Таман си со цениве, повеќе се исплати вака одколку да се замара човек.
Ќе те барам за летово.
Тие се цените во просек , со плус/минус 10 евра зависи од шоферот колку извадил месецот па да спушти ако имал лош месец и сака да фати некој денар.

Порано беше многу поефтино , имаше многу деца кои се полажаа и беа неискусни и ја пресметуваа само нафтата и си оставаа по 600-700 денари заработувачка , али раскантаа и коли и повеќе останаа заглавени во трошкови отколку што заработија некој денар. Сега добри пари се прават за македонски услови , имаш најмалце 20 работни денови во месецот и да вадиш по просек 1500 денари чисти тоа ти се 30 илјади. Стави 5-6 илјади денари за одржување , сепак не е само нафтата треба да додадаш улје , да одржуваш амортизација да смениш некое филтерче , и на крајот пак ти остануваат солидни 24-25 илјади. Единствена негативна работа овде е само што работиш на црно , нема течење на стаж , али за повремена работа е супер отколку да црнчиш на некој за 200 евра цел месец.
Овде се плус слободните 10тина дена што ако сакаш да заработиш повеќе можеш да келнерисуваш вечерно време во некој кафич , или како еден мој другар да купиш машина за лед и да го држиш цел град ресторанти и кафичи и да се пукнеш од пари правење , само сметката за вода малце го дупи али му се исплаќало.
Има еден куп работи кај што можеш да заработиш , нормално нема да станеш милионер али за снаодлив човек јас секојпат сум викал дека нема зима. Познавам дечки 4ца другари кои беа на печалба во Швајцарија 2 години не си беа дојдени. Работеле свашта , градежни работници , миеле чинии , разнесувале пици , чувари , што им дошло под рака тоа. За 2 години вкупно заработиле околу 30 илади евра , и кога си дојдоа дома купија 2 половни трактори и плус цела потребна машинерија за одгледување тутун. Среќа сите се од планинско село и имаат оставено многу ниви од дедовците кои имаат ептен погодна почва за одгледување тутун , и секоја година садат од 80 до 100 декари со тутун. Значи се раскостуват од работа , али затоа пак 2ца од нив веќе се во завршна фаза на градбата на 3 спратните куќи , и плус во дворот имаат паркирано коли нови од по 15-16 илјади евра. Малку се тие 27-28 годишни луѓе за кои може да се каже тоа во нашата Македонија.
