Немам партнерка за на матура

  • Креатор на темата Креатор на темата DekiBomba
  • Време на започнување Време на започнување
Picture 290.jpg ете бидна некако.... едвај
кога ли беше само да се сетам,1977година,Гранд хотел-Скопје, јас и матуранката од средно медицинско,
еве ја уште тука со мене, пегла и се дере нешто „ немаш друга работа та слики ставаш на Кајгана“
(инаку јас т.с. емузус-Коце Металец,102%машкуданци, ни едно женско,правевме матура во 4 воденички 1972 година)
---------------
немој,бре не барај партнерка,да не заглавиш како мене цел живот со неа.
----------------
историја:
сите машки,(на сликава)бела кошула и сако, кај мене плишано темно кафено.
девојките, фустан-деколте до гуша, и два прста под колено.
 
Последно уредено:
Абе другар, и да немаш сеа то е, јебига :D

Поклони, глупости, па обврска демек да ојш да ја земиш. Тој букетот шо го носев, пола се распадна дур стигнав дома и :pos:
И се сликаш во хотелот и толку е, после чао поздрав. Сигурно немат да се земите :D

Според мене, друго поважно е, да си имаш добра екипа, начукајте, забава, гледај најубо да си помините, само со мера алкохол и други работи :D
Крај на средно е па ко шо ти пишаа овде со 90% од луѓето многу ретко ќе се гледаш, така да, без многу секирање и леп провод :D
 
Распрашај се низ другите класови, можеби ќе најдеш некоја. А за тоа дека другарите и другарките те предале, ич не му се замарај, такви се денешните луѓе, лицемерни, дволични и се е од корист.

А ако не најдеш партнерка, погледни од поведрата страна. Ќе влезеш последен и сам како sвезда на вечерта:D
 
Распрашај се низ другите класови, можеби ќе најдеш некоја. А за тоа дека другарите и другарките те предале, ич не му се замарај, такви се денешните луѓе, лицемерни, дволични и се е од корист.

А ако не најдеш партнерка, погледни од поведрата страна. Ќе влезеш последен и сам како sвезда на вечерта:D
Да да се слагам, ако му пеет Молика на матурата мојт да ја опитат на Анета дан сакат да му е партнерка.
 
Последно уредено:
Jac пак не сакав да имам партнерка, некако глупо ми беше, ко шо читаш и погоре одиш кај неа свадба, со гости, со курци палци.. Моите од дома напнаа.. Одбрав една од соседниот град само за да не треба да одам да ја земам, се чекавме прек хотел. Сакав да кажам толку беше грда, шо поарно ке беше сам да идам него ли со неа.
И влегуваш во хотел и забораваш на неа.
 
Абе поарно да немаш партнерка. Јас сега да сум со овој памет, ни партнерка ми треба, ни курац, ни палац. На апсолвентската ќе одам без партнерка. Не ми требаат такви секирации. :)

Со таа што ми беше, бевме пријатели и уште од 2-3 година се знаеше дека ќе бидеме партнери на матура, така си рековме.
Ама кој давеж беше само. Ме мкнеше по шнајдери, кројачи, пичке материне да сум и бил подршка во правењето на фустанот, пробите и остали тракатанци. Уби боже работа. Па за штикли, мислам дека пола Македонија ја свртивме, за да најде принцезата такви како што сака.
Џабе лупнав пари за поклони (уште го чувам миризот што ми го купи. За никаде е, не го ни употребувам. Сигурно има испарено до сега), поарно тие пари на музиката да ги дадев. Кога отидов кај неа, народ, народ, роднини до 6 колено. Она отиде да се спрема, ја заглавив со гостите..
Татко и ме седна на маса:
- Oooo зете, ајде по една ракија...
Една по една, се намножија.
Се раздени веќе додека госпожицата да се спреми.. преку таквоето ми дојде..
На крајот од забавата: плачки, лигавења, бла бла, како да е крај на светот..Од тогаш дали 2 пати сме излегле на кафе..
И не, не се измувавме.. ја завршив со друга, она шо ја знам шо уопште направи и кај заврши. Не ја ни видов после афтерпартито.
И да. Тапа беше матурата. Поарна беше таа со другарите кога славевме. Камења се напраивме. :D

П.С Другар беше у клас со 30 женски и 3 машки од кој едниот беше педерастичен. По 15 си ги делеа со другиот, а тој педерастичниот без партнерка беше. :vozbud:
 
Вака коа го читам Пеџа, ми текна на моите патешествија :pos:
Само шо кај мене беше по ха-це, најтоп школската ми беше партнерка па се дуев ко паун цела вечер :icon_lol:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom