Немам партнерка за на матура

  • Креатор на темата Креатор на темата DekiBomba
  • Време на започнување Време на започнување
И за апсолвентска ли е во мода ова со партнери?
Јас и матура и апсолвентска си ги поминав без. :D
Напаст еј :D Не знам зашо толку замарање.
Eдната знам оти ме свиѓаше и тоа го користеше за други цели, за оваа другата не знам. Имаше и некои шо први муабет на чат ни биле 2 недели пред забава, па си купи ли нешто. И очекува ти да ја викнеш :D Kаде бе ја ќе те викам, си викам 2 машки и уште да излезе ко ја да сум те избрал тебе од 30 жени :D
 
Едно другарче немаше па пред врата најде.
Без трошок помина, за букети и такви работи.
 
Пошто ја у клас имав 3-4 девојчиња, логично немав партнерка.
Фино лепо си отидов со другар ми од кај мене, од другиот клас, отруени од све и свашта, закаснивме, идеме пред тоа ресторанот глеаме нема никој сите влегле, трубачите се пакуваат, ги распакувавме почнаа за нас да трештат, излезе цел ресторан надвор. Шукурац. :D

Те боли кур за партнерка, убаво ти викаат, ќе заштедиш 50 евра за поклони, пичке материне. Па треба од дома да ја зимаш па таму кај неа како на свадба, абе мршукурац. :D
 
Абе шо си будала немал партнерка, ам море оније од Муцон кј нас шо да речет, све во класојне пендреци се, а поминвет најпрејако зш се селекција од лудаци:pos:
 
Гaјле ти е... и тaкa пoсле мaтурaвa oчи немa дa им видиш нa тие oд среднo (бaрем нa 90%)

Не е крaј нa светoт. Пoмисли кaкo им е нa дечките oд АСУЦ или ЕМУЦ :D
 
Другар цепај сам нема ни да осетиш дека немаш партнерка
И јас имав па што ако имав отидов кај неа ја земав пиев нешто и дадов поклон тргаме стигнуваме пред Палас ги собирам трубачите јас ја пуштам од раце она си влегува јас на трубачите им фрлам пари и после сам си влегувам :D
 
Ај коа више сите искуствата од матурата си ги кажаа, и јас моево да си го кажам па ти после види што ќе праиш :D

Моите најдобри другари имаа партнерки, ама партнерки у пм, девојчиња со кои прашање беше дали воопшто направиле два-три пати муабет за тие 4 години средно. Значи тоа беше комично, цел контакт што си го имал дотогаш бил на едно „здраво“ ако ги видиш надвор од школо и толку, и преку вечер станаа патнери за матура, се истрошија со пари за поклони, замарања за превози, дали ќе стигнат на време, кај ќе седат и слични срања кои само ти одземаат од забавата. Не, не се забавуваа, им се гледаше у очи тоа, колку сакаа можеа да зборат дека се хепи, не ги видов да се смеат цела вечер, чесни исклучоци. Уште пред тоа видов дека така не иде, глупо е. И у право бев, фрлија пари на глупи поклони, влегоа у хотелот заедно за да се сликаат, играа еднаш и тоа е тоа, не ни напраија нешто „посериозно“ ко што некои сакаа, if you know what I mean. Нормално дека не напраија ебате, исфорсирано им беше све. Од тогаш немаат контакт еден со друг, единствениот контакт им остана тоа „здраво“ ако случајно се видат. Не отишле ни на кафе, не ни излегле заедно никад, ни пред матурата, ни после неа. И до ден-денес ги прашувам „и што ако бевте партнери?“, стварно не сфаќам што позитивно им донесе тоа. Немаш ни некој асален спомен или нешто, имаш само слика со некое рандом девојче кое се погодило да го прашаш за матура, браво ебате. Едно е да идеш со девојка да речеме, па у иднина кога ќе ја видиш сликата ќе си речеш „еј да, оваа беше _____, со неа идев толку и толку време, баш убаво си пројдовме“, или “оваа ми беше многу добра другарка, цело средно се дружевме, бегавме од часеви, она ми местеше другарки, ја нејзе другари“ и слични срања, па ако ти е уште блиска ќе се чуеш со неа и ќе излезете, ако не ти е ќе пробаш да стапиш у контакт, ќе се потсетиш на убаво време. Таква партнерка треба да се има, тоа е поентата според мене на партнерството, не да бираш некоја рандом за да не останеш сам само. Тоа е глупо.

As for me, иронично и јас како тебе имав семејни проблеми поради кои во тој период тотално на крај на памет не ми паѓаше да се замарам со ова. А скоро пред матурата раскинав и со едно девојче со кое планирав да одам и бед ми беше тој период и нејќев да прашувам друга. Немав некоја којзнае колку поблиска другарка, сите со кои си стоев добро веќе имаа партнери пошто јас не рачунав да прашувам друга кога веќе бев со друго девојче, али што да праиш, се погоди баш тој период да раскинеме. А од гореспоменатите причини нејќев да се замарам да прашувам некоја за која нит мене ми е гајле за неа, нит неа и е гајле за мене, па да идеме заедно само ради реда. Тоа е замарање реално, да идеш со некој со кој не се познаваш убаво и знаеш дека не си одговарате во ниеден поглед. Не можев да се правам дека сакам да имам таква партнерка, само пошто таква е традицијата или тоа е generic мислењето, стварно нејќев. Да имаше некоја од типот на тие што ги опишав веројатно ќе идев од проста причина што унапред ќе знаев дека ќе си поминев убаво, али немаше, тоа е тоа.

Такада освен ако немаш некоја што ти се свиѓа ептен (а да имаше немаше сеа да ти текне дека немаш партнерка туку веќе ќе имаше у план да идеш со неа или барем да си прашал порано), немаш некоја блиска другарка што е слободна, ич кур да не ти чуе. Иди си сам, не идеш на матура за да бидеш со партнерка, не идеш за слика, не идеш за друг да те гледа со кој си дошол, идеш за да си поминеш убаво за тебе, за со друштвото да си прославиш, за да имаш некаков closure на средношколскиот живот. Имањето партнерка у ништо од ова нема да ти помогне, веруј дека дали ќе имаш или ќе немаш нема ни 2% да ти смени ни во вечерта, а уште помалце во животот. Си се облекол, ќе се пицнеш, ќе се средиш, ќе изгледаш добро, ќе си идеш самоуверено, ќе се заебаваш, има да си поминеш добро. Таа вечер е стварно баш за опуштање, све што ти предизвикува стрес го одбацуваш од себе и не се замараш. Ако ги направиш овие работи, верувај дека стварно ќе ти биде посебна вечер. Знам дека мене ми беше, стварно тоа беше една од ретките работи што го оправда hype-от и јас имам само убави спомени од таа вечер, фантастичен провод, а немав партнерка.

А разбирам дека ти е бед што некоја не те прашала, само имај на ум да не го земаш здраво за готово тоа дека сите девојчиња ти ги прашале другарите, пошто реално сите повеќе сакаме да кажеме дека од нас било барано нешто, отколку да кажеме дека ние сме тие што барале партнерки, појебачки е така нели :D А да, и моите другари беа шупаци за матура, цела вечер трчаа околу партнерката, се одделија од нашето друштво што си бевме и седеа на маси кај што им седеа партнерките, мисири ебате. Затоа таа вечер си се дружев со другарите што беа полабави у тој поглед, што не се замараа, без разлика дали имаат партнерки или не, и што само ко мене гледаа да си пројдат добро, верувај дека тоа е најбитно :)
 
Леле проблемот :D Немај мака бе, секако начукан има да бидиш цела вечер нема ни да ти чуе за партнерка. Друже ја имав партнерка и 3000 денари у срце ме ударија кога ги дадов за поклон, најубавиот момент беше кога стигнав кај неа дома, си седнав на маса така тро позакриена од другите, од пусти срам се решив да се напијам малку повеќе, а ја будала, за 1 саат 7 пива од 0.5л испив и се напраив бааѓи. И иде еден од тие немите луѓе шо ти остават на маса нешто и ако сакаш да му купиш. Ми остави плишан пинк пантер, и ајде му го купив за 250 денари оти тогаш пари еден тон имаш :D Е јакото беше пред да влезиме у ресторанот, јас со пинк пантерот у преден џеб на сакото и влевам прв од цела генерација со партнерката, ама тоа беше момент еј, прејако нешто, сниман сум со пинк пантерот на матура ало :D За тоа ми вредеше партнерката, доживљај за сва времена, има да го памтам до крај на живот.
 
Е да, за подарок, треба само да ви мисли главата а не да лупате пари. Јас пример со мојата партнерка и ден денес имам контакт (не живее во мкд) и пред некое време кога беше во Скопје ми го сликаше подарокот што и го дадов тогаш да ми го прати. Подарокот уствари беше слика од нас двајца на екскурзија, во рамка се разбира.
Верувам дека и ден денес ја прави среќна сликата кога ќе си ја види во соба, наспроти пример парфем или што јас знам.
 
Пошто ја у клас имав 3-4 девојчиња, логично немав партнерка.
Фино лепо си отидов со другар ми од кај мене, од другиот клас, отруени од све и свашта, закаснивме, идеме пред тоа ресторанот глеаме нема никој сите влегле, трубачите се пакуваат, ги распакувавме почнаа за нас да трештат, излезе цел ресторан надвор. Шукурац. :D

Те боли кур за партнерка, убаво ти викаат, ќе заштедиш 50 евра за поклони, пичке материне. Па треба од дома да ја зимаш па таму кај неа како на свадба, абе мршукурац. :D
Мене цела кафана(кај што праеше она матура) ми аплаудираше кога дојдов да ја соберам :pos::pos::pos:
Кои филмови човече :ROFLMAO:
 
Кј мене вклас сме 1:18 машки-женски или наше кажано 2 машки со 32 женски. И двајцата иаме.партнерки од други класој. Побарај немојт сите партнер да имет. Ак ти е срам чора куца некоја најди помини од редо
 
Е да, за подарок, треба само да ви мисли главата а не да лупате пари. Јас пример со мојата партнерка и ден денес имам контакт (не живее во мкд) и пред некое време кога беше во Скопје ми го сликаше подарокот што и го дадов тогаш да ми го прати. Подарокот уствари беше слика од нас двајца на екскурзија, во рамка се разбира.
Верувам дека и ден денес ја прави среќна сликата кога ќе си ја види во соба, наспроти пример парфем или што јас знам.
Брат алки им купуваат, ланчиња пичке материне. :pos::facepalm:

Ти па класика поклон, РАМКА ЗА СЛИКА. :pos::pos::pos::pos::pos::pos:

:D
 
Иначе ич не се замарај бе каква партнерка. Јас имав и шо дека имав не беше ништо посебно. Ај тоа шо ќе фрлиш еден куп пари, ќе потрошиш многу време безврска. Те цвеќе па да биде у боја со фустанот нејзин, па за татко и винце, па за мајка и бомбониера, па имаше и сестра сфе у пичка да и ебам. Па после она на рука шо уше не научив како се вика и тоа да одговара па тешко се наоѓа па сфе у пичку матер. Кај нејзе дома бацуфки, цуфки, цмокчиња од роднини шо ни она не си ги знае па сликања па курци и на крај сфе у пичку матер.
Многу подобро си поминав 4-5 дена покасно кога посебно си правев матура у кафана со друштво, отколку вечерта. Конечно и јас да си искажам маката од матура, не за друго до сега не смеев да кажам. И на крај ако девојката што ми беше партнерка т.е. девојка тоа време ако чита и се пронаоѓа у текстов нек си ебе мајката. Море и јас да и ебам мајката. Не за друго мајка и професорка математика ми предаваше :(
Крајниот епилог? После 2 недели од матура раскинавме :kuracc:
 
и да имаш, тешко да ти даде таа вечер, така да не му се замарај. Плус гледам учиш Коце или Асуц, имате вие пред врата девојчиња за сликање, бар у мое време така беше.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom