Многу убава дискусија сте развиле тука, ретка тема во која сите пишале многу убави мислења. Посебно Buterfly ме растажи со постот.
Искрено, пред извесно време почнав да се сомневам во некои свои мисли. Се двоумев дали сум имала невозможна или била возможна љубов. Само знам дека на некој начин тогаш ме уништувала со своето траење од мнооогу години. Не месеци, години. Сум имала љубов која мене ми се чинеше возможна, мислев можам се` да победам и да успеам. Се борев, сакав, чувствата беа обострани, но не успеавме заедно. И чувствата се влечеа се` повеќе и повеќе. На моменти бев свесна дека е невозможна, а на моменти верував дека љубовта може да победи се`. Таа надеж и верба ме донесоа до некое дереџе, заглавив со емоциите, не можев да љубам друг, не сакав да се помирам со тоа дека таа љубов не може да не` спои.
Но, вашите мислења на темава, дискусијата и сегашниот мој начин на размислување, некако се поклопуваат со она дека невозможна љубов не постои. Всушност, како што рече Дивајн
Јас не верувам во поимот забранета љубов. Верувам само во храбри луѓе кои прават се` за вистинската љубов и слабичи кои се откажуваат од неа, поради некој помалку вреден проблем. :smir:
Во мојот случај недостигаше храброст. Храброст за да се чувствува слободно таа љубов која ја имаше меѓу нас.
Само една пречка требаше да се надмине, која за мене беше ништо во споредба со значењето на љубовта. Една глупава навика требаше да се смени, ништо повеќе. Тоа ја правеше невозможна. Или, пак, можеби не била искрена. На моменти не знам што да мислам. Не беше во прашање нешто што, пример, од луѓето не би било одобрено или не знам каква забрана која ја создале луѓето.
Доколку сте доживеале порано таква љубов, дали сеуште сонувате за неа..дали сакате да ја имате..
Или пак, сте се одрекле од неа засекогаш, и не ја гибате, затоа што знаете дека ви е слаба точка, и рана шо ќе ве печи засекогаш.
Не сонувам за неа, не сакам да ја имам, се одреков засекогаш, не ми е слаба точка, не ми е рана што ќе ме пече засекогаш. Цртата е повлечена, нема преминување.
Ми остана како големо искуство, убаво е кога знаеш дека си способен да сакаш, да научиш дека одржувањето на чувството е возможно, убаво е сето тоа. Но, не, благодарам. Сакам покрај себе човек кој ќе го знае ова, но кој е храбар чувствата кои ќе ги има да ги спои со моите, заедно да уживаме во љубовта и нејзината благост.
И да не должам веќе, накусо - нема невозможна љубов.
Туууу исплеткав ама поентата е јасна