Што вели Библијата за Мухаммед а.с

Член од
14 ноември 2009
Мислења
67
Поени од реакции
11





Бисмил-лахир-Рахманир-Рахим




ПРВАТА ОБЈАВА ВО (Джебелу'н-Нур) ПЛАНИНАТА ХИРА


Една ноќ,наспроти последните десет дена на месецот Рамазан,пред Мухаммед с.а.в.с.,замислен и задлабочен во длабоки мисли,одеднаш блеснало Светло,се осветли пештерата........Мухаммед с.а.в.с.,
затрепери,ги подигнал рацете,да ги заштити очите.
Светлината се прêтворила во лик.Мухаммед с.а.в.с.,ги слушнал јасно зборовите:

,,О Мухаммеде,син на Абдуллах! Јас мелекот Џибраил (Габриел) ти носам од Аллах,Господарот на Световите,
Радосна Вест.Избран си за Аллахов Пратеник!,,Потоа Џибраил а.с.,му рекол;

"Икре Бисми Раббикеллези Халек.Халекал Инсане Мин 'Алек....."Учи,племенит е Господарот твој,Кој што подучува на перо,Кој го подучува човекот тоа што не го знае”. (Сура Ел-Алек 96:1-5)

Пејгамберот с.а.в.с.,одговорил;"Ме ене би кари'ин." ”Јас не знам да читам”Џибраил а.с.,го повторил повикот,а Мухаммед с.а.в.с.,одговорил дека не знае да чита.Тоа се повторило три пати.Потоа Џибраил а.с.,
му се приближи,го прегрна и го стегна околу градите толку јако,што

Пејгамберот с.а.в.с.,помисли дека ќе умре.
Потоа мелекот Џибраил а.с.,му покажал на Мухаммед с.а.в.с, како да земе абдест.

Кога Светлото Џибраилово почнало полека да гасне,а ликот да исчезнува.Мухаммед с.а.в.с.,целиот со тресенје,во чудна грозница од пештерата побрзал да си дојде дома,со Хатиџа р.анха,верната сопруга,да ја подели возбудливата Голема Вест.
Хатиџа р.а.,во почетокот се исплашила,гледајќи го покриениот возбуден и задишан сопруг.

Но,кога Мухаммед с.а.в.с.,и раскажал што видел и слушнал,Хатиџа р.а.,се израдувала,радосна поради големата милост која го осветли племенитиот и добар Мухаммед с.а.в.с.,Ни за момент не се посомнева во вистинитоста на Големата Вест.

Врз основа на тој настан,Возвишениот Аллах џ.ш.,објави:

"О ти,покриен! Стани и опоменувај!” (Сура Ел-Муддессир 74:1-2)

По објавениот ајет,Хатиџа р.а.,му рече на Мухаммед с.а.в.с.:,,Жими Оној во чија моќ е мојот живот,јас сум целосно сигурна дека ти навистина си добил Објава и дека си станал Божји Пратеник.,,и Мухаммед с.а.в.с, во Хатиџа го добил првиот предаден следбеник,ја добил првата муслиманка во ново време.

Настанот во пештерата Хира потполно го окупирал Мухаммед с.а.в.с.,целиот бил вознесен во,,пламен”.

,,Учи во името на Аллах...,,Звонело во ушите на Мухаммед с.а.в.с.,Аллаховиот збор го обзела целото суштество.
Мухаммед с.а.в.с.,синот на Абдуллах обдарен е со Аллахово пратеништво со света мисија Исламот да го објави на целиот човечки род.,,

БИБЛИЈАТА ГО ПОТВРДУВА ПРОРОЧАНСТВОТО НА МУХАММЕД С.А.В.С.

Кога Пејгамберот с.а.в.с.,му одговорил на Џибраил а.с.,;"Ме ене би кари'ин." ”Јас не знам да читам”,се исполни пророќанството како што стои во Библијата:

“Ќе им издигнам Пророк од среде нивните браќа,како што си ти,Ќе ги положам своите зборови во неговата уста,за да им каже се што ќе му заповедам”

Види во Библијата; (Стариот Завет) (Второзаконие Петта Книга Мојсеева Глава18 пасус 18
Аргумент;

МК-Библија 1999-Ис.29:12
Во книгата на Изаија 29 стих 12,читаме:

“А ако му биде дадена на некој што не знае да чита,велејќи:”Читај го тоа”!–тој ќе одговори:”Не знам да читам”

Аргумент;
МК-Библија 1990-Јов.16:12
Во Новиот Завет,Иса а.с. (Исус) нека е Аллаховиот мир над него,на своите апостоли им рекол:

“Имам уште многу да ви кажувам,но сега не можете да носите”.

Аргумент;
МК-Библија 1999-Јов.16:13

“А кога ќе дојде Тој,Духот на Вистината,ќе еве упати во сета вистина,
зашто нема да зборува Сам од Себе,а ќе зборува она што слуша,И ќе ви навести за нештата што ќе дојдат”.

Аргумент;

Аллаховиот повик кон целиот свет,гласи:

Што во преводот значи:“Денес ви ја надополнив верата вера и го исполнив благодатот Мој кон вас,и задоволен сум Исламот да ви биде вера”. (Кур’ан Сура Ел-Маиде 5:3)

Аргумент;

Возвишениот с.в.т.,во Кур’анот вели:

"И Ние те испративме само како милост на световите! (Сура Ел Енбија 21 ајет 107)

Аллаховиот повик кон целиот свет,гласи:

"На оној кој сака друга вера освен Исламот-нема да му се прими.Но,тој на Ахирет ќе биде мегју поразените." (Кур'ан Сура Ал-Имран 3:85).

Аргумент;

Возвишениот с.в.т.,во Кур’анот вели:

"О верници,плашете се од Аллах со плашливост вистинска.И умрете само како Муслимани!
(Сура Ал-Имран 3:102)
Аргумент;

Возвишениот с.в.т.,во Кур’анот вели:

“И не зборува по желба своја,туку тоа е само Објава што се објавува!Го поучува Силниот и Моќниот” (Кур’ан-Сура Ен-Неџм 53:3-5)

ВОЗВИШЕНИОТ АЛЛАХ Џ:Ш .НИ ДАВА ДО ЗНАЕНЈЕ ДЕКА ОВА ПРОРОЧАНСТВО Е ВО ТЕВРАТ (СТАРИОТ ЗАВЕТ), И ВО ИНДЖИЛ (НОВИОТ ЗАВЕТ)

АРГУМЕНТ;

Возвишениот с.в.т.,во Кур’анот вели:


"Оние кои го следат гласникот пејгамбер (Мухаммед),кој не знае да пишува и да чита,кого го наогјаат заведен кај нив-и во Теврат и во Инџил- “ Види; (Кур’ан Сура Ел-А’раф 7:Ајет 157)

 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
вториов пост ти е офтопик ..
би ти препорачал малце дискусија .. ете и на членот погоре одговори му ... и задржете се на темата .. Што вели Библијата за Мухамед а не што е Куран, што се Алахови книги, објави итн (за сите тие тематики има посебни теми) ...
 

Dem

Член од
25 јуни 2010
Мислења
46
Поени од реакции
2
би ти препорачал малце дискусија .. ете и на членот погоре одговори му ... и задржете се на темата .. Што вели Библијата за Мухамед ...

Во 5-то поглавје од Shir haShirim (שיר השירים), кое е дел од Библијата на хебрејски или на кратко “Песната на Соломон” (исто така се вика “Песна над песните”). Во тоа поглавје се дава пророштво за едно лице кое ќе дојде, мистериозно лице.


ПЕСНА НАД ПЕСНИТЕ
Главa 5

10 Мојот возљубен е бел и румен, повеќе од десет илјади други.
11 Неговата глава е како злато - чисто злато; кадриците од косата, како млади палмини гранчиња, црни како гавран
.

Ова е пророштво на пророкот Мухамед како што тој ја покори Мека. Добро познат историски документиран факт е дека во 630 година Мухамед влезе во Мека како водач на армијата на "десет илјади луѓе".


ПЕСНА НАД ПЕСНИТЕ
Глава 5

15 Нозете му се столбови од мрамор на златни подножја; растот му е како Ливан, величествен како кедар.

Овој стих го споредува овој пророчки мистериозен човек со земјата Либан која е земја на Арапите. Ова имплицира дека мистериозниот човек односно пророкот ќе биде од арапско потекло.

The Hebrew Bible
Song of Solomon 5

חכו ממתקים וכלו 16
מחמדים זה דודי
וזה רעי בנות
ירושלם׃



ПЕСНА НАД ПЕСНИТЕ
Глава 5

16 Говорот му е сладок и сиот е од љубезност. Таков е мојот возљубен, таков е мојот пријател, ерусалимски ќерки!

При читањето на македонскиот превод на “Песна над Песните” 5:16 овој стих завршува со описот велејќи: “Говорот му е сладок и сиот е од љубезност”, но она што повеќето од нас не го знаеме е дека во оргиналниот Завет името на овој човек е дадено. Тука е името напишано на антички хебрејски како што се појавува во стих шеснаесет: מחמד. Тој се чита како: "Mahammad". Според Бен Јехуда, хебрејско-англиски речник, тоа правилно се изговара како "Muhammad".


За тие што сакаат да проверат дали навистина така се чита кога ќе се преведи מחמד на англиски еве ви страница да проверите сами.


http://www.freetranslation.com/

capturelw.jpg


Еве и едно видео каде што јасно кажува за спомнувањето на Мухаммед, нека е секој мир и благослов над него, во Библијата:

 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
И што вели Библијата за Мухамед? ништо не кажавте освеn офтопици ... односно општ муабет кој скоро на секоја тема се повторува ...
ете Дем нешто од нешто се обиде да ја оправда темава ... затоа се друго бришам .. па ќе видиме до кога ќе опстои ...
 

Шота Буби

нотар
Член од
4 март 2009
Мислења
3.087
Поени од реакции
1.780
а што би можело да пишува во Билблијата,за некој кој во тоа време додека е пишувана не постоел...во куранот што пишува за Исус ништо чудно,кога сите ние знаеме кога е пишан куранот..
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
а што би можело да пишува во Билблијата,за некој кој во тоа време додека е пишувана не постоел...во куранот што пишува за Исус ништо чудно,кога сите ние знаеме кога е пишан куранот..
Се согласувам ... ама ете нели бил у некој смисол демек најавен ...
па ќе видиме колку има основа тоа да се тврди и да опстои темава ..
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Светото Писмо не најавува никаков Мухамед, ни непосредно ни посредно. Оние кои го гледаат Мухамеда во Писмото, очигледно дека имаат пуста желба да го видат, напрегајќи ја својата фантазија до ниво од прелест.

Кој смета дека Мухамед е најавен во Писмото, нека посочи точен стих. Во Стариот Завет, нема ништо пвеќе, освен раѓањето на Исмаил, синот Аврамов, роден од слугинката Агара, кој се смета за пра-таткото на сите Арапи, подоцна, муслимани.
 

Шота Буби

нотар
Член од
4 март 2009
Мислења
3.087
Поени од реакции
1.780
Се согласувам ... ама ете нели бил у некој смисол демек најавен ...
па ќе видиме колку има основа тоа да се тврди и да опстои темава ..
добро разбрав дека некој бил најавен,јас велам дека Св. Наум е тој,Брат ај најави и удри еден клуч на темава..

--- надополнето ---

Светото Писмо не најавува никаков Мухамед, ни непосредно ни посредно. Оние кои го гледаат Мухамеда во Писмото, очигледно дека имаат пуста желба да го видат, напрегајќи ја својата фантазија до ниво од прелест.

Кој смета дека Мухамед е најавен во Писмото, нека посочи точен стих. Во Стариот Завет, нема ништо пвеќе, освен раѓањето на Исмаил, синот Аврамов, роден од слугинката Сара, кој се смета за пра-таткото на сите Арапи, подоцна, муслимани.
проблемот е во тоа што сакаат Библијата да ја направат како куранот,имат проблеми затоа што во куранот Исус е нагласуван а Мухамед во Библијата не...но времето на пишување на двете свети книги појаснува многу работи...сличен си на синот,па нели синот сличен на таткото,или?
 
Член од
23 јули 2010
Мислења
252
Поени од реакции
15
Погрешно. Аллах џ.ш во Куранот вика дека најавите за Мухаммед с.а.в.с како последен пратеник се сокриени, затоа е залудно да се бара таму името негово.
И не се согласувам со еден член погоре кој вика дека Мухаммед с.а.в.с не постоел кога е пишувана Библијата, затоа не може да биде најавен.
Па како тогаш Иса а.с е најавен од страна на Муса а.с а ете и он не постоел кога е пишувана Тората ?

--- надополнето ---

На Евреите им беше најавен пратеник а не синот на Бога.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
- Велиш, најавите за Мухамед како последен пратеник, биле „сокриени„? Дај, биди посериозен! Од кого скрени, кој и зашто би ги криел!??? И што да правиме со сите овие тазе „пратеници„,? Од кај да знам дека некој од нив е „по-последен„ и од Мухамеда?
- Навистина, Мухамед не ни бил роден кога Писмото било дефинирано. Меѓу двршувањето на Писмото, како Стар и Нов Завет, и раѓањето на Мухамед, имаш едно добри......4,5 века.
- Како е Иса најавен од Муса?
 
Член од
23 јули 2010
Мислења
252
Поени од реакции
15
- Велиш, најавите за Мухамед како последен пратеник, биле „сокриени„? Дај, биди посериозен! Од кого скрени, кој и зашто би ги криел!??? И што да правиме со сите овие тазе „пратеници„,? Од кај да знам дека некој од нив е „по-последен„ и од Мухамеда?
- Навистина, Мухамед не ни бил роден кога Писмото било дефинирано. Меѓу двршувањето на Писмото, како Стар и Нов Завет, и раѓањето на Мухамед, имаш едно добри......4,5 века.
- Како е Иса најавен од Муса?

Зошто биле сокриени ? Па како претпоставените во Христијанството да ги одржат своите империи ако не преку владеење на луѓето кои се колнеле во месијата што умрел за нив, како алфа и омега ?
Нормално друг пратеник после него нема.
И каква врска има тоа што Мухаммед с.а.в.с дошол векови после Иса а.с ?
Значи ли тоа дека не може да биде најавен ?
Нели книгите кои ги диктира Бог не смеат да се уништуваат ?
Па луѓето векови и векови ќе читаат како нов пратеник треба да дојде.
И како тоа мислич Иса а.с не беше најавен од Муса а.с ?
Зарем Муса а.с не најави нов пратеник ?
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321
So be tocen stih koa sakate tumacite po svoe koa ne vi cini barate tocen stih a kaj ima tocen stih deka Isus vika deka e bog a ? kaj ima? Nema nego vie po vase si tumacite rucno kako vi odgovara, a za Muhammed s.a.w.s. da se naveduva deka ke doe u Indzilo i plus ete ti go Islamot posle, inaku kako ke ja objasnis pojavata na Islamskata civilizacija? kako pisuvanje na nekoj si muhammed koj izmislil vera? Ako e taka po ista logika moze da se kaze deka i risjanstvoto e izmizlica na luge koi bladale i im se pricinuvale gluposti.
 
Член од
22 јуни 2010
Мислења
15
Поени од реакции
1
Во Библијата нема лично пророштво за Мухамед, но сепак има некои општи пророштва каде се вклопува и Мухамед..на пример..

"И ќе се јават многу лажни пророци кои ќе заведат мнозина" Матеј 24:11
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
“Ќе им издигнам Пророк од среде нивните браќа, како што си ти,Ќе ги положам своите зборови во неговата уста,за да им каже се што ќе му заповедам” Види во Библијата; (Стариот Завет) (Второзаконие Петта Книга Мојсеева Глава18 пасус 18
Во ова пророштво јасно се гледа дека тој Пророк ќе биде од среде нивните браќа (евреите). Исус бил евреин, а Мухамед арап. Оттука повеќе од јасно е дека ова пророштво се однесува на Исус, а не на Мухамед.
Во Библијата Исус јасно кажа дека Тој е последниот Пратеник (Пророк) и дека после Него ќе доаѓаат само лажни пророци, затоа залудни се сите тие обиди да се бараат најавувања на некои други пррооци после Исус.
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321
Kazete mi kako ke ja objasnite pojavata na Islamot?
kako pisuvanje na poetot Muhamed ?
ako e taka po ista logika
moze da se kaze istoto i za risjansstvoto
Toa e nego vie ne mislite so svoja glava...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom