Не знам, но како тоа - сите пророци нон-стоп го навестувале доаѓањето на Бог - може ли да ми наведеш цитат каде е навестено ова? А подоле пак велиш како пророк било запишано во Библијата?
Во Исаија 9:1-7
1 Во прво време Тој ја понижи Завулоновата Земја и Нефталимовата Земја, но во последното време Тој ќе го прослави патот покрај морето од онаа страна на Јордан - незнабожечката Галилеја.
2 Народ кој одеше во темнина, виде голема светлина; оние што живееја во мрачна земја, ги осветли силна светлина.
3 Ти го умножи народот, ја зголеми веселбата, и тие се радуваат пред Тебе, како што луѓето и се радуваат на жетвата, како што викаат кога се дели пленот.
4 Неговото тешко бреме, прачката што му ги притискаше плеќите, бичот на неговиот гонител, ги скрши како во мадијамскиот ден.
5 Да, сите воени обувки, секоја облека натопена во крв, ќе изгорат и ќе му бидат храна на огнот.
6 Зашто, ни се роди Дете, Син ни се даде, власта му е на рамото. Името ќе Му биде: Чудесен Советник, Силен Бог, Вечен Татко, Кнез на Мирот.
7 Неговата власт ќе се шири надалеку и не ќе има крај на мирот над Давидовиот престол, над неговото царство: ќе го зацврсти и ќе го утврди во правина и во праведност. Отсега и довека ќе го направи тоа приврзаната љубов на Господа над Воинствата.
прочитај ги сите 7 стихови и поврзи ги со Новиот Завет (ако го имаш воопшто прочитано)
Исто според Исаија 53:1-12
1 „Кој да му поверува на она што ни е објавено, кому му се откри Господовата рака?”
2 Израсте пред Него како нежно стебло, како корен од сува земја. Немаше на Него ни убавина ни блесок за да би сме се загледале во Него, ни милозливост за да би ни се допаднал.
3 Беше презрен, отфрлен од луѓето, човек на болката, свикнат на страдањата, од Кого секој го отстранува лицето, беше презрен, и за ништо го сметавме.
4 А Тој ги понесе нашите болести, ги зеде врз себе нашите болки, додека ние сметавме дека Бог Го бие и Го понижува.
5 За нашите престапи беше прободен, сотрен, за нашите беззаконија. Казната за нашиот мир падна врз Него, преку Неговите рани ние се исцеливме.
6 Сите скитавме како овци, и секој одеше по својот пат. А Господ ги возложи на Него беззаконијата на сите нас.
7 Го измачуваа, а Тој оставаше, и не ја отвори Својата уста. Го одведоа како јагне на колење; како овца нема, пред оние што ја стрижат, не ја отвори Својата уста.
8 Со сила и со суд се ослободија од Него, и кој ќе го искаже Неговиот род? Да, од земјата на живите го отстранија Него, за гревовите на Неговиот народ, го ранија на смрт.
9 Му го одредија погребението меѓу злочинците, а Неговиот гроб беше при богатите, иако не направи неправда, ниту пак устата Му изусти лага.
10 Но на Господа му беше угодно да Го порази, и Тој Го предаде Него на мачење; кога го жртвува Својот живот како принос за грев, ќе види потомство, ќе ги продолжи своите денови, и Господовата волја ќе се исполни преку Него.
11 Заради страдањата на Својата душа ќе види светлина и ќе се насити со нејзиното сознавање. Мојот праведен Слуга ќе оправда мнозина и нивната вина ќе ја земе на Себе.
12 Затоа ќе Му дадам мноштво во наследство, и со силните ќе го дели пленот, зашто Сам се понуди на смрт и беше вброен меѓу злосторниците, за да ги понесе гревовите на мнозина на Себе и за да се заземе за злочинците.
Потоа во книгата според пророкот Еремија,9:7-9
7 И ќе им дадам срце за да Ме познаат дека Јас Сум Господ, за да бидат Мој народ, а Јас нивни Бог, зашто тие пак ќе се обратат кон Мене со сето свое срце.
8 Но како со лошите смокви, што се толку лоши да не се за јадење - да, говори Господ, така ќе постапам и со Седекија, јудејскиот цар, со неговите кнезови и со сите Ерусалимци што останаа во оваа земја, и со оние што се населија во Египет.
9 Ќе направам да им бидат за ужас на сите земни царства, за срам и потсмев, за укор и за клетва насекаде каде што ќе ги изгонам.
Во Михеј 5:2
А ти, Витлеему Ефрато, најмалиот меѓу Јудините кнезови, од тебе ќе ми излезе Оној Кој ќе владее со Израел; Неговото потекло е од дамнини, од вечните времиња.
Има уште мноху стихови но ме мрзи сеа да ги барам.
Сите овие предвидувања на пророците се случиле кога Исус дошол на Земјата.