11 Октомври 1941 партизаните го бранеа македонскиот народ од терористичките злодела на балистите.
11 Октомври 2013 фиромците ги амнестираа злоделата на балистите и им ја предадоа државата на тацна и тоа за безпари.
11 Октомври 1941 партизаните започнаа борба против фашистичкиот окупатор со крајна цела да ги одбранат правата на македонскиот народ за самоидентификација, за свое име, идентитет и јазик кои ќе ги развиваат во своја сопствена држава која се вика Македонија.
11 Октомври 2013 Фиромците продолжуваат да преговараат со фашистичкиот окупатор за своето име јазик и идентитет џоамити мислиш станува збор за пиперки на кванташки, на тој начин разнебитувајќи ги во корен македонските национални интереси и од темел рушејќи ја македонската држава