Нека ни е честит и вечен 11 октомври, Денот на македонското востание

Незаслужуваме ние овие недоносени генерации да ги уживаме привилегиите на слободна Македонија, секој ден се повеќе и повеќе ја уништуваме и отуѓуваме.

Нека им е вечна слава на загинатите... да можат да видат што се дешава дали ќе пукаа некогаш врз фашистите.
 
Честит празник македонци.
Дај боже уште еднаш да бидеме сложни како што биле некогаш нашите дедовци и баби.

Не дај боже да бидеме сложни како нив, не се знаело кој е кој, кој со кого, кој што сака.
 
Слава им на борците од НОБ и на погинатите борци како и на сеуште живите веќе 90 годишни борци од таа војна ...
Покрај ослободување од непријателот со оваа борба беа и удрени темелите на модерната Македонска држава, оваа држава во која сега живееме темелите и се удрени тогаш а не во 1991 год. кога имаше само референдум за напуштање на тогаш веќе полураспаднатата СФРЈ ...
За прв пат во Историјата афирмација на Македонскиот народ како посебен народ, афирмација на Македонскиот јазик како посебен јазик, Македонска азбука, Македонски државни институции, индустријализација, изградба на инфраструктура и.т.н.
Македонија е дел од Европа, Македонија не заслужила да биде изолирана држава, местото на Македонија е во Евро-Атлантските семејства, Македонија што поскоро мора да се врати на овој пат, патот на развојот(економски и демократски) и интеграцијата !
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom