Непопуларни фудбалски мислења (без цитирање)

  • Креатор на темата Креатор на темата DeviAngel
  • Време на започнување Време на започнување
Еј ќе заборавев, Кафу>Маикон>Иванович>Дани Алвес.

И фабрегас е просеравање, одувек бил.
 
Па добро сега, не е поентата да дојдеме овде и за инает да истрескаме глупости за кои цел свет ќе ни се смее, а воедно и ние да не веруваме во она што го пишеме. Поентата е да се напише нешто во кое се верува, а тоа нешто според нас да има доста противници, но сепак и подржувачи.
 
Милан-Јувентус е правото дерби на Италија.Интер никогаш ниту бил,ниту ќе е на исто рамниште со Милан и Јувентус,да не беше Калчополи Интер немаше да освои титула уште 20 години во Серија А.

Иниеста е најпотценетиот фудбалер на сите времиња,според мене на исто рамниште со Зидан и вистинска штета е што нема барем една златна топка.
 
@Tyler Durden
Да не беше Калчополи нормално дека Интер немаше да освои,како ќе освои кога Јувентус се вo рака држи и се отепува местење?

Он
Величе Шумоликовски беше подобар од играчите кои сеа играат на негова позиција во репрезентацијата
 
Дај бе 500 пати ве замолив без цитирања и напаѓање :uzi:
 
Ѕоф > Буфон = Чех = Ван дер Сар , макар што Сеп Маер имаше поголем осет за игра од овие четворица ама мене германците никогаш не ми се допаѓале :toe: !
За сегашниве Ноер , Де Хеа и Куртоа ќе можеме да збориме после 10 години !
Џанфранко Ѕола >Платини > ( Чави , Пирло , Иниеста )
 
Последно уредено:
Сите го забораваат Шмајхел кога се спомнуваат големи голмани. Да не беше он Јунајтед пола трофеи немаше да ги има во 90тите, а да не зборавите каква улога имаше и со Данска на ЕП 1992.
 
Ривалството помеѓу Јувентус и Интер е многу поодамна од 2005та година и Калчополито.
100 години трае таа нетрпеливост помеѓу Интер и Јувентус што не е случај со Јуве и Милан.

Од друга страна Милан-Интер е едно од најпријателските градски дербиња во светот.
Рома-Лацио е најјако дерби у свет, веднаш зад нив Бока-Ривер...
Реал-Барса е најискомерцијализирано дерби.
Енглезите немаат мега дербиња.
 
  • Бускетс е најдобар играч на неговата позиција веќе 5 години по ред.
  • Тоти е најдобар италијански фудбалер од 1990та па наваму.
  • Маскерано е подобар дефанзивец од Рамос.
  • Пике и Рамос се преценети, од аспект на тоа што се најнеконстантните дефанзивци, а постојано се прогласувани во тим на сезоната. Немаат сврзано по 5 утакмици без да направат смешен кикс.
  • Да не го себеа Пеп и Тата (играјќи го факинг ШПИЦ), Фабрегас можеше да прерасне во еден од најдобрите средни играчи (рамо до рамо со Сколс, Чави, Пирло, Иниеста).
 
Сум испуштил нешто. :icon_mrgr:
Немало, нема и ќе нема дерби како што беше Арсенал - Јунајтед од 97 до 05. Најквалитетно, најинтересно, со многу многу жар, Виера вс Кин, тепачки, црвени картони,перипетии, заплети, расплети, многу фудбалски мајстори едни против други, двајца големи стратези со катаљон години во своите клубови...
Nevermore.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom