Небото е твое до кај што можеш да стигнеш !

  • Креатор на темата Креатор на темата ^HITMAN^
  • Време на започнување Време на започнување
H

^HITMAN^

Гостин
Значи секога држава поседува онолку од небото до каде што е технолошки развиена да достигне со пилотно или беспилотно летало во рамки вертикално еднакви на нејзината граница.

Како прво дали е ова точно затоа што имам читано, не паметам точно како е ???
Како второ ме интересира дали Македонија има било каква "вселенска" програма :) значи барем да врши тестови со тоа до каде една зоља може да дотера :) ? ? ?
 
Точно, и под земја до центарот на земјата со тоа што се собираат пропорционално границите, а во небо се шират.

Освен симнување ѕвезди на Гујо И Б.Ц. од нивните астронаути, нема.:vozbud:
 
Море не е лоша идеа да му се протне на Гwујо да поддржи некој проект ко што беше X-prize од што се испили и суборбиталното летало на Бронсон и неговата компанија за вселенски туризам....во Македонија се правеа добри ракетни горива...значи има основа...:)
 
Буџетот на Маледонија е 2 милијарди, буџетот ма Бронсон е дваесетина милијарди.

За жал, постојат некои кои се противат на опсерваторија, а па камоли такво нешто...
 
Значи секога држава поседува онолку од небото до каде што е технолошки развиена да достигне со пилотно или беспилотно летало во рамки вертикално еднакви на нејзината граница.

Како прво дали е ова точно затоа што имам читано, не паметам точно како е ???
Како второ ме интересира дали Македонија има било каква "вселенска" програма :) значи барем да врши тестови со тоа до каде една зоља може да дотера :) ? ? ?

Според 3D моделот на една земја, можат да се определат водени и копнени граници, но сеуште нема посебно определување на воздушните граници, иако се очекува такво нешто во скоро време.

За вселенска програма, нема, но знам дека има програма за изработка на ракети кои влијаат врз промените во атмосферата.
 
Мислиш на градобијните ракети ??? Да појаснам, тоа се термички ракети кои се испукуваат во воздух за да испуштат доволно топлина за да го стопат градот кој може да нанесе штета на земјоделските култури.
Ако има таква програма не е лошо, подобро таква отколку никаква :) Но се сомневам. А знаеш ли каква е таа програма, каде се истражува, кој ја раководи... ???
 
Точно, и под земја до центарот на земјата со тоа што се собираат пропорционално границите, а во небо се шират.

Освен симнување ѕвезди на Гујо И Б.Ц. од нивните астронаути, нема.:vozbud:
Малку оф-топик ама.. .пропорционално собирање накај дното? Малку гњаваторски ќе звучам но со задржана форма или собирање како фокусирање т.е само една точка на јадрото за после нели нагоре да шири :)
 
Мислиш на градобијните ракети ??? Да појаснам, тоа се термички ракети кои се испукуваат во воздух за да испуштат доволно топлина за да го стопат градот кој може да нанесе штета на земјоделските култури.
Ако има таква програма не е лошо, подобро таква отколку никаква :) Но се сомневам. А знаеш ли каква е таа програма, каде се истражува, кој ја раководи... ???

Незнам ништо конкретно, имам само слушнато затоа што родителите на една другарка ја раководеа, ама знам дека немаше константно истражување, туку еднаш на неколку месеци имаа работа по 2-3 дена, и толку беше се. Знам дека земаа голема плата од тоа.

Можам да се распрашам, затоа што и мене ме заинтересира.
 
Малку оф-топик ама.. .пропорционално собирање накај дното? Малку гњаваторски ќе звучам но со задржана форма или собирање како фокусирање т.е само една точка на јадрото за после нели нагоре да шири :)
Верувал или не, според меѓународни права, секоја земја има право на користење на воздушниот простор над неа до бесконечност (иако звучи ептен глупо) и дека надолу под земја поседува се што е правопропорционално со нејзините граници.
 
Мислиш на градобијните ракети ??? Да појаснам, тоа се термички ракети кои се испукуваат во воздух за да испуштат доволно топлина за да го стопат градот кој може да нанесе штета на земјоделските култури.
Ако има таква програма не е лошо, подобро таква отколку никаква :) Но се сомневам. А знаеш ли каква е таа програма, каде се истражува, кој ја раководи... ???

Колку знам , не се работи за термичка енергија :) за да се влијае на еден просечен кулумунимбус кој може да направи град е крупна работа , таквиот облак има енергија на ниво на тактичка атомска бомба...
.. се работи за друг физичко-хемиски процес..: со противградната ракета , најблиску што може на нивото каде се кондезираат водените капки се внесуваат огромен број нови јадра на кондензација..т.е.честици на сребрен јодит..така се постигнува наместо конечен број(многу голем-но конечен) крупни капки , кои потоа во циркулацијата нараснуваат до крупни парчиња мраз и кои иако се топат додека паѓаат на тлото сепак стигнуваат доволно големи за да направат штета.........да се створат мноогу повеќе ситни капки , кои не стигнуваат да станат доволно големи мраз-парчиња..и до земјата стигнуваат како крупни капки дожд..... тоа ти е механизмот од прва рука :) А реагенсот е термичка смеса на сребро јодит, врзиво, успорувач и оксидатор... кој се запалува на зададена висина со програмиран тајмер...висината ја одредува радар...:)
................вицот е да направиш ракета која точно и прецизно (30-50 м)ќе го однесе реагенсот на висина од 7-8 км. при невидена турболенција која постои во облакот...:)
Програмата иако успешна во смисол на ракета е одамна мртва ...некаде уште 1989-90...подоцна само некои "аматери" зезале народ и краделе парички....:)
 
Верувал или не, според меѓународни права, секоја земја има право на користење на воздушниот простор над неа до бесконечност (иако звучи ептен глупо) и дека надолу под земја поседува се што е правопропорционално со нејзините граници.
Да ама тоа значи дека како што одиш надолу границите се собираат за на крај да добиеш само една точка во самиот центар, а тоа - бесконечно за висина најверојатно се однесува само во висина, правопропорционално со границите на земјата.
 
Имаше расправии(И има) сеуште околу ова,иницијатор на предлогот е САД,значи ако истиот важи над 10 км ние нема да имаме.

Енивеј предлогот на САД е отфрлен бидејќи истиот е во спротивност со меѓународното право-имено ако некој шиба до вселената по дифолт тој дел станува негова СОПСТВЕНОСТ а тоа е недозволиво па и е АПСУРД по меѓународните правила.

Вселената не е на никој и не може да биде предмет на сопственост.

Така да....имаме ние доволно воздушен Простор:toe:

Инаку море добра е Зољата....се докажа,а и стршленот сега е во домашно производство во Еурокомпозит(Гејците обвинуваат демек сме шибале оружје и муниција Максимум:pos2:)...туку да гледаат да фанат пазар како Ирак,Кувајт...знаете оние традиционалните екс ју партнери....ама џабе е само сон е тоа....за жал.

Еве и Сувенир ја шитнаа така...на Грк:toe:
 
Mislam deka nagore e tvoe do tamu do kade mozes da go kontroliras, a toa realno i za najmoknite zemji e 25-30 km. drugoto e SLOBODNO MORE...
zar ke se pisuvaat protestni noti na sekoj prelet vo niska orbita???? ili ke se naplatuva prelet??????....:)
 
По правило, се зема дека воздушната територија се протега во вид на столб кон небото, и дека тоа припаѓа на државата, но поприфатено е дека суверенитетот на државата се протега до таму каде што одат технолошките средства на таа држава. А вселената е рес комунис омниум, односно ствар од општ интерес, и експлоатацијата за научно-истражувачки цели е дозволена, а има конвенции кои го забрануваат употребувањето на вселената за воени цели (колку тоа се почитува, е друго дваесе).
 
Mislam deka nagore e tvoe do tamu do kade mozes da go kontroliras, a toa realno i za najmoknite zemji e 25-30 km. drugoto e SLOBODNO MORE...
zar ke se pisuvaat protestni noti na sekoj prelet vo niska orbita???? ili ke se naplatuva prelet??????....:)
Еј имаме администрација....ќе се пишат како ракетен бараж!!

А Воздухопатарина нема бе ахаха..
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom