Сте го кажале ли некогаш ова?
Никогаш.
И дали има врска тоа со годините?
Дали помладите почесто се затрескуваат,мислејќи е љубов,па кога ќе се разочараат,викаат љубов не постои или годините немаат врска со тоа?
Имаат.
Едно е некого да сакаш, а сосема друго да сакаш да сакаш. Најчесто е под 2, ако е во прашање личност со малку години.
Не велам јас дека тинејџер не може да искуси љубов. А се` додека се поистоветува со мување, "те сакам" на две минути, титкање на една минута, карање за банални работи (глупост), раскинување за банални работи (уште поголема глупост), следниот ден смирување (нонплусултра глупост)... Никој нема да ме убеди дека е тоа љубов.
И мене ми се случило да мислам дека сум смртно заљубена и нема да погледнам друг до крајот на животот.
Ама да љубиш не значи да тргнеш од себе, или од тоа како ти да бидеш сакан, или да се "заљубиш" во зелените му очи, или... Ништо не правиш така.
Тој што го сакам ми е другар, пред се`.
Љубовта бара храброст, тешко дека 15 - годишњак ја има.
Се учи, а за учење треба време. Време = години и години = зрелост (би требало). Да, знам дека има луѓе кои на 50 се се`уште зелени во главите, евентуално и цел живот. Ама има и такви кои не ја почувствувале, пак, целиот живот.
Друго, има разлика помеѓу заљубување и љубов. Второво е многу, МНОГУ покомплексна работа од пеперутки во стомакот.