, органајзер - а со самото тоа од QWERTY тастатура. А дополнително ме бендисува затоа што за разлика од останатите бизнис телефони, не е цигла - напротив, има многу префинет изглед, а и материјалите кои се користени се одлични. Ем бизнис функционален, ем елегантен и убав телефон.

Сум сменил купче телефони (последниве години комуникатори, ајпаци и слични чуда), моментално сум со P1 (пошто не е цигла во споредба со Е90 кој го користев претходно), ама и јас и се острам на Е71.

Оф топик: од кај си ми познат? :)
 
Златкоа ... браво за постот ... со здравје да го возиш телефонот :helou:
 
Баш пред малку го чачкав телефонот и не сум претерано воодушевен. Бев отиден да го купам али се предомислив, иако го најдов за 16000денари користен една недела.
Има неколку работи кои доста ми сметаа мене лично.
Според мене џабе му ставиле кверти тастатура кога не е функционална. Истата е премала, односно копчињата се прситни. Ај и за куцање на пораки и на смс ке пројде некако, али за да свртиш број ептен е тапа. Бројките се ставени во простор сантиметар на два, што е премалку. Да направеа тастатура како кај п1 стопати подобро ке беше, или само копчињата за бројките да беа дупли.
Друга мана е камерата која за навечер е ептен лоша иако има телефонот и блиц. Со ајфон кој има послаба камера и нема блиц навечер имам сликано каде каде подобри слики.
Ај бидејки е бизнис телефон да ја тргнеме камерата на страна, но сепак мислам дека со тастатурата се заебале.
 
па сеа и мало и компатибилно не иде во едно, освен тоа за цената си држи вода телефонов.
 
Фала друже, поубав да си купиш. Како што кажа телефонот е за оној што има потреба од можностите што ги нуди. Искрено, пред Е71 имав Sony Ericsson P1i и морам да кажам дека и тој телефон е топ во секој поглед. Единствено што ме разубеди да го продадам P1i беше тоа што Symbian прекина со развојот на UIQ. Инаку тешко дека ќе помнев на Е71.

А за тоа од кај сум ти познат стварно незнам, на аватарот сум јас на сликата, името ми е стварно Златко, а Мистичен како nickname не ми значи многу за да ми текне од каде се знаеме...:helou:

Златкоа ... браво за постот ... со здравје да го возиш телефонот :helou:

Фала Торте, поубав да си купиш...

Баш пред малку го чачкав телефонот и не сум претерано воодушевен. Бев отиден да го купам али се предомислив, иако го најдов за 16000денари користен една недела.
Има неколку работи кои доста ми сметаа мене лично.
Според мене џабе му ставиле кверти тастатура кога не е функционална. Истата е премала, односно копчињата се прситни. Ај и за куцање на пораки и на смс ке пројде некако, али за да свртиш број ептен е тапа. Бројките се ставени во простор сантиметар на два, што е премалку. Да направеа тастатура како кај п1 стопати подобро ке беше, или само копчињата за бројките да беа дупли.
Друга мана е камерата која за навечер е ептен лоша иако има телефонот и блиц. Со ајфон кој има послаба камера и нема блиц навечер имам сликано каде каде подобри слики.
Ај бидејки е бизнис телефон да ја тргнеме камерата на страна, но сепак мислам дека со тастатурата се заебале.

За тоа дека бројките на телефонот му се распоредени неконвенционално во матрица 4х3 си во право. Мене ми требаше само 1 ден за да се привикнам, сега веќе тоа и не ми е битно.

Сепак ќе морам да те демантирам дека П1 има подобра тастатура од Е71. Пред да го купам Е71 (пред 1 месец) користев П1 повеќе од 1 година. Искрено П1 има поедноставна тастатура за снаоѓање ама не и попрактична од Е71. Решението за користење на концептот на копчиња клацкалки кои имаат двојна операција во зависност дали се притиснати лево или десно за мене лично беше многу по не практичен од овој на Е71. Точно е дека Е71 има збиена тастатура, но таа е претерано ергономски скроена, секое копче е испакнато на врвот и верувај ми после 2-3 обиди се свикнуваш како да ја користиш тастатурата најнормално.

За камерата веќе кажав, таа е просечна.

па сеа и мало и компатибилно не иде во едно, освен тоа за цената си држи вода телефонов.

Телефонот покрај тоа што е мал и компактен, изработен е од одлични материјали, и делува како зипо запалка (за споредба). Целата шасија му е од некој полиран метал кој ти дава чувство на ексклузивност. Основна маана на полираниот метал е што ненормално лепи отисоци од прсти. Ама тоа се решава многу лесно...:icon_lol:
 
Стави и некоја слика како го дршиш во рака како и слика спореден со ЦД за да се видат димензиите какви се, вака кога е сликан сам телефонот се губи осет за големина.

А за тастатурата дали ке се навикнеш зависи и какви прсти имаш, моите не се баш мали.:icon_lol:
 
За оние што не знаат, Е71 иде во 4 бои. Металик Сива, Металик Црна, Металик Црна, и Металик Бела. Бидејќи кај нас Сивиот и Црниот ги има насекаде, еве две слики од црвениот и црниот, само за споредба.

blacke714.jpg

rede71.jpg
 
Измислен бизнисменски телефон...Супер е, со здравје да си го користиш:smir:
 
Zlatko kako go imas podeseno Garminot? Jas imam Nokia n78, go instalirav garmin mobile xt 5.00.20 ama koga go vklucuvam mi bara kao da povrzam garmin GPS receiver preku bluetooth.. Samiot mobilen si ima integriran gps, no programot nemoze da go koristi.. any help? fala
 
Back
На врв Bottom