Не верувам во љубов?

Ne nikogas ne mi se slucilo da go kazam toa zatoa sto mnogu veruvam vo ljubov.I veruvam deka i jas eden den ke si go pronajdam vistinskiot.
 
обично ако сум разочарана од некого можам ова да го кажам во смисол дека не постои вистинска љубов т.е. возвратена па ова па она.....но тоа се само моменти на нервоза...инаку во нормални околности не можам да кажам дека не сум верувала и дека не верувам во љубовта затоа што ако не веруваме таа нема ни да ни се случи.......моментално сум среќно заљубена што ми е уште една причина повеќе да верувам дека постои љубовта.....:wink: и мислам дека секогаш ќе верувам
 
veruvam da ...ama obostrana ljubov????hmmmmm...NO WAY

bar sea za sea imam takvo mislenje izgradeno
 
нее...не сум кажал...и немаат врска годините...
 
до скоро верував сега неке НЕ
 
Сте го кажале ли некогаш ова?
Не верувам во љубов...
Зашто и која била причината за тоа?
Дали ве повредиле,сте се разочарале од некого или едноставно не сте нашле никој, па сте помислиле дека нема љубов?
Дали се уште стоите на зборот дека не постои љубов т.е дека не верувате или го сменивте мислењето?

А ако не сте го искусиле,што мислите зашто се случува оваа појава? Дали навистина не веруваат во љубов или едноставно тоа лутината и разочараноста зборат?
Што е тоа што ги тера луѓето да ја губат вербата во љубов?

И дали има врска тоа со годините?
Дали помладите почесто се затрескуваат,мислејќи е љубов,па кога ќе се разочараат,викаат љубов не постои или годините немаат врска со тоа?
не,никогаш немам речено така-НЕ ПОСТОИ ЉУБОВ,но имам речено-ЉУБОВТА Е БОЛНА,но тоа било момент на разочарување,и кој го вика тоа дека не постои се лаже,само не ја запознале вистинската,права љубов за цел живот,која те тера да викаш-ЉУБОВТА Е ПРЕКРАСНА!
 
Не верував до скоро, но се се смени откако ја запознав љубовта на мојот живот...И сега верувам и тоа како!
 
Околу мене се случуваат мошне чудни работи, па се посомневав пред некое време дали навистина постои љубов? Не сум безнадежен романтичар и не сум секогаш на страната на љубовта, но многу примери годинава едноставно ме запрепастија, како може лесно да се избега од емоции, да се прекине нешто добро и убаво...Лично,мојот интензитет на љубов варира, но знам дека постои, но кога гледам дека долги врски се раскинуваат поради никакви јасни причини, се губам во она што било репрезент за вистинска љубов и она што никогаш не знаеш како ќе биде и колку ќе трае. Возраста е битна, секако дека различно селектираме, се резервираме по пат на искуство...Не е исто да љубиш на 16 и на 26, нели...Но зависи и од карактерот, парот, вложувањето...
Дефинитивно е тука, само ме заобиколува со страста некако:))
 
Искрено веќе незнам дали да верувам во љубов или не. Шо к*рац ако јас сум се заљубил и живот давам за неа, кога таа ми се прави фуфка и ми вика дека не ме сака дека сака некој друг. А уствари коо ќе се напии малку признава се.
Не можам да си објаснам како можат да постојат момички кои не се ни осетиле вистинска љубов да викат „ Сите машки се исти “ или „ Машките само секс сакат и за ништо друго не ги боле “
Сеуште не сум ја изгубил надежта дека љубовта постои, можеби еден ден ќе ми признае таа дека јас сум и се, дека не може без мене. Ама јбг кога е инаетлива, па јас ќе пробам да ја замразам и да си се заљубам во друга. :)
 
Сте го кажале ли некогаш ова?
Не верувам во љубов...
Зашто и која била причината за тоа?
Дали ве повредиле,сте се разочарале од некого или едноставно не сте нашле никој, па сте помислиле дека нема љубов?
Дали се уште стоите на зборот дека не постои љубов т.е дека не верувате или го сменивте мислењето?

А ако не сте го искусиле,што мислите зашто се случува оваа појава? Дали навистина не веруваат во љубов или едноставно тоа лутината и разочараноста зборат?
Што е тоа што ги тера луѓето да ја губат вербата во љубов?

И дали има врска тоа со годините?
Дали помладите почесто се затрескуваат,мислејќи е љубов,па кога ќе се разочараат,викаат љубов не постои или годините немаат врска со тоа?

Постои само состојба на умот, потреба од некого која би ја дефинирале со зборот љубов...
Работата е што љубовта ја доживуваме на различен начин во зависност од годините.
Како растиш така љубовта различно ја доживуваш, ја покажуваш и различно бараш да ти се возврати...Колку созреваш толку љубовта опфаќа поширок дијапазон и е многу потешко да ја доживееш и најдеш:)
 
Беше 1ви септември 2003 кога влегов во средно како бунтовник кој не верува во љубов :nenene:
Сега! Секое мало „затрескување“ ме води се поблиску и поблиску до онаа вистинската љубов која сеуште не сум ја искусила и која сите сме толку нестрпливи да ја искусиме...
Верувам. А зошто некои не веруваат, тоа е затоа што се плашат од толку очекуваното чувство и кога конечно ќе го доживеат тогаш не знаат како да се однесуваат. Се согласувам со Ема, сите сакаме да сакаме а тоа е многу различно од она вистинското сакање и може да не го препознаеме кога конечно ќе се случи...:smir:
 
Сите патиме од тоа да мораме да си ги објасниме во границите на разумното однесување работите кои ни се случуваат, и реагираме на одреден начин на одредени дразби. Дали воопшто е прашање на верба љубовта? Некои ствари и да ги анализираме до бесвест нема да бидат логични, ама такви се и сега? Ќе не повредуваат, и ќе повредуваме,намерно или не, понекогаш и луѓе кои ни значат. Да се откажеме од емоциите е како да се договориме дека од утре нема да дишеме една недела. И во најмрачните моменти една насмевка може да го осветли патот.
 
Некаде има некој и за мене...........
ама каде?
 
за инает на точкест
кога бев мала ,глупа,наивна,лесноповредлива,неискусна,верував на сите....мислев дека љубовта не постои,како што рече некој над мене,барем не обострана.знаев дека јас сум способна да сакам,но ни е тие околу мене.
за инает на точкест
пораснав односно малце созреав,почнав да гледам потрезно на работите и сватив дека се додека ја негираш љубовта нема ни да ја доживееш.ако не сакаш љубов нема ни да добиеш.
сега верувам во љубов.
ако не се разочараш нема да сватиш какова е всушност таа,како треба да ја одржуваш,да се грижиш таа само да расте и опстојува.
нема да знаеш да ја доживееш правилно.
 
еднаш бев заљубен ама не заврши ич убаво
сега ќе се заљубам само во таа која вистински ќе вреди
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom