Нека ни е честит празникот

  • Креатор на темата Креатор на темата Epics™
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Да го видите замислениот напад вчера :P

И еве некој текст кој го собрав на едно место околу настанот кој се случил.

Денес РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА обележува 71 година од почетокот на антифашистичкото востание и народноослободителната борба. Борците од Првиот прилепски партизански одред ,,Гоце Делчев извршија напад на бугарскиот полициски участок и телефонско-телеграфската мрежа во Прилеп со што започна организираното востание на македонскиот народ против италијанскиот, германскиот и бугарскиот окупатор за ослободувањето на земјата со длабока историја.Партизаните беа распоредени во три групи. Првата група го изврши нападот на участокот, втората нападот на затворот , а третата група имаше за задача да ги прекине телефонските врски и електричната инсталација. Во овој напад учествуваа 16 партизани меѓу кои се наоѓаа : Трајко Бошкоски-Тарцан, Борка Талески, Благоја Корубин, Мице Козароски, Душан Наумоски, Милан Димоски, Драган Спиркоски-Максо,Благоја Спиркоски, Аспарух Јосифоски, Никола Попоски, Јонче Јаничот, Перо Крстески, Душан Ристески-Кашата. Од редот на партизаните немаше загинати, но од страната на фашистите беше убиен стражарот во участокот од страна на Душан Наумоски. Наредниот ден на 12ти октомври, својата поддршка ја дадоа и партизаните од Куманово. Македонија ја донесе одлуката да пристапи кон страната на прогресивното човештво ослободено од било какви влијанија и ограничувања поставени од фашизмот како идеологија која зацрни многу животи во современата историја, идеологија која ги газеше и негираше сите општоцивилизациски и демократски вредности. Македонскиот народ препознатлив по својата храброст и сила за истрајност до самиот крај се избори самостојно за слободата во која денес живееме. Првите партизанските одреди кои ја почнаа борбата, се претворија во народноослободителна армија на Македонија која за период од 4 години броеше приближно 110 000 борци, со највисок ранг како корпуси и дивизии. Овој ден го означи продолжувањето на една стара традиција, борбата за слобода која можеме да ја забележиме низ многу наврати во минатото, како на пример Карпошовото , Разловечкото, Кресненското , Илинденското востание. За време на борбата окупаторите вршеа пустош врз цивилното население.Без трошка жал се обидуваа да го задржат нештото кое бегаше од нивните раце. Додека траеше окупацијата од нашата земја беа интернирани околу 58.000 жители. Македонија претрпе и огромна економска штета која беше само обичен дел од цената која требаше да се плати за ваквата неизмерлива слобода. Како резултат на оваа борба, врвот кој се нивелираше со крајната желба на нашиот народ, АСНОМ на своето прво заседание во 1944 година го зачна животот на повеќевековните идеали за основање на македонска држава.
Прилеп, градот од каде започна оваа идеја, традиционално секоја година го обележува овој ден. Секоја вечер наспроти 11ти октомври се изведува импровизиран напад во градот како потсетување на предвечерјето во далечната 1941 година.Меморијалниот музеј ,,11 октомври” е отворен за сите посетители. Се вложуваат околу 3 милиони евра од страна на Министерството за култура со цел Прилеп да добие музеј каков што доликува за градот кој го дава најголемиот придонес во искоренувањето на фашизмот. Во музејот се изложени бројни документи, скици, карти, оружје и воена опрема , а посебен простор е оставен за учесниците кои го започнаа ова востание. На долниот кат се наоѓа просторијата која е огледало и слика за истражната постапка што се одвивала во тогашниот затвор.
Нека е вековит овој празник. Честит 11ти октомври МАКЕДОНЦИ!
.. 11 октомври е ден од македонската историја, кој не само што е симбол на македонската борба за слобода, туку е и ден кога е поставен еден од темелите на македонската државност. На овој ден им оддаваме почит на сите учесници во вооруженото антифашистичко и народноослободително востание. Наша должност останува да го чуваме она за што тие го дадоа својот живот. Нашата историја не мотивира да чекориме напред, да веруваме во себе...
... Во најубавата приказна за слободна Македонија се вградени судбините на огромен број млади луѓе. Затоа, ова наше востание мора да стои на пиедесталот на макеоднскиот народ во креирањето на вистинската приказна за македонската република..
 
Тогаш сме се бореле против пушки, репресија, сега се бориме против татарската пропаганда, убаво некој напиша погоре, борбата сеуште трае. Честит празник, да живее Македонија.
ја заборави гејската,и внатрешната шошонска пропаганда
АЈде чесетит празник од мене
 
Само ме интересира , кога пукнала првата пушка , дали метакот го испукале во воздух , во стилот "напаѓаме" , или завршил во челото на некој турчин .
11 Октомври 1941, Прилеп.
"Група од 16 момчиња, вооружени со неколку бомби, две пушки и еден револвер поделена во три групи: првата требало ја нападне бугарската полициска станица, втората - затворот, а третата имал задача да ги прекине телефонските врски и електричната инсталација.

Единствениот револвер го имал Душан Нaумоски. Утрото пред нападот Душко направил обиколка на местото, за уште еднаш да се запознае со околината околу Участокот. Се стаписал кога стражарот Петар Колев го препознал. Петар бил сиромав смилевчанец. Татко му му нашол работа во полицијата за да можат да се прехранат. Петар му го научил името на Душко само затоа што Душко имал убаво кожно палто, купено од Белград, каде што студирал. И Петар кога ќе заштедел сакал да си купи такво палто.
Утрото Петар му кажал на Душан за оваа намера.
Вечерта несреќниот Петар повторно бил на смена, по барање на колега полицаец, кој вечерта имал состанк со љубовницата. Акцијата требало да започне во 22 часот со убиството на стражарот. Петар бидејќи се познавал со Душко, не му вперил пушка и не го сопрел. Душко се приближил и испукал два куршума во градите на Петар.
Така започна Народноослободителната борба за слободна и независна Република Македонија."
 
Слава им на сите паднати борци за слободата на оваа земја и подеднакво ги ценам и паднатите борци од НОБ како и револуционерите од Илинденскиот период ........... и воопшто не ми се допаѓа тоа што денешниве политички елити се китат со перјата од овие паднати борци од НОБ како и од Илинденскиот период !
Во празнувањата на овие празници не треба да се меша политиката и Илинден исто како и 11ти Октомври се Македонски национални празници на сите Македонци !
Слава им на паднатите борци !
 
Кренали против окупаторот, за да биде Македонија слободна и потоа влегла во Југославија. Навистина не разбирам.:tapp:
 
Кренали против окупаторот, за да биде Македонија слободна и потоа влегла во Југославија. Навистина не разбирам.:tapp:

Толку ти сече амебата у главата, затоа не разбираш
 
Кренали против окупаторот, за да биде Македонија слободна и потоа влегла во Југославија. Навистина не разбирам.:tapp:

Чекај сега малце, мешаш баби и жаби !
Значи Македонците се бореле за слобода и независност на Македонија, меѓутоа друже независност не се добива туку така лесно како што ти мислиш ........... тоа се етапи кои мора да се поминат ............. сме биле под Турско 5 века, потоа не разделиле на 4 делови од кои овој втор по големина Вардарски дел бил под рамките на Српското кралство(т.е.СХС) или уште познат како Вардарска бановина, значи во тој период сме немале никаква државност, а потоа после втората светска војна сепак сме имале некаква државност и сме биле признати како посебен народ со посебен јазик, значи не сме биле независна држава, но сепак сме имале некаква државност, за разлика од претходно ............... тоа се етапи, од ’45 до ’91 сме биле федерална единка, нешто како сојузна/федеративна држава, значи сепак со некаква државност, а од ’91 навака сме целосно независна држава, незнам што не ти е толку јасно ............. е сега тоа што немаме народ и што немаме политичари(ниту еден асален) тоа е веќе сосема друга дискусија !
 
За многу векови нека е празникот!Слава им на паднатите борци и од НОВ и од борбите под турско ропство и тие и тие заслужуваат почит!

Не те сфаќам...како тоа немаме народ?ДА не си бугарин случајно?
 
За многу векови нека е празникот!Слава им на паднатите борци и од НОВ и од борбите под турско ропство и тие и тие заслужуваат почит!

Не те сфаќам...како тоа немаме народ?ДА не си бугарин случајно?

Бугарин .............. бљак ............. од кај ти текна тоа чудо !
Немаме народ, Македонци сме, Македонец сум, ама пак ќе кажам немаме народ друже ............... а имаме држава ....... порано сме немале држава ама сме имале народ, а денеска е обратно, имаме држава, ама народ немаме, навистина интересна работа ............ мислев на вистински луѓе, немаме вистински луѓе, имаме само гмижавци, змии, полжави, бубашваби, газолижци и сл. !
 
:( :place:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom