Ilumious
Патник, педер, поет, администратор, масон
Па кој те тера бе друже да го учиш, ти става ли некој нож под грло? Е сега што е задолжителен на матурата си е задолжителен како што е во секоја друга држава. Или сакаш клингонски да стават на матура?Сакање, и морање, се зборови со различно значење.
Јас само сакам да не морам да го учам македонскиот.
( а морам да го учам, на матура тој неможе да се избегне )
Ако некој те разбра зошто сакаш, пардон не сакаш да учиш македонски, нека ме просветли, затоа што јас ништо не сфатив што сакаш да кажеш. Или сакаш или не сакаш да учиш, едно од тие мора да биде. Реши се.Јас мислам дека македонскиот јазик е потребен предмет, и треба да се знаат некои работи од него, но до одредена граница.
Јас не кажувам дека македонскиот јазик не е потребен за сите, туку дека постојат некои за кои што не е потребен.
Не да не го учиме, туку да не мора да го учиме.
Си има свои причини за тоа зошто сака да учи тоа што сака да го учи. Тој не кажува дека тоа мора и треба да се учи, туку, дека само тој сака да го учи тоа, од кое што не следи дека другите мора да го учат тоа што тој сака да го учи.
Oва не е причина да мора македонскиот јазик да се учи, туку ова е причина зошто некој може да сака да учи македонски.
Јас не сум против тоа некој да учи македонски јазик, туку јас сум против тоа јас или некој како мене, да мора да учи македонски јазик.
Јас сум за:
-Задолжително учење на македонски јазик само до ( пример: ) 4то одделение.
-Исклучување на редовниот и задолжителен македонски после тоа одделение.
-Воведување на изборен македонски.
- Исклучување на задолжителниот македонски јазик од државната матура
Причини:
Јазикот има функција да овозможи комуникација помеѓу луѓето. Тој е еден вид на протокол. Поради тоа, за да се овозможи комуникација преку јазик, помеѓу два или повеќе луѓе, тие морат да користат ист јазик, т.е. протокол. Колку повеќе луѓе зборуваат ист јазик како ти,
и/или ако ти користиш јазик што го користат повеќе луѓе, колку повеќе луѓе го користат тој јазик, ти со толку повеќе луѓе можеш да реализираш комуникација.
За да можеш да реализираш комуникација со сите луѓе на оваа планета, има две опции:
-Да ги знаеш сите јазици.
-Сите луѓе да зборуваат еден јазик, а ти да го знаеш тој еден јазик.
Јас сум за втората опција.
Функцијата на јазикот што ја кажав, треба да има најголем приоритет, а не треба најголем приоритет на јазикот да биде тоа тој да биде богатство на еден народ. Тој треба да биде богатство на човештвото! ( и по можност сите суштества низ цел универзум што можат да комуницираат преку јазикот )
Кажи ми ти дали се сеќаваш што си учел во 4то одделение по македонски? Четива во читанка од кои се вади само поука од народни поговорки а граматика јок? Дај те молам не се шегувај, македонски се учи до 4та година па сепак 60 проценти од матурантите испопаѓаа токму на македонски. Ти изгледа сакаш да си го заборавиме јазикот и повеќе внимание да обрнуваме на глупостите кои ги учиме по другите предмети, за кои не ни слушнал светот ама ние се правиме најпаметни и ги учиме. Ајде бе.
И не гледам причина зошто да се исклучи македонскиот од матурата. Во која земја кажи ми си видел ти официјалниот јазик да не е во државната матура? Дај ми само една причина зошто да се исклучи македонскиот јазик, ама издржана причина, факт, а не некоја глупост во боја.
Со тоа протоколот твој на јазикот пак не те сфаќам. Имаш некои глупави фикс идеи во главата, кои верувај ми се смешни. Ти сакаш целото човештво да комуницира на ист јазик колку што (не) разбрав. Епа не може. Секоја држава си го цени својот јазик и редно е и ние да си го цениме, а тоа што англискиот јазик е меѓународен, тоа е друга работа. Не се зборува во државата во која живеам и точка.