Непотребни предмети

  • Креатор на темата Креатор на темата Скулгрл
  • Време на започнување Време на започнување
Сакање, и морање, се зборови со различно значење.
Јас само сакам да не морам да го учам македонскиот.
( а морам да го учам, на матура тој неможе да се избегне )
Па кој те тера бе друже да го учиш, ти става ли некој нож под грло? Е сега што е задолжителен на матурата си е задолжителен како што е во секоја друга држава. Или сакаш клингонски да стават на матура?
Јас мислам дека македонскиот јазик е потребен предмет, и треба да се знаат некои работи од него, но до одредена граница.

Јас не кажувам дека македонскиот јазик не е потребен за сите, туку дека постојат некои за кои што не е потребен.

Не да не го учиме, туку да не мора да го учиме.

Си има свои причини за тоа зошто сака да учи тоа што сака да го учи. Тој не кажува дека тоа мора и треба да се учи, туку, дека само тој сака да го учи тоа, од кое што не следи дека другите мора да го учат тоа што тој сака да го учи.

Oва не е причина да мора македонскиот јазик да се учи, туку ова е причина зошто некој може да сака да учи македонски.

Јас не сум против тоа некој да учи македонски јазик, туку јас сум против тоа јас или некој како мене, да мора да учи македонски јазик.
Ако некој те разбра зошто сакаш, пардон не сакаш да учиш македонски, нека ме просветли, затоа што јас ништо не сфатив што сакаш да кажеш. Или сакаш или не сакаш да учиш, едно од тие мора да биде. Реши се.

Јас сум за:
-Задолжително учење на македонски јазик само до ( пример: ) 4то одделение.
-Исклучување на редовниот и задолжителен македонски после тоа одделение.
-Воведување на изборен македонски.
- Исклучување на задолжителниот македонски јазик од државната матура

Причини:
Јазикот има функција да овозможи комуникација помеѓу луѓето. Тој е еден вид на протокол. Поради тоа, за да се овозможи комуникација преку јазик, помеѓу два или повеќе луѓе, тие морат да користат ист јазик, т.е. протокол. Колку повеќе луѓе зборуваат ист јазик како ти,
и/или ако ти користиш јазик што го користат повеќе луѓе, колку повеќе луѓе го користат тој јазик, ти со толку повеќе луѓе можеш да реализираш комуникација.
За да можеш да реализираш комуникација со сите луѓе на оваа планета, има две опции:
-Да ги знаеш сите јазици.
-Сите луѓе да зборуваат еден јазик, а ти да го знаеш тој еден јазик.
Јас сум за втората опција.
Функцијата на јазикот што ја кажав, треба да има најголем приоритет, а не треба најголем приоритет на јазикот да биде тоа тој да биде богатство на еден народ. Тој треба да биде богатство на човештвото! ( и по можност сите суштества низ цел универзум што можат да комуницираат преку јазикот )

Кажи ми ти дали се сеќаваш што си учел во 4то одделение по македонски? Четива во читанка од кои се вади само поука од народни поговорки а граматика јок? Дај те молам не се шегувај, македонски се учи до 4та година па сепак 60 проценти од матурантите испопаѓаа токму на македонски. Ти изгледа сакаш да си го заборавиме јазикот и повеќе внимание да обрнуваме на глупостите кои ги учиме по другите предмети, за кои не ни слушнал светот ама ние се правиме најпаметни и ги учиме. Ајде бе.
И не гледам причина зошто да се исклучи македонскиот од матурата. Во која земја кажи ми си видел ти официјалниот јазик да не е во државната матура? Дај ми само една причина зошто да се исклучи македонскиот јазик, ама издржана причина, факт, а не некоја глупост во боја.
Со тоа протоколот твој на јазикот пак не те сфаќам. Имаш некои глупави фикс идеи во главата, кои верувај ми се смешни. Ти сакаш целото човештво да комуницира на ист јазик колку што (не) разбрав. Епа не може. Секоја држава си го цени својот јазик и редно е и ние да си го цениме, а тоа што англискиот јазик е меѓународен, тоа е друга работа. Не се зборува во државата во која живеам и точка.
 
Јасноста и егзактноста на твојот пост е многу мала, затоа и за да не дојде до некакви недоразбирања, со цел да го објасниш, појасниш и направиш поекзактен твојот пост, ќе ти поставам неколку прашања (а воедно, кон појасните делови на твојот пост ќе реплицирам) :
Па кој те тера бе друже да го учиш, ти става ли некој нож под грло?
Дали со тоа тврдиш дека ништо не ме принудува да го учам македонскиот јазик, и дали со тоа тврдиш дека единстен начин некој да ме принудува е да ми стави нож под грло?
Е сега што е задолжителен на матурата си е задолжителен како што е во секоја друга држава.
Дали нашата држава мора да ги следи и реализира решенијата што ги креираат другите земји, и не смее да креира свои решенија на некои проблеми, кои се попрактични, ...со еден збор подобри, од тие на останатите држави?

Или сакаш клингонски да стават на матура?
Воздржан сум во врска со тоа.
Ако некој те разбра зошто сакаш, пардон не сакаш да учиш македонски, нека ме просветли, затоа што јас ништо не сфатив што сакаш да кажеш.
Прашај подетално, ќе ти го објаснам тоа што не го сфати.

Или сакаш или не сакаш да учиш, едно од тие мора да биде. Реши се.
Не мора. Може да постои трето.

Кажи ми ти дали се сеќаваш што си учел во 4то одделение по македонски? Четива во читанка од кои се вади само поука од народни поговорки а граматика јок?
Не гледам причина за да го кажам тоа. Ако постои, просветлиме.

Дај те молам не се шегувај, македонски се учи до 4та година па сепак 60 проценти од матурантите испопаѓаа токму на македонски.
Неважен податок.
Ти изгледа сакаш да си го заборавиме јазикот и повеќе внимание да обрнуваме на глупостите кои ги учиме по другите предмети, за кои не ни слушнал светот ама ние се правиме најпаметни и ги учиме. Ајде бе.
Кажав што сакав. Можеби не ме разбра. Ако не ме разбра, побарај објаснување, најверојатно ќе го добиеш. Многу подобро од тоа да не сфатиш нешто, е погрешно да сфатиш.
Мислам дека погрешно го сфати тоа што го напишав.
Доколку за нешто најдеш повече од еден начин да го сфатиш тоа, подобро побарајги информациите кои ќе ти овозможат да најдеш само еден начин на кое што ќе го сфатиш тоа, одколку истото да го сфатиш на начин на кој што сакаш ти, затоа што, ако го сфатиш на начин на кој што ти сакаш, тогаш големи се шансите погрешно да го сфатиш. ( Со најдобри намери. Само поука за во иднина да не се случи нешто погрешно да сфатиш. Најверојатно ќе ти користи. )
И не гледам причина зошто да се исклучи македонскиот од матурата. Во која земја кажи ми си видел ти официјалниот јазик да не е во државната матура?
Не барам да се исклучи, јас барам да не биде задолжителен.

Ако некоја држава прави нешто на некој начин, ние не треба да мораме итото нешто да го правиме на истиот начин како и таа земја, затоа што постојат шанси ние да креираме подобар начин за да го направиме тоа нешто. Од ова произлегува неважноста на прашањето што го постави.
Дај ми само една причина зошто да се исклучи македонскиот јазик, ама издржана причина, факт, а не некоја глупост во боја.
Немам причини да се исклучи македонскиот јазик од државната матура. Затоа и не барам да се исклучи.
Јас само барам македонскиот јазик да не биде задолжителен предмет во државната матура. Ти дадов причини за тоа.

Со тоа протоколот твој на јазикот пак не те сфаќам.
Знаеш што е протокол?

Ќе ти дадам еден пример за протокол:
Ако двајца решат да играат некоја игра, тогаш тие ги договараат правилата на играње на таа игра. Договорот за правилата на таа игра е протокол.

Да го искористиме протоколот во случајот со јазикот:
Ако таа игра што ја играат повеќе од еден човек, од предходниот пример, е разговарањето со помош на јазикот, тогаш, правилата на таа игра е користењето на јазик кој што го зборуваат сите вклучени во таа комуникација. Без користење на јазик што го зборуваат сите, директната комуникација помеѓу секој од луѓето вклучени во таа комуникација со користење на јазик е невозможна.

Имаш некои глупави фикс идеи во главата, кои верувај ми се смешни.
Можеби.

Ти сакаш целото човештво да комуницира на ист јазик колку што (не) разбрав. Епа не може. Секоја држава си го цени својот јазик и редно е и ние да си го цениме, а тоа што англискиот јазик е меѓународен, тоа е друга работа. Не се зборува во државата во која живеам и точка.
Не разбра или погрешно разбра.
Поради тоа ќе ги принудувате сите државјани на оваа држава кои што не сакаат да го прават тоа, да го прават тоа?
 
Agora ти си некаков изрод.

Не постои ни една добра причина која е доволна да македонскиот јазик се стави како изборен предмет а не задолжителен како до сега. Не ми е јасно како можеш да збориш така за сопствениот мајчин јазик.
Повеќе да се ценат другите јазици наместо македонскиот е лудост и некултура на човекот.
Македонскиот јазик како предмет во училиштето јас го сметам за најважен. Во училиштата секогаш најмногу часови во неделата сме имале македонски. Што луѓе ќе бидеме ако не сме писмени. Ако не читаме лектири. Ако не си ја знаеме својата граматика.
Сестра ми имаше сега изборен предмет Правопис што е многу добро. И правописот е значаен може и да има и таков предмет како задолжителен.

Да не се учи македонски јазик е исто како и да си дадеме цел да бидеме еден неписмен народ што не знае да си ги цени своите вредноти. Баш изгледа како што ти не знаеш.
 
На оваа тема, не е важно што сум.

Причини за тоа постојат, не гледам причини македонскиот јазик да биде задолжителен.Затоа што не постојат..или постојат? Кои се?
Сите причини што досега ги кажавте, се причини македонскиот јазик да постои како задолжителен предмет до одредена граница ( до таа граница до која што луѓето што го изучуваат тоа ќе можат да го зборуваат ), и после таа граница,да постои како изборен предмет, и постојат прилини некои кои што сакаат, да го одберат тој предмет.

Еве причини македонскиот јазик да биде изборен во средните училишта каде што тој не е потребен, пример во профилот во кој што учам јас:
За правење на она што по завршувањето на образованието треба да го прави некој кој се запишал во профил на „компјутерска техника и автоматика“, нема потреба од изучување на речиси се` она што се изучува од прва до четворта година во истиот профил, а она што има потреба да се учи, може да се премести во програмата за задолжителниот македонски јазик, кој ќе се учи до одредено одделение.
 
Agora никогаш нема тоа што го кажа да се примени. Македонскиот јазик е најбитниот предмет во училиштата.
Цени го тоа што го имаш, цени ги своите вредности.
Не може да постои причина да не се изучува задолжително македонскиот јазик. Ниедна причина не е доволна. Не е битно дали си програмер, доктор, правник, економист, пилот, продавач, фризер, дизајнер ... ако не го знаеш мајчиниот јазик си неписмен. Едноставно неписмен.

Не може да постои еден единствен јазик. Секој народ треба да си го цени својот мајчин јазик. Научи се да го сакаш она што е твое.
Не можам да го сакам англискиот повеќе од македонскиот. Не е возможно тоа.
Јас си имам идентитет и свој јазик и ќе си го ценам.
Ти што не си воспитан така тоа е друго.

Не мора повеќе да пишуваш причини за против изучување на македонскиот јазик во училиштата. Само иритираш, ништо повеќе.
 
На оваа тема, не е важно што сум.

Причини за тоа постојат, не гледам причини македонскиот јазик да биде задолжителен.Затоа што не постојат..или постојат? Кои се?
Сите причини што досега ги кажавте, се причини македонскиот јазик да постои како задолжителен предмет до одредена граница ( до таа граница до која што луѓето што го изучуваат тоа ќе можат да го зборуваат ), и после таа граница,да постои како изборен предмет, и постојат прилини некои кои што сакаат, да го одберат тој предмет.

Еве причини македонскиот јазик да биде изборен во средните училишта каде што тој не е потребен, пример во профилот во кој што учам јас:
За правење на она што по завршувањето на образованието треба да го прави некој кој се запишал во профил на „компјутерска техника и автоматика“, нема потреба од изучување на речиси се` она што се изучува од прва до четворта година во истиот профил, а она што има потреба да се учи, може да се премести во програмата за задолжителниот македонски јазик, кој ќе се учи до одредено одделение.
Ок, а како потоа т.е со кој изграден стил и израз ти како високо обрзована личност ќе разговараш со некого?
 
Ти бе дечко, не мораш да учиш!Јазикот мора да биде задолжителен затоа што е наш јазик, наша идентификација.Ти не мораш да учиш.Со тоа што одиш на часовите и слушаш, не значи дека учиш.Одење на школо и учење се различни поими.Ти можеш да одиш на час, ама ништо да не учиш.Твој избор.
Причините поради кои мора македонскиот јазик да биде задолжителен во училиштата се:
-Прво, ние сме Македонци и зборуваме македонски.Тој јазик мора да го изучуваме.
-Второ, треба да знаеш од каде ти потекнува мајчиниот јазик, кој го создал низ какви периоди поминувал.
-Трето, тој е најважниот предмет во училиштата.Многу подобро е да се знае нашиот јазик, отколку да се изучува таа твоја физика.Подобро е да ги знаеш граматичките правила на нашиот јазик, отколку сите физички закони и теории што постојат.Секако не те примаат во НАСА, џабе ти е филмањето, ама македонски сакал-неќел ќе учиш, зашто го знаеш јазикот и треба да се надоградува.
 
Ок, а како потоа т.е со кој изграден стил и израз ти како високо обрзована личност ќе разговараш со некого?
Потоа, само нема да знаеш нешто што нема потреба да го знаеш.
Ако го знаеш македонскиот, со кого ќе разговараш на тој јазик? ( не велам дека нема, велам само дека ги има многу малку )
Потоа ќе разговараш на јазик кој го разговараат најголем процент од луѓето.
 
Во основно треба да се учат сите предмети..нормално само основните работи.
А после во средно да се избира насока усте во прва година и секој да си учи тоа што сака а не да одиш економско и да учиш физика и хемија.А за гимназијава треба после втора да се избираат предметите.Нормално да имаш Македонски,Математика,Англиски,2 странски јазик и спорт ...и останатите да ги избираш во зависност од насоката на која ке одиш.Така ќе имаме вистинско образование а не вака учиме 100 работи и ништо не ќе научиме.а кога ке имаме 8-9 предмети и вистински нешто ке научиме.
 
Потоа, само нема да знаеш нешто што нема потреба да го знаеш.
Ако го знаеш македонскиот, со кого ќе разговараш на тој јазик? ( не велам дека нема, велам само дека ги има многу малку )

Потоа ќе разговараш на јазик кој го разговараат најголем процент од луѓето.

Од првата болдирана реченица сфаќам дека македонскиот како задолжителен го одбиваш поради желбата да учиш некаде надвор од Македонија... т.е веќе си филм дека си надвор (ирелевантно за темава во поголем дел)

И сега викаш дека ќе разговараш на јазик кој го ЗБОРУВААТ а не разговараат најголем процент од луѓето.... зборувај го англискиот на пример како општоприфатен на светско ниво (тука во Македонија) дедо ти и баба ти сигурно нема да те разберат.... а ако евентуалано ти учиш во Германија таму ќе го зборуваш јазикот кој го "разговараат" германиците т.е германскиот со цел полесно да се разбереш со нив... во шпанија - шпански.... португалија - португалски... верувам дека можеш да ја продолжиш низава и верувам т.е се обидувам да се убедам дека сум бил доволно јасен за тебе т.е доволно ситно ти надробив за да сфатиш дека во Македонија е важно да го зборуваш јазикот кој се зборува во неа и поради тоа што таму учиш и поради лични контакти со околината наоколу, вклучитечлно и развивање дебати околу разни теории по форумите, а не мандарински на пример кој исто така е втор најкористен јазик во светот, што по твоја дефиниција е некаков критериум.
 
Agora никогаш нема тоа што го кажа да се примени.
Moжеби, но никогаш не вели никогаш.

Македонскиот јазик е најбитниот предмет во училиштата.
Да, но не се` она што се учи, туку тоа до одредена граница.

Цени го тоа што го имаш, цени ги своите вредности..
Ги ценам.
Јас сум човек.
Постојат други луѓе кои имаат исти цели и со нив полесно можеме да го постигнеме тоа што го сакаме.
Не може да постои причина да не се изучува задолжително македонскиот јазик. Ниедна причина не е доволна..
Не мора да постои причина за тоа.
Може да постојат, и постојат, причини за да не биде задолжително она од македонскиот јазик што нема потреба да се знае.

Причина може да постои, но не може да оди против силата и моќта.

Не е битно дали си програмер, доктор, правник, економист, пилот, продавач, фризер, дизајнер ... ако не го знаеш мајчиниот јазик си неписмен. Едноставно неписмен..
Ќе го знаеш, но ќе го знаеш само она што што треба да го знаеш за да не бидеш неписмен. ...Ако не си стручњак за јазици, си неписмен?! НЕ!
Не може да постои еден единствен јазик. Секој народ треба да си го цени својот мајчин јазик. .
Но не треба да биде присилуван да го цени!
Научи се да го сакаш она што е твое. .
Знам да го сакам тоа што е од човекот, и она што е мое, и она што е од сите, т.е. не е од никого.
Не можам да го сакам англискиот повеќе од македонскиот. Не е возможно тоа. .
Исто така не можеш да принудуваш да го сака македонскиот јазик некој што не го сака.
Никој не би го правел тоа кога дел од македонскиот јазик не би бил задолжителен.
Јас си имам идентитет и свој јазик и ќе си го ценам.
Ти што не си воспитан така тоа е друго..
Тоа што ти си така воспитана не значи дека сите треба да го имаат истото мислење.
Јас си имам идентитет. Јас сум материја и имам свој степен на огранизираност. Го ценам тоа.
Не мора повеќе да пишуваш причини за против изучување на македонскиот јазик во училиштата. Само иритираш, ништо повеќе.
Т.е. треба, затоа што каде што има сила нема правдина...то сакаш да го кажеш?
 
Овој Небо ако дојде министер за образование некој ден сме го наебале сите. Да си се упишам јас на факс додека не сум видела за ако сакам да одам на филолошки ќе ми треба да полагам физика напредно ниво:nesum:.

Искрено Агора, не ти реплицирам затоа што џабе е, твоите реплики кон мене и кон другите членови се само човек да ги чита и да се смее.
 
за Македонски дека е непотребен ептен претеравте
и да не се учи треба да бараме да се учи наш јазик е тој стварно не ве разбирам
 
за Македонски дека е непотребен ептен претеравте
и да не се учи треба да бараме да се учи наш јазик е тој стварно не ве разбирам
Претеравме? Зошто множина кога само еден оди против?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom