Невозможна љубов

  • Креатор на темата Креатор на темата Тамарче
  • Време на започнување Време на започнување
Е овде не се согласувам.

Да уништам нечија туѓа среќа,да се мешам во туѓ живот?

Едноставно некогаш човек треба да ги остави работите како што се.
Ако треба да бидеш со тој човек , ќе бидеш.
Ќе се најде начин,ама не под услов да направиш друг несреќен и мизерен.

П.С Ова е за Тамарче - Макијавели нема лично изјавено Целта ги оправдува средствата и таа теза се однесува на политички прашања.:):)

Да, ама јас ја искористив тезата за да ја доловам ситуацијата. И плус то, многу луѓе ја практикуваат не само во политичкиот живот туку и во другите сфери од животот. :wink:
 
Е овде не се согласувам.

Да уништам нечија туѓа среќа,да се мешам во туѓ живот?

Едноставно некогаш човек треба да ги остави работите како што се.
Ако треба да бидеш со тој човек , ќе бидеш.
Ќе се најде начин,ама не под услов да направиш друг несреќен и мизерен.

П.С Ова е за Тамарче - Макијавели нема лично изјавено Целта ги оправдува средствата и таа теза се однесува на политички прашања.:):)

Ех како ја да сум го пишувала ова, така е, тоа не е среќа, ако некој пати за таа твоја среќа. Кога тогаш совеста ќе почне да грицка, некогаш порано некогаш покасно само неможеш да бидеш среќен врз друга несреќа.
 
Е овде не се согласувам.

Да уништам нечија туѓа среќа,да се мешам во туѓ живот?

Едноставно некогаш човек треба да ги остави работите како што се.
Ако треба да бидеш со тој човек , ќе бидеш.
Ќе се најде начин,ама не под услов да направиш друг несреќен и мизерен.

Да ги остави работите како што се...зошто ти да се разочаруваш зашто не се бориш за тоа што го сакаш,па тоа е кукавички..зборувам доколку постои и интерес од другата страна...а како ќе знаеш дека треба да бидеш со тој човек ако ги оставиш работите какви што се...кој е тој нов начин...за се што сакаш во животот треба да се бориш,да ќе има подеми,падови,успеси,неуспеси,солзи и слично...но таков е животот...суров :smir:
 
Да,треба да се бориш,тука се согласувам,ама не по цена да уништиш нешто или да распарчиш нечии илузии или среќа.
Не е кукавички,ако гледам дека тој човек е со друга особа среќен,нема што јас да се мешам едноставно достоинствено ќе си се повлечам.
Ако има интерес од негова страна,нека си расчисти ако има нешто и нека ме побара.Јас да си го плеткам носот во туѓа среќа и мојата среќа да ја градам врз туѓа среќа немам намера.
Не,не се сите средства дозволени.Никој нема право да посегнува по туѓата среќа.
 
Значи ќе чекаш на промени,доколку се слушат можеби ќе бидеш среќна,доколку не ќе останеш да си живееш без тоа што го сакаш...значи збориме има интерес,влагате со подеднакви шанси...зашто да се повлечеш,што е некој подобар од тебе...не се повлекувам ако изгубам во ред но никогаш не се повлекувам :smir:
 
А зашто да не се повлечам и го оставам да си живее убав живот?
Значи јас сум упаднала во неговиот живот и не можам да очекувам да промени се од корен или пак да прекине врска или уште потрашно брак.
Може ќе му дадам на знаење дека сум заинтересирана,меѓутоа конечната одлука е во негови раце.Он треба да пресече и одлучи,а јас немам никаква намера да се мешам во тоа.
Затоа што во исто време се ставам во кожата на другата страна,која би останала повредена,со скршено срце.А зашто? Заради нешто кое што можеби и нема ни да трае.
 
Малце забегавме еј...ама замисли во се во животот да се повлекуваш...едноставно несакаш да му го земеш на некого работното место,да му ја земеш љубовта...се задоволуваш со трошките...зборот ми е знам дека е тешко но денешниот свет така налага...појакиот успева,го јаде помалиот,без емоции :pos2: тоа е денешниот свет сакала ти или не :smir:...он да пресече,значи ти само му кажуваш и чекаш 50-50 а...не е животот квиз,мора да го знаеш одговорот пред другиот
 
Значи, по твојте муабети ти би убил и чоек за да бидиш со некој и да го реализираш то шо ти е зацртано и да се бориш за то шо го сакаш, а?

Eдит: Мислев дека Земзела е женско. Се извинувам, попрајв.
 
Значи, по твојте муабети ти би убила и чоек за да бидиш со некој и да го реализираш то шо ти е зацртано и да се бориш за то шо го сакаш, а?

aаааауууу која е таа партизанка, амазонка шо и да е ? :)

неам иронија во постот ::nenene: :smir:
 
Мислам дека нема невозможна љубов ... за секој проблем постои некакво решение ... а ако некој кој бил со мене се оженил со друга,значи ја сакал другата и тоа е веќе невозвратена љубов...невозвратена љубов и невозможна според мене не е исто ... јас под поимот невозможна љубов подразбирам двајцата да се сакаат ама да има некоја пречка од надвор шо ги спрешува да бидат заедно и во таков случај сметам дека секогаш има шанса да се најди решение само шо некој од двајцата ќе треба да напрај жртва нормално,или можда и двајцата.
 
Оваа тема е создадена само за мене...
До сега се имам заљубено 3пати, и тоа беше возвратено, но...сите беа од друга држава, за жал...А таква врска многу тешко се одржува...Мислев, ако постои љубов, ништо не е важно, но не е така. Трагично е тоа што јас никогаш не сум ја прекинала ваквата врска...и секогаш на крајот јас патам како идиот, но што да се прави...јбг

јас под поимот невозможна љубов подразбирам двајцата да се сакаат ама да има некоја пречка од надвор шо ги спрешува да бидат заедно и во таков случај сметам дека секогаш има шанса да се најди решение само шо некој од двајцата ќе треба да напрај жртва нормално,или можда и двајцата.

Точно така, но ако пречката е далечината, тогаш каква треба да биде жртвата? Преселба? Тоа секако дека е можно да се направи, но сепак...
 
Постои. Ти ја сакаш, таа те сака, убаво ви е кога сте заедно, а има неколку фактори кои во синџиреста реакција ве спречуваат да сте заедно. Јебига, Лајфс а бич, енд ден ју дај.
 
Значи, по твојте муабети ти би убил и чоек за да бидиш со некој и да го реализираш то шо ти е зацртано и да се бориш за то шо го сакаш, а?

Eдит: Мислев дека Земзела е женско. Се извинувам, попрајв.
Не не да не претеруваме,нема да убијам човек но тоа што мислам дека можам да го имам и ако другата мисли слично на мене но од икс причини е со некој друг ќе се потрудам да и кажам дека греши и дека не е тоа она вистинското...ако има желба и од другата страна е полесно,но таа треба да е искрена нели :smir:
 
Мислам дека другата страна треба сама да одлучи без ти да се мешаш.
Нема што ти да кажуваш дали греши и дали е тоа вистинското.
Секој сам треба да си сфати.
 
Никогаш нема да сфати ако не му дадеш до знаење која си, колку вредиш и зошто, твоите чуства кон него..... работи заради кои треба да се одкажи од она што веќе го имал. Тој самиот ќе одлучи за што сака повеќе. Ако не сака јас губам, ако не добивам. Во секој случај ја поддржувам Crazy in Love ,,Да,треба да се бориш,тука се согласувам,ама не по цена да уништиш нешто или да распарчиш нечии илузии или среќа,, иако и муабетот на Zemzela исто така држи вода но во други теми.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom