Нека ни е честит празникот

  • Креатор на темата Креатор на темата Epics™
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.

Epics™

Академски граѓанин
Член од
29 септември 2011
Мислења
1.590
Поени од реакции
3.891
Локација
Skopje
Денеска го славиме 11 Oктомври. На денешен ден пред седум децении борците од Првиот прилепски партизански одред го нападнаа Бугарскиот полициски участок и телефонско телеграфската мрежа.

macedonia.jpg


Со нападот на борците од Првиот прилепски партизански одред врз бугарскиот полициски участок и врз телефонско-телеграфската мрежа во Прилеп на 11 октомври 1941 година беше означен почетокот на организираното востание на македонскиот народ против бугарскиот, италијанскиот и германскиот окупатор за конечно ослободување на земјата.

Следниот ден, на 12 октомври, се огласија и партизаните од Кумановскиот одред. 11 Октомври е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна.
Со одлуката да пристапи кон антифашистичката коалиција Македонија застана на страната на прогресивното човештво, а против фашизмот како најтемна идеологија од современата историја и најсилна негација на општоцивилизациските и демократски вредности.

Македонскиот народ самостојно се избори за својата слобода. Од првите партизански одреди кои ја почнаа борбата, Народноослободителната војска на Македонија на крајот од четиригодишната војна прерасна во доброорганизирана 110-илјадна армија со воени формации од највиок ранг како корпуси и дивизии.


За многу години празникот !
 
МАКЕДОНИЈА ЗЕМЈА НА КОНТРАСТИ И КОНТРАДИКТОРНОСТИ!​

Една јака реклама за дрога шо се вртеше порано иде у позадина на мојов пост и имаш:​

Помеѓу ова:​
или ова:​
Ова:​
igor.jpg
или ова:​
zare-berber-03.jpg
Ова:​
44.jpg
Или ова:​
slatkar-3.jpg

Помеѓу ова:​
66.jpg
Или ова:​
77.jpg
Помеѓу овие:​
111.jpg
114.jpg
112.jpg
113.jpg
119.jpg
или цела багра македонски изветреани политичари!​
Па ги имаш Рацин, Петре М. Андреевски, Гане Тодоровски, Блаже Коневски од една страна​
наспроти латас, миленко и остали гинители за македонската кауза од друга страна:facepalm:
Па следат Гоце, Карпош,Ченто​
наспроти шпиуни се меџу нама, издаици, комунизмот...​
Сакаш уште?​
Тоше, Симон Трпчевски, Тавитјан, Борис Трајанов или геј геј, сврчак, елвир, денис екс...?​
Елфаско или свет?​
Пандев или шумуликовски?​
Хикси, Ареа, Анастасија, Архангел, Бернајс​
или​
анета наковска, суана ѓавазова, пане панев, гулабица....​
Опстанок,Бушава Азбука, Дајте музика, Македонски народни приказни, Трст виа Скопје,Големи и мали, Тетовирање,Прашина, Пред Дождот, Истрел, Како убив светец,Збогум на 20 век, Црно семе,​
или​
туркиш серии, бело глувче, вашите 5 мин,квази д лејт најт шоуа, маја синадиновска, боки 13, фифи...​
(малите букви се намерни)!​
Ама ако, све е тоа Македонија! Нека ни е среќен празникот!​
П.с Таратор, шопска,биено сирење, мусака, сарма,пита, ајвар, тавче гравче,полнети пиперки, штипска пастрамајлија и лозова, сливова, кајсиева ракија наспроти.... Уствари заеби, кујната ни е најубава:)
 
СМРТ НА ФАШИЗМОТ, СЛОБОДА НА НАРОДОТ!
За многу години да е празникот и запомнете ја добро паролата ќе ни се најде.
И да ти се најде, кај и да сте тргнале.

Нека е честит празникот кога заедно сме почнале нешто како што треба.
 
СМРТ НА ФАШИЗМОТ, СЛОБОДА НА НАРОДОТ!
За многу години да е празникот и запомнете ја добро паролата ќе ни се најде.
Паролата е еvergreen....среќен празник на сите борци, синови и внуци на борци и на сите што ги уживаат благодетите на нивната борба, макар и сакале да ги заборават, негираат и понижат....
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom